Контакт

Забава

Швајцарски пилот го обиколи светот со авион за 58 часа

Објавено пред

Швајцарскиот пилот Рикардо Мортара и неговиот тим го подобрија светскиот рекорд, правејќи обиколка на земјата со авион за помалку од 58 часа.

Швајцарскиот пилот Рикардо Мортара и неговиот тим го подобрија светскиот рекорд, правејќи обиколка на земјата со авион за помалку од 58 часа.Пилотот полетал со авион од бизнис класа Rockwell Sabreliner 65 од аеродромот во Женева минатиот петок. Мортара заедно со својот 28-годишен син Габриел летале со максимална брзина од 647 километри на час. За 57 часа и 57 минути го поминале растојанието од 36.900 километри, минувајќи низ воздушното пространство на 33 земји.Од времето на полетувањето Мортара спиел само час и половина, без да станува од пилотското место. Претходниот рекорд беше поставен од Американецот Стив Фосет, кој во 2005. година го поминал истото растојание за 67 часа. /крај/бг/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Мајкл Џексон и Фреди Меркјури снимиле балада која не била објавена 30 години

Објавено пред

Mr. Bad Guy беше објавенa во 1985 година, но верзијата на песната вклучена во албумот на „Квин“ не е верзијата што Фреди ја снимил со Џексон, пишува „Дејли експрес“.

Џексон и Фреди ја снимиле песната како дует, како и две други песни – State of Shock и Victory.

По смртта на Џексон во јуни 2009 година, Брајан Меј и останатите членови на „Квин“ работеа со наследниците на Џексон за да ги објават овие песни, пренесува британскиот весник

Првичниот план на бендот беше да го издадат дуетот на Џексон-Фреди во 2012 година на компилацискиот албум Queen Forever.

Меѓутоа, Меј имал големи проблеми кога соработувал со компанијата на Џексон, и едвај успеал да ја објави песната две години подоцна, во 2014 година – 33 години откако првично била снимена.

Прикажи повеќе...

Забава

Хали Бери ѝ даде инструкции на Мекој по коментарот дека не е добра во кревет

Објавено пред

Хали Бери е актерка од врвна класа.

Неодамна се појавија гласини дека ѕвездата на хитот „Шифра сабјарка“ е „лоша во кревет“ по несоодветниот коментар на една од водителките на подкастот Cocktails with Queens.

Откако се појавија блогови кои го пренесоа разговорот на водителките на подкастот – Лиза Реј Мекој, Клаудија Џордан, Вивица Фокс и Силена Џонсон  – оскаровката Бери дозна дека била спомната во лоша конотација и затоа во средата се огласи на социјалните мрежи за конечно да ја затвори темата.

Во твит во кој директно ѝ се обраќа на Мекој, Хали напиша: „Г-ѓа @ TheRealLRaye1, прашај го мојот човек Ван Хант, тој ќе ти каже сè што треба да знаеш“.

Сексуалната спосбност на Бери беше доведена во прашање кога домаќинките на подкастот зборуваа за сексуалниот живот на Тони Бракстон, и потоа едната од нив ја спомна Бери.

На прашањето дали сака да каже дека Бери „е лоша во кревет “ Мекој продолжи: „Така велат. Тоа е она што го прочитав, и така слушнав“.

Прикажи повеќе...

Забава

Метју Пери реши да се жени

Објавено пред

Метју Пери објави дека е подготвен да го врзе јазолот со својата девојка Моли Харвиц, откако неодамна се спушти на едно колено за да ја запроси.

Во интерју за списанието „Пипл“, sвездата на „Пријатели“ рече: „Одлучив да се верам. За среќа, во тоа време случајно бев во врска со моментално најдобрата жена на планетава“.

51-годишниот Метју е во врска со 29-годишната Моли од 2018 година, и иако воглавно својата романса ја чуваат надвор од центарот на вниманието, Моли оваа година се појави на Инстаграм на Денот на вљубените за да се пофали со со нејзиниот сакан.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Осквернавен споменикот на загинатите бугарски туристи во Охрид, МНР со осуда

Осквернавен е споменикот на брегот на Охридското езеро, кој беше подигнат во спомен на бугарските туристи кои ги загубија своите...

