Контакт

Забава

Пеле коментатор на натпреварите од Светското првенство

Објавено пред

Легендарниот фудбалер Пеле потпиша договор со една бразилска телевизија, за која ќе работи како коментатор во текот на Светското првенство во фудбал.

Легендарниот фудбалер Пеле  потпиша договор со една бразилска телевизија, за која ќе работи како коментатор во текот на Светското првенство во фудбал. Претставник на телевизијата СБТ рече дека деталите на договорот потпишан со еден од најдобрите фудбалери на сите времиња ќе биде објавен идната недела. Телевизиската станица СБТ нема да ги пренесува натпреварите од Мундијалот во Јужна Африка, а Пеле ќе ги коментира мечевите во некој засега недефиниран формат. Пеле веќе работел како коментатор за мрежата Глобо за време на Светското првенство во САД во 1994 година./крај/бт/мп



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Дали заврши ерата на холивудски блокбастери?

Објавено пред

Во 2020 година, блокбастери вредни милијарди долари беа поразени од Ковид-19 поубедливо отколку од кој било негативец на екранот.

Многу, ако не и сите, предложени хит-филмови со буџет над 100 милиони долари се ставени во мирување.

Филмот за Џејмс Бонд „Не е време за умирање“ беше одложен двапати. Хитот на Дизни, „Мулан“, беше објавен на неговата стриминг-платформа наместо во киносала, и „Топ Ган: Маверик“ сè уште вози до никаде.

Дури и филмовите на Марвел, како што е „Црната вдовица“ – сигурни ѕвезди на сезоната на летни настани – се одлагаат на неодредено време, бидејќи студијата чекаат пандемијата да стивне и животот да се врати во нормала.

Но, иако хероите од големото платно во моментов не можат да го спасат светот, тие сепак можат да го спасат искуството на големиот екран, вели главната филмска критичарка на „Скрин Интернешнл“, Фин Халиган.

„Тоа е како да водиме натпревар во нетрепкање“, вели таа за застојот помеѓу филмските студија и киносалите. „Некој мора да трепне.“

Прикажи повеќе...

Забава

Дрејк повика на замена на Греми-наградите

Објавено пред

Дрејк побара „Греми“ да бидат заменети со нови награди, откако неколкумина уметници беа занемарени во номинациите за оваа година.

„Сметам дека треба да престанеме да си дозволуваме секоја година да бидеме шокирани од прекинот на врската меѓу влијателната музика и овие награди“, рече ѕвездата.

„Ова е одлично време за некој да започне нешто ново што можеме да го градиме со текот на времето и да им го пренесеме на генерациите што доаѓаат.“

„Греми“ сè уште не одговориле.

Повикот на Дрејк следи откако канадскиот пејач Д Викенд беше изоставен во номинациите објавени во вторникот. Ѕвездата, чиј албум After Hours е најпродаван сингл на годината во САД, се очекуваше да се најде во категориите албум на годината и песна на годината.

По објавувањето на потесниот избор, Канаѓанецот ја нарече церемонијата корумпирана, додавајќи: „Ми должите мене, на моите фанови и на транспарентноста на индустријата“.

Во друг твит, пејачот изрази неверување дека организаторите го поканиле да настапи и покрај тоа што не е номиниран.

Прикажи повеќе...

Забава

Брус Ли 80 години: Легендата на борачките вештини и неговото наследство

Објавено пред

Најпознатото наследство на Брус Ли, кој овој петок ќе наполнeше 80 години, секако се неговите филмови.

Но, легендата за борачки вештини исто така разви уникатен начин на борба наречен џиткундо (Jeet kune do), кантонски израз што се преведува како начин да сопреш тупаница или повеќе поетски – техника на пресретнување тупаница, пишува „Саут Чајна морнинг пост“.

Постојат многу стилови на борба во кунг фу како хунг-гар, винг-чу и таи-чи за да се именуваат неколку од најпознатите.

Но, најдобрата појдовна точка за разбирање на џиткун е да сфатите дека Ли никогаш не сакал тоа да биде стил.

Всушност, намерата на Ли била спротивна. Тој разви џиткундо бидејќи сметал дека идејата за крут стил на борба е премногу ограничувачка.

Многу пред комбинираните борачки вештини и стиловите на борачките вештини да добијат правила и традиции што не може да се прекршат, дури и ако успехот во борбата налага поинаку.

Борачките уметници цврсто се придржуваа на техниките на нивниот избран стил и тој систем стана поважен од човекот, како што тврдеше Ли. Ли сметаше дека ова е смешно и го нарече класичен хаос.

Ли почна да развива џиткун-до во Лос Анџелес во 1967. Американското телевизиско шоу „Зелен стршен“, во кое тој го глумеше Като, беше откажано, потоа Ли го отвори Институтот „Фунфан Ганг“ во кинескиот кварт во Лос Анџелес за да заработи за живот држејќи часови за кунг фу.

