Забава
Лекарот на Џексон летово пред суд
Адвокатот на докторот на Мајкл Џексон, Конрад Мурај изјави дека неговиот клиент нема да бара нагодување во судскиот процес за ненамерно убиство иако се плаши дека поротата ќе биде непристојна поради загубата на еден од најголемите забавувачи на сите времиња.
Адвокатот на докторот на Мајкл Џексон, Конрад Мурај изјави дека неговиот клиент нема да бара нагодување во судскиот процес за ненамерно убиство иако се плаши дека поротата ќе биде непристојна поради загубата на еден од најголемите забавувачи на сите времиња.
Судењето на Мурај ќе почне летоска додека медиумите се полни со информации околу стратегиите на одбраната и обвинителството.
Обдукцијата покажала дека Џексон починал од преголема доза на лекови.
Мурај призна дека на кралот на попот му давал лекови, но и оти тоа не значи дека му дал смртоносна доза.
Извештаите покажуваат дека околу смртта на Џексон, Мурај три пати се јавил, а еден од сведоците открива дека лекарот го усмртил пејачот за да може да ги сокрие лековите.
„Пред да започнете да го гледате судењето ќе сфатите дека случајот не е ни малку едноставен и јасен како што се мисли. Она што никогаш нема да биде вистинско е тоа дека лекарот го наполнил пејачот со лекови и излегол од собата. Тој едноставно не е таков тип, рече Ед Шерноф адвокатот на Мурај.
Тој истакна дека реално нема шанси за нагодување во случајот и дека самото обвинителство се стреми кон казна од 4 години затвор.
Во таков случај е тешко нешто да се преговара надвор од судот.
Обвинителството ќе има за задача да докаже како докторот му дал смртоносна комбинација на лекови на Џексон иако знаел дека тоа ќе му наштети.
Шерноф не се плаши од тие аргументи бидејки случајот медицински е многу комплексен, меѓутоа се плаши од поротата./крај/идх/ир/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Прашањето што ја збуни Израелката на прес-конференцијата по Евровизија: „Не мора да одговарате ако не сакате“
Откако беше објавено кои десет земји одат во финалето на Евровизија, се одржа прес-конференција на која беа поставувани прашања и за Израелката Еден Голан, која во финалето отиде со песната „Ураган“.
Новинар од Полска доби шанса да и постави прашање на претставничката на Израел – „Дали некогаш сте помислиле дека бидејќи сте тука ги загрозувате другите учесници и јавноста?
Водителот на прес-конференцијата веднаш рече дека „не мора да одговара ако не сака“.
„А зошто да не“, искоментираа неколку новинари.
Еден Голан прво застана, а потоа одлучи да одговори на прашањето.
„Мислам дека сите сме тука поради една причина, ЕБУ ги презеде сите мерки да го направи ова натпреварување безбедно за сите нас. Мислам дека е безбедно за сите, инаку немаше да бидеме тука“, изјави Еден Голан на прес-конференцијата.
Забава
(Видео) Никол Кидман блесна во божествена креација на Мет Гала: 800 часа работа се потрошени само за рачно везење
Мет Гала 2024 се одржа во Музејот на уметност Метрополитен во Њујорк, а овогодинешната тема беше „Заспаните убавици: повторното будење на модата“.
Гостите мораа да се придржуваат до кодексот на облекување наречен „Градината на времето“, чија тема е именувана по приказната за еден гроф кој, за да ја одбрани лутата толпа што се приближува до неговиот замок, сече роза од неговата градина за да го забави времето додека не остане ниту еден цвет.
Дамите беа доста креативни во изборот на стајлинг, а една од најзабележителните беше актерката Никол Кидман која блесна во црно-бела креација. Овој фустан е омаж на креација од пролетната колекција на Баленсијага од 1951 година.
View this post on Instagram
Во тоа време славната Доријан Ли носеше необичен црно-бел фустан, а фотографијата што тогаш ја направи Ричард Аведон стана легендарна. Кидман изјави дека и самата сакала да соработува со овој фотограф, но „не успеале да се вклопат“.
Според Vogue, фустанот што го носела Никол Кидман барал 800 часа за рачен вез и внимателно шиење на 3.000 пердуви на 150 метри свила. Дополнително, во ателјето биле потрошени уште 400 часа за да се спојат двете одделни парчиња во едноделен фустан.
View this post on Instagram
„Фустанот претставува природен момент од целосниот круг на времето – тоа е прослава на делото на Ричард што ќе живее, но и почит на уметничката визија на Баленсијага која продолжува беспрекорно да ја комбинира илузијата на минатото, сегашноста и иднината“, изјави актерката.
Забава
(Видео) Ирска со сатанистички обред на Евровизија: „Јас сум посебна оти сум квир и вештерка“
Ирската претставничка го привлече вниманието и згрози дел од јавноста со сатанистички настап на годинешното издание на Евровизија.
Ирската претставничка Bambie Thug се пласира во финалето, а на прес-конференцијата разговараше со новинарите и беше прашана што ја прави посебна.
„Тоа што сум квир и вештерка ме прави посебна“, изјавила Бамби.