Контакт

Забава

Хрватски дипломати не знаеле дали Доха е главен град на Катар

Објавено пред

Хрватската делегација што учествуваше на Конвенцијата за меѓународната трговија со загрозени видови во Доха е дел од извештаите на светските медиуми поради нивното незнаење за тоа кој е главен град на Катар.

dobivaj vesti na viber

Хрватската делегација што учествуваше на Конвенцијата за меѓународната трговија со загрозени видови во Доха е дел од извештаите на светските медиуми поради нивното незнаење за тоа кој е главен град на Катар. Претседателот на конференцијата побарал да се тестира системот за гласање и поставил прашање дали Доха е главен град на Катар. Триесет секунди подоцна, на таблата во салата се појавиле 150 одговори со Да, Хрватска и Камерун одговориле со Не, а Кина била воздржана. „Камерунската и хрватската делегација не можеше или не сакаше да кажат  зошто толку малку знаат за градот во кој ги поминале последните неколку дена. Кинеската делегација остана недостапна за коментар“, пренесува Би-Би-Си. /крај/хина/ач



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Видео) „Дрзок гол фустан“ само за неа: Хејли Бибер никогаш не била толку секси

Објавено пред

Моделот и претприемачка Хејли Бибер моментално е во Сиднеј, каде што присуствуваше на австралиската премиера на филмот „Wuthering Heights“, во кој глуми Марго Роби. Проектот привлече светско внимание уште од самиот почеток, а сега Хејли се погрижи сè да биде на високо ниво.

dobivaj vesti na viber
@instylegermany @Hailey Bieber attends the #WutheringHeights-Premiere in #Sydney. 🖤✨ #haileybieber #haileybieberedits #TikTokFashion ♬ Originalton – InStyle Germany

Трендот на голи фустани одамна го освои Холивуд, а Дакота Џонсон е особено позната по него, но сега има силна конкуренција. Хејли Бибер ги помести границите кога станува збор за голи фустани и ги шармираше сите.

Фустанот од чипка со потпис на модната куќа Ив Сен Лоран совршено ѝ одговараше на нејзината фигура. Станува збор за модел кој целосно ја следи линијата на телото и, секако, е транспарентен, па можете да ја видите нејзината долна облека.

Овој пат, Хејли имаше и изразено деколте на градите, долги ракави и малку понизок струк, сè потсетуваше на викторијанската ера.

Својот моден изглед го комплетираше со елегантни сандали со високи потпетици, додека косата ја пушташе лежерно и позираше самоуверено за собраните фотографи.

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото) Прекрасната бринета покажа како да се носи омилената боја на сезоната

Објавено пред

Никол Шерцингер неодамна присуствуваше на ревијата на Мајкл Корс на Неделата на модата во Њујорк. За таа пригода, таа одлучи да облече едноставен, но ефективен аутфит кој ја слави најпопуларната боја на сезоната – кафеавата и целата нејзина палета.

dobivaj vesti na viber

Таа избра лежерен сатенски фустан кој ја следи линијата на телото и ја нагласува силуетата. На аутфитот додаде бел капут кој совршено го нагласи нејзиниот примарен, темен аутфит и остави впечаток на тивок луксуз.

Својата витка фигура дополнително ја нагласи со тенок ремен, додека комбинацијата ја комплетираше со кожна чанта со интересни детали.

Целиот стајлинг беше монохроматски по природа, во земјени тонови надополнети со ненаметлив накит. Косата ја стилизираше на наједноставен начин – избра брановидна форма, а што се однесува до шминката, носеше земјени тонови кои совршено го заокружуваа овој изглед.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Облече проѕирен фустан и им го покажа задникот на фотографите: пејачката е повторно главна тема

Објавено пред

Дуа Липа неодамна присуствуваше на премиерата на филмот „Rosebush Runing“ што се одржа во рамките на Берлинскиот филмски фестивал.

dobivaj vesti na viber

Нејзино друштво на црвениот тепих беше актерот и вереник Калум Тарнер, кој глуми во гореспоменатиот филм, а Дуа беше негова морална поддршка за овој голем настан.

Се чини дека двојката привлече внимание на црвениот тепих, особено пејачката која одлучи да носи „гол“ фустан.

Таа носеше црна чипкана креација која беше проѕирна. Фустанот ја истакнуваше нејзината витка фигура, а интимната долна облека ја нагласуваше нејзината сензуалност.

