Забава
Исчезна остров што е спор меѓу Индија и Бангладеш
Островот “Њу мур“ околу кој што се спорат Индија и Бангладеш, исчезна поради зголемување на нивото на морето во Бенгалскиот залив.
Островот “Њу мур“ околу кој што се спорат Индија и Бангладеш, исчезна поради зголемување на нивото на морето во Бенгалскиот залив. Според океанографите, островот што е долг околу 3,5, а широк три километри, повеќе не се гледа на сателитските снимки. Најмалку уште 10 острови во овој регион се загрозени да исчезнат поради зголемување на нивото на морињата, предупредуваат океанографите./крај/нова/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Жената со најсовршеното тело на светот по 20 години проговори за раскинувањето со холивудски заводник
Моделот, актерката и поранешната водителка Кели Брук, која своевремено беше нарекувана жената со најсовршено тело на светот, некогаш беше во врска со холивудскиот актер Џејсон Статам, а дури сега проговори за причините за нивното раскинување.
Таа објасни во подкастот „How to Fail with Elizabeth Day“ дека раскинувањето се случило затоа што Џејсон „не бил тука за неа“ како што таа била за него, и дека врската не се развила онака како што таа сакала.

„Во минатото, бев тип на личност која сакаше да им угоди на сите, секогаш сакав да бидам достапна за сите и не се ставав себеси на прво место. Тоа не ми направи ништо добро. Како што стареев, станував посебична“, призна Кели, но додаде дека сега живее поисполнет живот поради тоа.
Таа беше во врска со Статам седум години и призна дека во тоа време ја ставила својата кариера на второ место заради него.
„Имав добра работа на MTV, водев дневна емисија, но кога Џејсон почна да ги добива првите понуди за глума, реков – ајде да одиме во Америка, ова е нашата голема шанса. Оставив сè и отидов со него“, рекла таа. Тогаш за нив започна нов живот, но се појавија проблеми што не можеа да ги надминат.

„Неговата кариера експлодираше, а мојата запре. Бев на линијата Лондон-Лос Анџелес, беше скапо и тешко. Се трудев толку многу за него што на крајот сфатив дека се чувствувам целосно запоставена. Во еден момент, едноставно… престанав да го сакам“, искрена била Кели Брук, според Дејли Меил.
Раскинувањето беше неизбежно, но Кели признава дека беше многу болно за неа.
„Ми рече: ‘Зошто си заминуваш сега? Погледни ме, јас сум успешен и богат’. А јас му реков: ‘Да, но ти веќе не знаеш која сум. Ја знаеш девојката што остави сè за тебе, но не ја знаеш жената во која станав’. Тоа беше тешка одлука, но најдобрата што некогаш сум ја донела“, вели таа.

По раскинувањето, Џејсон Статам влезе во врска со моделот Роузи Хантингтон-Вајтли, со која е сè уште во брак и имаат две деца.
Кели е во брак со Џереми Париси од 2022 година и немаат деца, а за својата одлука и причините зошто не станала мајка зборуваше на почетокот на годината.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Жешки облини и микро бикини, а таа има „само“ 60 години: за Елизабет нема зима
Летото можеби помина календарски, но сигурно е дека атрактивната британска актерка и модел Елизабет Харли (60) тешко се збогува со жешките сончеви денови, а уште помалку со бикините што обожава да ги носи и рекламира.
Холивудската ѕвезда, која веќе шест месеци ужива во романса со Били Реј Сајрус и сè повеќе време поминува во неговиот дом, повторно ги воодушеви своите обожаватели во еден сончев ден, пишувајќи на Инстаграм: „Среќен вторник“.
Позираше во портокалово бикини и кошула во истата боја и уште еднаш нè потсети зошто е меѓу најсексипилните жени во светот. Заводливата фигура во седмата деценија овој пат е на место и, како и секогаш, обожавателите велат дека „изгледа како тинејџерка“.
Елизабет позираше покрај базенот со насмевка од уво до уво и го покажа речиси секој дел од своето витко тело, па можеме да заклучиме дека љубовта е навистина добра за неа и дека „пеперутките во стомакот“ ја прават да изгледа уште поубава.
фото: принтскрин
Забава
Решена мистеријата: зошто Ким Кардашијан ги избриша фотографиите со Хари и Меган
Јавноста со денови шпекулира зошто фотографиите од принцот Хари и Меган Маркл од гламурозната забава по повод 70-тиот роденден на Крис Џенер исчезнаа од социјалните мрежи. Се чини дека мистеријата конечно е решена.
Војводата и војвотката од Сасекс беа видени како се држат за раце додека пристигнуваа на настанот исполнет со ѕвезди во домот на милијардерот Џеф Безос, каде што се одржуваше роденденската забава на Крис Џенер. Кратко потоа, Крис и нејзината ќерка Ким споделија фотографии од раскошната забава на социјалните мрежи. Една ги покажа Хари и Меган, облечени во црно во согласност со темата за Џејмс Бонд, како танцуваат со Крис, додека друга ја покажа Меган како позира со Ким.
Сепак, фотографиите беа објавени само неколку часа откако кралското семејство присуствуваше на службата за Денот на сеќавањето и беа отстранети од Инстаграм речиси исто толку брзо колку што беа објавени, предизвикувајќи шпекулации.

Решена мистерија
Сега се чини дека брзото бришење се должи на административна грешка. Според списанието People, од сите гости на забавата беше побарано да пополнат формулар за согласност за да се дозволи нивните фотографии да бидат објавени на социјалните мрежи.
Се чини дека Хари и Меган не дале дозвола, а кога грешката била откриена, фотографиите што биле погрешно објавени веднаш биле избришани.
Оваа информација доаѓа откако извор за истото списание изјавил дека Хари и Меган изгледале „многу среќни“ заедно на забавата. „Меган блескаше во црн фустан што ја покажуваше едната нога. Изгледаше многу гламурозно и совршено се вклопуваше во темата. Хари изгледаше елегантно во смокинг“, рекол изворот.
фото: принтскрин

