Забава
Британски студенти: Во Косово живеат Алжирци, а Тито е османлиски војник?
Флориан Бибер, професор на катедрата за политика и меѓународни односи на британскиот Универзитет Кент, на својот интернет блог ги објави “бисерите“ и заблудите на идните британски дипломати кои се однесуваат на поранешна Југославија.
Флориан Бибер, професор на катедрата за политика и меѓународни односи на британскиот Универзитет Кент, на својот интернет блог ги објави “бисерите“ и заблудите на идните британски дипломати кои се однесуваат на поранешна Југославија.
Како што пренесува Дојче Веле, многу студенти сметаат дека во Косово живеат Алжирци (дури 95 отсто од населението), дека Чешка била дел од Југославија, па дури и дека Јосип Броз Тито бил службеник во османлиската војска, пренесе Смедиа.
Кога е во прашање Југославија, повеќето студенти напишале дека оваа федерација постоела со векови и дека нема ниту еден “вистински“ непријател и затоа толку опстојувала.
Еден од студентите на Бибер дури напишал дека Косово е дел од Југославија исто како и извесна земја или покраина наречена „Војвонец“ (најверојатно, мислејќи на српската Војводина). Друг пак, напишал дека покраини на Југославија биле Србија, Хрватска, Словенија, некоја си извесна земја “Југовеада“ и други.
Еден од славните бисери на британските студенти е и дека Дубровник е главен град на Хрватска и дека Слободан Милошевиќ сакал да го окупира овој хрватски град.
Косово за Британците 600 години била независна држава, а Србија ја окупирала за време на последната војна, но Косово повторно било ослободено.
Професорот Бибер, и покрај ваквите луди и неточни изјави на своите студенти, изјавил дека тие не се неписмени млади луѓе кои Балканот го гледаат како дувло на криминалци, пренесе Смедиа.
Германското радио Дојче Веле коментира дека загрижува фактот што овие полуписмени студенти утре ќе бидат лидери на британската дипломатија и експерти за решавање на споровите и отворените прашања на Балканот./крај/dw/смедиа/ит Copyright 2010 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Емилија Кларк се повредила при снимање експлицитна сцена во новата серија
Актерката Емилија Кларк (39), позната по улогата во „Игра на тронови“, откри дека се повредила на сетот на новата серија Ponies, додека снимала експлицитна сцена.
Во интервју за The Wrap, Кларк изјавила дека при снимањето на долга интимна сцена со тројца мажи, почувствувала болка и подоцна ѝ било утврдено дека има повреда на едно ребро.
„Само реков: ќе седнам тука, вие доведете ги, а ние ќе се правиме дека имаме секс. Тој ден си го повредив реброто“, изјавила Кларк, со доза на хумор. Додала и дека на лекар отворено рекла: „Секс. Три пати.“
Нејзината колешка од серијата, Хејли Лу Ричардсон, го потврдила инцидентот, коментирајќи дека „Емилија е толку ситна и чувствителна, затоа ѝ се случило тоа“.
Кларк прецизирала дека реброто не е скршено, туку само „малку се поместило“.
Серијата Ponies е премиерно прикажана на 15 јануари на стриминг-платформата Peacock. Кларк и Ричардсон играат две американски секретарки кои работат во амбасадата на САД во Москва во 1970-тите. По мистериозната смрт на нивните сопрузи – агенти на ЦИА – тие започнуваат потрага по вистината и се соочуваат со завера.
Иако Кларк има искуство со снимање интимни сцени, особено од „Игра на тронови“, ова е првпат ваква сцена да резултира со повреда.
Сè уште не е познато кога серијата Ponies ќе стане достапна и за гледачите надвор од САД.
Забава
Гвинет Палтроу призна: „Изгубив улога поради разводот“
Американската актерка и оскаровка Гвинет Палтроу изјави дека ѝ била одземена улога во филм поради медиумското внимание што го предизвика нејзиниот развод со фронтменот на групата „Колдплеј“, Крис Мартин.
Во подкастот „Гуд ханг“ со Ејми Полер, Палтроу откри дека разводот од 2014 година оставил последици врз нејзината кариера.
„Требаше да снимам филм во тој период, веднаш по објавата за разделбата со Крис, а тогаш во медиумите се објавуваа многу остри изјави. Мислам дека дистрибутерот рече: Ова можеби ќе биде премногу за филмот“, изјави Палтроу.
Актерката и музичарот беа на насловни страници ширум светот кога објавија дека се разделуваат по повеќе од една деценија брак и две деца.
„Пред сè, ние сме родители на две неверојатно прекрасни деца и молиме за почитување на нашиот и нивниот простор и приватност во овој тежок период“, стоеше во нивната заедничка изјава тогаш.
Палтроу не откри детали за филмот или продукциската куќа, но јасно стави до знаење дека одлуката ѝ била тешко прифатлива.
„Тоа беше прекрасно – се разведував, па потоа ме отпуштија“, рече иронично.
Таа додаде дека верува оти нивната намера – да избегнат бурен развод – била погрешно сфатена од јавноста.
И покрај сè, Палтроу и Мартин останале во добри односи и по официјалниот развод во 2016 година. Во 2019 година, актерката откри дека Крис им се придружил на неа и нејзиниот сегашен сопруг, Бред Фалчук, на меден месец, заедно со нивните деца.
Забава
„Ми делуваше како некој дедо“: Сара Фостер за состанокот со Џорџ Клуни кога имала 19 години
Сара Фостер откри дека во 1990-тите, кога имала 19 години, била на состанок со Џорџ Клуни, но искуството за неа било „многу непријатно“. Состанокот ѝ го договориле Синди Крафорд и нејзиниот сопруг Ренди Гербер.
Во подкастот The World’s First Podcast, Фостер раскажа дека веднаш почувствувала дека состанокот е „тотално не“, додавајќи дека Клуни ѝ изгледал „како дедо“ и дека разликата во години ѝ била многу чудна. Таа истакна дека никогаш не ги разбирала врските меѓу 19-годишни девојки и многу постари мажи.
„Сигурна сум дека Џорџ Клуни е супер човек, но се сеќавам дека сите четворица седевме на маса, а јас во главата си мислев: ‘Сакам да пропаднам во земја.’ Тој ми делуваше како некој ‘дедо’. Навистина ми беше многу непријатно. Бев тотално во лоша состојба“, раскажа таа.
Фостер смета дека ни Клуни не бил особено заинтересиран и дека состанокот бил резултат на добра намера на заедничките пријатели. Подоцна, таа беше во долга врска со тенисерот Томи Хас, со кого има две ќерки. Клуни, пак, е во брак со Амал Клуни од 2014 година и имаат близнаци.
Фото: ЕПА