Својот стил го надополни со скап накит, шминка во природни тонови, а што се однесува до фризурата, избра добро докажан класик – висока пунџа што ги истакнуваше нејзините природни црти на лицето.

Што се однесува до нејзиниот драг Калум, тој остана верен на класичните кроеви, а за премиерата на својот филм избра кафеаво одело, кое го комбинираше со сина кошула и беж вратоврска.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет15 минути

Рубио пристигнува во Будимпешта, ќе разговара со Орбан, Сијарто: Ова е златно доба

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес ќе се сретне со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Будимпешта, а според американскиот Стејт...

Европа20 минути

Заедничко писмо од германските и британските воени команданти: Постои морална причина за вооружување

Шефот на британските вооружени сили, Ричард Најтон, и неговиот германски колега, Карстен Бројер, се залагаат за поголеми инвестиции во одбраната,...

Европа1 час

(Видео) Украинците жестоко нападнаа руски регион: останаа без струја и греење

Украинските напади со беспилотни летала предизвикаа делумни прекини на електричната енергија и греењето во западниот руски регион Брјанск, соопштија локалните...

Свет1 час

Масовниот убиец од Бонди Бич се појави на суд, адвокатот: Тој живее во тешки услови

Мажот осомничен за пукањето на прославата на еврејскиот празник Ханука на познатата плажа Бонди во Сиднеј во напад во кој...

Македонија10 часа

30 домови во скопската општина Сарај се под вода по обилните дождови

Повеќе од 30 домови во скопската општина Сарај се поплавени, теренските екипи интензивно интервенираат Градоначалникот Мухамед Елмази објави дека во...

Македонија13 часа

(Видео) Големи поплави во Кичево, ЦУК на терен

Според вонредните информации од Центарот за управување со кризи за состојбата до 17:00 часот со обилните врнежи, во Скопскиот Регион,...

Македонија16 часа

Во Гостивар две деца и нивната мајка останаа заробени во домот поради поплавите

Поради непрестајните врнежи и излевањето на реките, западниот дел на Македонија се наоѓа во вонредна состојба. Во Кичево, стотици семејства...

Македонија19 часа

Обилните врнежи предизвикаа поплави во повеќе региони, во Кичево евакуирани околу 180 лица

Центарот за управување со кризи информира за состојбата по обилните врнежи од дожд заклучно со 12:30 часот, при што се...

Македонија19 часа

Можни излевања на реките, критична состојба во Полошко, Кичевско и Пелагонија

Управата за хидрометеоролошки работи напладне издаде предупредување за значително зголемување на водостојот на реките во западните делови од државата, по...

Македонија21 час

Измени на Законот за електронски комуникации за укинување на трошоците за роаминг

Со измени на Законот за електронски комуникации, што се поставени за расправа на Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР) државава...

Свет23 часа

Американците понудиле безбедносни гаранции за Украина, Зеленски не е задоволен

САД му понудија на Киев 15-годишни безбедносни гаранции, но Украина сака повеќе и смета на период од најмалку 30 години,...

Топ2 дена

Петнаесет возачи се лишени од слобода во еден ден поради возење без возачка дозвола

Петнаесет возачи се лишени од слобода вчера поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило и под...

Македонија2 дена

Ја давел и ја претепал бремената партнерка, се спасила откако го убедила да ја носи на лекар, па побегнала додека стоеле на семафор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 52-годишен маж осомничен за кривично дело Телесна повреда според член 130 став 2...

Македонија2 дена

Градоначалникот Ќура ангажирал фирма што ќе утврди зошто е загадена водата во Струга

Градоначалникот на Струга, Менди Ќура, најави дека на 16 февруари приватна институција од Скопје ќе ги утврдува причините за загадувањето...

Македонија2 дена

Осомничениот за убиството за жената од Челопек е поврзан и со други кривични дела

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место во селото Челопек, каде беше пронајдено безживотно тело...

Македонија2 дена

Убиство во Челопек, 78-годишна жена задушена со перница

Полицијата уапси дваесет и петгодишен жител на село Малотино од општина Старо Нагоричане, осомничен за убиство на седумдесет и осумгодишна...

Македонија2 дена

Љубов или вино: што навистина славиме на 14 февруари?

Секој 14 февруари, истата ситуација – некои го препознаваат само Свети Трифун, додека други го сметаат Свети Валентин, или Денот...

Македонија3 дена

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ3 дена

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија3 дена

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...