Ли охрабри група пријатели и студенти од училиштето за борачки вештини на Ед Паркер да тренираат со него.

Поентата на неговиот џиткундо е да бидете чекор понапред од противникот. „Од одбрана, тој премина на работа на нозете, дострел и време на сопирање на ударите и рипостот, две техники за напади и одбрани со превентивни потези, пишува „Саут Чајна морнинг пост“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 минути

СЗО: Вакцината ќе ни даде контрола над вирусот

Еден од главните експерти на Светската здравствена организација (СЗО), Мајк Рајан, рече дека почетокот на употребата на вакцината против коронавирус...

Свет35 минути

Болсонаро: Не сакам да се вакцинирам

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека нема да прими вакцина против коронавирус. Тој во видео објава преку социјалните мрежи вели...

Свет58 минути

За еден ден потврдени повеќе од 577 000 нови случаи на Ковид- 19

Повеќе од 577.000 нови случаи на Ковид- 19 се потврдени за еден ден ширум светот, објави Светската здравствена организација (СЗО),...

Свет1 час

(Видео) Трамп: Ќе ја напуштам Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ја напушти Белата куќа, доколку Изборниот колеџ ја потврди победата на демократскиот кандидат...

Свет1 час

Милиони Американци отпатувале на семејни средби за Денот на благодарноста и покрај предупредувањето да не се групираат

Mилиони Американци отпатуваа на семејни средби на Денот на благодарноста и покрај предупредувањата на експертите да не го сторат тоа...

Македонија13 часа

Во Македонија 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа

Во последните 24 часа потврдени се 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа, а 1.094 оздравеа, соопшти Министерството за...

Македонија14 часа

Рот: Северна Македонија запиша историја со договорот со Бугарија, тоа сега треба и да се награди

Северна Македонија запиша историја со Договорот за пријателство со Бугарија, но и со решавањето на спорот за името со Грција,...

Македонија15 часа

Захариева: Бугарија ги блокира преговорите за Северна Македонија поради говорот на омраза

Бугарија ќе го блокира почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија  сè додека не го напушти говорот...

Европа15 часа

Италија го воведува првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД

Италија ќе го пушти првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД за патниците со негативен тест на коронавирус, со...

Регион17 часа

Хрватска воведува строги мерки – се затвораат рестораните, училиштата, фитнес-центрите…

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, ги претстави новите строги мерки за борба против коронавирусот, кои ќе траат најмалку до 21...

Македонија17 часа

На вработените во МВР ќе им бидат исплатени заостанатите бонус плати за 2017 и 2018 година

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска имаше он лајн состанок со претставници на Македонскиот полициски синдикат, предводени од претседателот...

Македонија19 часа

Црвенковски: Го замрзнувам членството, изјавите на Заев направија огромна штета

Поранешниот претседател и основач и долгогодишен претседател на СДСМ, Бранкo Црвенковски, во јавно обраќање до раководството и членовите на СДСМ...

Македонија20 часа

Заев: Фашистичката окупација била присутна, но не можете за цел народ да кажете дека бил окупатор

Македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се на маса за преговори, вели премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања поврзани...

Македонија20 часа

На Клиниката за уво, нос и грло од денеска ќе се примаат пациенти заразени од коронавирус

Во текот на денешниот ден ќе се отвори и ковид-центарот на Клиниката за уво, нос и грло, каде што ќе...

Македонија22 часа

Ѓоргиев за „Дојче веле“: Историските прашања да не се користат како политичка алатка

Генерално, погрешен е пристапот историските прашања да се користат како политичка алатка, изјави македонскиот историчар Драги Ѓоргиев, претседател на македонскиот...

Топ1 ден

Запленета марихуана во Струшко, приведен дилер од Албанија

Полицијата вчера заплени марихуана во Струшко и приведе дилер од Албанија по претходно добиени оперативни сознанија. Од МВР информираат дека...

Македонија1 ден

Пендаровски: Постои дилема дали државниот врв настапува единствено во спорот со Бугарија

Спорот со Бугарија може да се реши само ако доследно се почитуваат и македонскиот и бугарскиот народ и со избегнување...

Македонија1 ден

Опозицијата бара оставка од Заев поради вчерашното интервју

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од премиерот Зоран Заев поради ставовите изнесени во интервјуто за бугарската новинска агенција „Бгнес“. Од ВМРО-ДПМНЕ...

Свет1 ден

Меркел: Задолжително маски и на отворено

Германската канцеларка, Ангела Меркел, објави дека ограничувачките мерки против коронавирусот ќе бидат продолжени најмалку до 20 декември, а можеби и...

Свет1 ден

Трамп одобри помилување на својот поранешен советник за национална безбедност

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го одобри помилувањето на својот поранешен советник за национална безбедност, генерал Мајкл Флин, што медиумите го...

Досие