Македонија11 час

Регистрирани 1.093 новозаразени, починаа 28 лица

Денеска се регистрирани 1.093 нови случаи на Ковид 19. Оздравеле 819 пациенти, а починаа 28 лица. Министерството за здравство информира дека...

Свет11 час

СЗО: До 70 отсто од светската популација треба да биде вакцинирана за да се запре коронавирусот

Околу 60-70 проценти од светската популација треба да бидат вакцинирани или да стекнат имунитет, за да се спречи ширењето на...

Македонија12 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ на протести во повеќе градови: „Време е Заев да поднесе оставка“

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва со автомобили одржа протести во неколку градови во државата поради ставовите на премиерот Зоран Заев, изнесени во...

Македонија13 часа

(Видео) Димитров: Не отстапуваме од македонскиот јазик и идентитет

Бугарија поради македонскиот јазик и македонската историја одлучи да ги блокира преговорите на Македонија со ЕУ. Во интервју за сараевската...

Македонија15 часа

ДСЗИ наложи итно санирање на руинираните простории во битолската болница

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и надложи на директорката на битолската болница итно да бидат санирани руинираните простории, како...

Македонија16 часа

Радев: Согласност за Македонија откако ќе се признаат историските факти и искорени омразата

Бугарија треба да даде согласност за почеток на преговорите за Северна Македонија, откако ќе се признаат објективните историски факти и...

Македонија17 часа

Заев: Груевски беше организаторот на „27-ми април“, а не Јанакиески, Ристовски и Вељаноски

Никола Груевски е главен организатор на 27-ми април, а екс-функционерите Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески се изманипулирани од него,...

Економија20 часа

Поради стравот кај јавноста, АЕК распиша тендер за изработка на студија за влијанието на 4Г и 5Г-мрежите

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) распиша меѓународен тендер за изработка научна студија за влијанието на зрачењата од 4Г и 5Г-мрежите...

Македонија21 час

Филипче: Охрабрува бројот на оздравени

„Епидемијата го достигна пикот минатата недела, сега бројките се стабилизираат, а Р-факторот на преносливост е 1“, вели министерот за здравство,...

Свет21 час

Трамп: Испораката на вакцина против коронавирусот почнува следната недела

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека испораката на вакцина против коронавирусот ќе почне следната недела, пренесува „Ројтерс“. Во разговор со...

Свет22 часа

Истражување: тестирањето на антитела покажува помал број лица заразени со коронавирус

Тестирањето на антитела во крвта за да се утврди инфекцијата со коронавирус дава помал број во споредба со реалната состојба...

Свет23 часа

СЗО: Вакцината ќе ни даде контрола над вирусот

Еден од главните експерти на Светската здравствена организација (СЗО), Мајк Рајан, рече дека почетокот на употребата на вакцината против коронавирусот...

Свет23 часа

Болсонаро: Не сакам да се вакцинирам

Бразилскиот претседател, Жаир Болсонаро, изјави дека нема да прими вакцина против коронавирусот. Тој во видеообјава преку социјалните мрежи вели дека...

Спорт23 часа

Погребан Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона, кој почина во средата е погребан во Буенос Аирес. Илјадници навивачи низ улиците на...

Свет23 часа

За еден ден потврдени повеќе од 577.000 нови случаи на Ковид- 19

Повеќе од 577.000 нови случаи на Ковид-19 се потврдени за еден ден во светот, објави Светската здравствена организација (СЗО), со...

Свет24 часа

(Видео) Трамп: Ќе ја напуштам Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ја напушти Белата куќа доколку Изборниот колеџ ја потврди победата на демократскиот кандидат...

Свет24 часа

Милиони Американци отпатувале на семејни средби за Денот на благодарноста и покрај предупредувањето да не се групираат

Mилиони Американци отпатуваа на семејни средби на Денот на благодарноста и покрај предупредувањата на експертите да не го сторат тоа...

Македонија1 ден

Во Македонија 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа

Во последните 24 часа потврдени се 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа, а 1.094 оздравеа, соопшти Министерството за...

Македонија2 дена

Рот: Северна Македонија запиша историја со договорот со Бугарија, тоа сега треба и да се награди

Северна Македонија запиша историја со Договорот за пријателство со Бугарија, но и со решавањето на спорот за името со Грција,...

Досие