Забава
Розовиот фустан на Мерилин Монро продаден за 319 500 долари
Розовиот фустан, кој Мерилин Монро го носи во филмот “Мажите сакаат блондинки”, беше продаден на аукција во Лондон за 319 500 долари.
Розовиот фустан, кој Мерилин Монро го носи во филмот “Мажите сакаат блондинки”, беше продаден на аукција во Лондон за 319 500 долари. Фустанот беше прогласен за “најважниот филмски фустан ставен на тендер”, и е продаден за многу повеќе од очекуваната цена од 250.000 долари. Волшебната торба на Џули Ендрус од “Мери Попинс” ја собра максималната понуда од 97 911 долари. Приложениот пар ракавици со сребрени острици што ги носи Џони Деп во филмот “Едвард раце-ножици” и јакната на капетан Џек Спароу од „Пиратите од Карибите“ беа продадени за 46 878 долари, додека позлатената чаша од “Индијана Џонс и последниот крстоносен поход” беше продадена за 16 490 долари. Мерилин Монро (родена како Норма Џин Мортенсен на 1 јуни 1926 година) е позната американска актерка добитничка на Златен глобус, пејачка, модел и култна поп икона. Останува позната по својата смисла за хумор и незаборавна филмска појава, нешта што ќе ја направат една од најпознатите актерки во текот на 50те и 60те.. Во подоцнежниот дел од својата кариера, Монро почнува да глуми во посериозни улоги, повторно со многу забележителен успех. Сепак, токму тоа е и периодот во кој доживува низа разочарувања во кариерата и својот приватен живот. Умира во 1962 година од предозирање со апчиња за спиење. Нејзината смрт се уште не е сосема разјаснета и е причина за голем број на шпекулации и теории на заговор. Во 1999 година, Американскиот филмски институт ја прогласи Мерилин Монро за шеста најголема филмска ѕвезда во историјата. /крај/бгн/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

