Забава
Триста илјади евра за обезбедувањето на Блер
Повеќе од 300 илјади евра годишно се троши на обезбедувањето на бившиот британски премиер Тони Блер, но владата на премиерот Дејвид Камерон има намера тој износ да го сведе на “нормала“, во рамки на најавените мерки за штедење.
Повеќе од 300 илјади евра годишно се троши на обезбедувањето на бившиот британски премиер Тони Блер, но владата на премиерот Дејвид Камерон има намера тој износ да го сведе на “нормала“, во рамки на најавените мерки за штедење. Некогашните претседатели на влада во Британија имаат право на обезбедување што го плаќа владата, односно даночните обврзници. Новата влада тоа не го порекува, но шефот на дипломатија Вилијам Хејг побарал тие трошоци да бидат економски поумерени, односно да не се троши повеќе од она што е апсолутно неопходно, пишува денеска “Гардијан“. Британските весници деновиве објавија дека трошоците на телохранителите на Блер, кои го чуваат 24 часа, вклучувајќи го и времето кога е на одмор, ги употребуваат службените картички за “се и сешто. Така на пример, во текот на Блеровата посета на Борнео, телохранителите службената картичка ја задолжиле за скоро 27 илјади евра. Тие ја користеле службената картичка за најразлични работи – за плаќање пица, чај, скара, но и за кесичка бомбони купена за 1,5 евра во една британска самопослуга. Затегањето на коланот, нема да го погоди само Блер, чие богатство се проценува на скоро 24 милиони евра, туку и останатите личности на кои државата им плаќа обезбедување, како што се на пример, членовите на кралското семејство и дипломатскиот кор. Трошоците на обезбедувањето на угледните личности на сметка на државата само годинава во Британија достигнале еден милион и 800 илјади евра, наведува Гардијан./крај/ бл/мв
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Барале клуч од трактор и ископале римско злато: „Ја ставив раката во калта и ги почувствував монетите“
Во малото холандско место Буник, во провинцијата Утрехт, е откриено исклучително вредно археолошко откритие: 404 златни и сребрени монети од римско и британско потекло. Најстарите датираат од 200 година пред нашата ера, а најновите од времето на римската инвазија на Британија во 47 година од нашата ера.
Богатството било закопано во поле на длабочина од само 30 сантиметри, и најверојатно му припаѓало на римски центурион – како воен плен од освојувањата на Британија. Неговата вредност одговара на речиси 11-годишна плата на обичен римски војник.
Откритието во октомври 2023 година го направиле двајца истражувачи со метален детектор – Рејниер Колинк и Герд-Јан Меселар – кои всушност барале изгубен клуч од трактор. Наместо тоа, наишле на првите неколку монети и продолжиле да копаат во блиското калливо поле.
„Кога детекторот реагираше, ставив рака во калта и веднаш почувствував дека допирам монети“, изјавил Герд-Јан за локалните медиуми.
Првично биле пронајдени 381 монета, а по пријавувањето, Холандската национална агенција за културно наследство пронашла уште 23. Меѓу нив има:
72 златни римски ауреи, 288 сребрени монети (од 200 пр.н.е. до 47 г.н.е.), 44 златни британски статери со име на кралот Кунобелин (владеел 9–40 г.н.е.).
Некои од британските монети веројатно се ковани постхумно од страна на неговите синови Тогодумн и Каратак. Една од римските монети го прикажува Јуба I, крал на Нумидија (денешен Алжир), а други — императорот Клаудиј.
Фактот дека некои монети се во одлична состојба и не покажуваат траги од користење, укажува дека биле закопани веднаш по исплата, можеби по успешна воена кампања.
Забава
Емилија Кларк се повредила при снимање експлицитна сцена во новата серија
Актерката Емилија Кларк (39), позната по улогата во „Игра на тронови“, откри дека се повредила на сетот на новата серија Ponies, додека снимала експлицитна сцена.
Во интервју за The Wrap, Кларк изјавила дека при снимањето на долга интимна сцена со тројца мажи, почувствувала болка и подоцна ѝ било утврдено дека има повреда на едно ребро.
„Само реков: ќе седнам тука, вие доведете ги, а ние ќе се правиме дека имаме секс. Тој ден си го повредив реброто“, изјавила Кларк, со доза на хумор. Додала и дека на лекар отворено рекла: „Секс. Три пати.“
Нејзината колешка од серијата, Хејли Лу Ричардсон, го потврдила инцидентот, коментирајќи дека „Емилија е толку ситна и чувствителна, затоа ѝ се случило тоа“.
Кларк прецизирала дека реброто не е скршено, туку само „малку се поместило“.
Серијата Ponies е премиерно прикажана на 15 јануари на стриминг-платформата Peacock. Кларк и Ричардсон играат две американски секретарки кои работат во амбасадата на САД во Москва во 1970-тите. По мистериозната смрт на нивните сопрузи – агенти на ЦИА – тие започнуваат потрага по вистината и се соочуваат со завера.
Иако Кларк има искуство со снимање интимни сцени, особено од „Игра на тронови“, ова е првпат ваква сцена да резултира со повреда.
Сè уште не е познато кога серијата Ponies ќе стане достапна и за гледачите надвор од САД.
Забава
Гвинет Палтроу призна: „Изгубив улога поради разводот“
Американската актерка и оскаровка Гвинет Палтроу изјави дека ѝ била одземена улога во филм поради медиумското внимание што го предизвика нејзиниот развод со фронтменот на групата „Колдплеј“, Крис Мартин.
Во подкастот „Гуд ханг“ со Ејми Полер, Палтроу откри дека разводот од 2014 година оставил последици врз нејзината кариера.
„Требаше да снимам филм во тој период, веднаш по објавата за разделбата со Крис, а тогаш во медиумите се објавуваа многу остри изјави. Мислам дека дистрибутерот рече: Ова можеби ќе биде премногу за филмот“, изјави Палтроу.
Актерката и музичарот беа на насловни страници ширум светот кога објавија дека се разделуваат по повеќе од една деценија брак и две деца.
„Пред сè, ние сме родители на две неверојатно прекрасни деца и молиме за почитување на нашиот и нивниот простор и приватност во овој тежок период“, стоеше во нивната заедничка изјава тогаш.
Палтроу не откри детали за филмот или продукциската куќа, но јасно стави до знаење дека одлуката ѝ била тешко прифатлива.
„Тоа беше прекрасно – се разведував, па потоа ме отпуштија“, рече иронично.
Таа додаде дека верува оти нивната намера – да избегнат бурен развод – била погрешно сфатена од јавноста.
И покрај сè, Палтроу и Мартин останале во добри односи и по официјалниот развод во 2016 година. Во 2019 година, актерката откри дека Крис им се придружил на неа и нејзиниот сегашен сопруг, Бред Фалчук, на меден месец, заедно со нивните деца.

