Контакт

Забава

Мече се заглавило во тегла од мед

Објавено пред

Мало мече од Флорида беше заглавено со главата во тегла од мед, јадејќи од која конечно беше ослободено.

dobivaj vesti na viber

Мало мече од Флорида беше заглавено со главата во тегла од мед, јадејќи од која конечно беше ослободено.Mајката мечка и нејзините три младенчиња беа забележани покрај еден отпад за ѓубре при крајот  на јули во едно предградие на, Вирсдела кога едно од младенчињата се заглавило јадејќи од теглата. Сепак, чувари од паркот не можеа да го пронајдат и стравуваа дека може да умре. По 10 дена, мечето со пластичната тегла на глава, повторно се појави, иако сето време, без храна давало отпор на луѓето задолжени за неговата безбедност.”Мајката мечка ја успавме и чекавме да и се приклучат нејзините младенчиња, а кога се најдоа во стапица го ослободивме она кое беше со теглата на глава,  по ветеринарскиот преглед ги вративме повторно во дивината“, изјави екипата за спасување на Флорида, задолжена за безбедноста на животните.крај/мондо/сс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Им треба секунда да се налутат: Најексплозивните хороскопски знаци

Објавено пред

Според астролозите, постојат хороскопски знаци кои тешко ги контролираат емоциите и можат да „експлодираат“ за миг. Ова се трите најтемпераментни:

dobivaj vesti na viber

Овен

Овните се исклучително импулсивни и често реагираат без многу размислување, особено кога чувствуваат притисок или провокација. Не сакаат чекање и ограничувања, па нивните испади знаат да бидат нагли и бурни. Лутината им е силна, но краткотрајна – брзо се смируваат, како ништо да не се случило.

Лав

Лавовите најсилно реагираат кога се чувствуваат потценети или игнорирани. Нивниот темперамент е тесно поврзан со гордоста и потребата за почит. Лутината ја покажуваат отворено – со глас, гестикулации или директна конфронтација – но доколку добијат признание или извинување, брзо се смируваат.

Шкорпија

Шкорпиите не „експлодираат“ гласно, но нивните реакции се длабоки и интензивни. Најмногу ги погодуваат предавство и неискреност. За разлика од Овенот и Лавот, ним им треба повеќе време да се смират, а нарушената доверба тешко се обновува.

Прикажи повеќе...

Забава

Кучер со пофалби за поранешната сопруга: Горд сум на неа, растури

Објавено пред

Актерот Ештон Кучер ретко зборува јавно за својата поранешна сопруга Деми Мур, но овојпат направи исклучок и јавно ја пофали нејзината работа.

dobivaj vesti na viber

Промовирајќи ја својата нова серија The Beauty, Кучер во интервју за Entertainment Tonight се осврна на филмот The Substance („Супстанца“) од 2024 година, во кој глуми Мур.

„Нејзината улога во Супстанца доби исклучителни пофалби и навистина сум многу горд на неа – растури“, изјави Кучер.

Мур и Кучер започнаа врска во 2003 година, се венчаа во 2005, а за разделбата информираа во 2011 година. Разводот беше финализиран околу две години подоцна. Иако Мур во мемоарите Inside Out наведе дека Кучер ѝ бил неверен, актерот во 2020 година изјави дека меѓу нив „нема зла крв“.

Кучер додаде дека не се дружат, но дека останал во контакт со ќерките на Мур од бракот со Брус Вилис, нагласувајќи дека има голема љубов и почит кон нив.

Прикажи повеќе...

Забава

Истражување открива кога машкото либидо го достигнува врвот

Објавено пред

Ново научно истражување покажува дека машкoто либидо не го достигнува врвот во дваесеттите години, како што често се верува, туку околу 40. година од животот.

dobivaj vesti na viber

Студијата, спроведена од Универзитетот во Тарту во Естонија, опфатила повеќе од 67.000 возрасни лица на возраст од 20 до 84 години. Резултатите покажале дека сексуалната желба кај мажите постепено расте од раната зрелост, го достигнува врвот во раните четириесетти, а потоа повторно опаѓа. Интересно е што мажите во шеесеттите пријавиле слично ниво на либидо како и оние во дваесеттите.

Кај жените, резултатите биле поинакви: нивната сексуална желба е најизразена во дваесеттите и раните триесетти години, а со возраста постепено опаѓа, со поизразен пад по 50. година.

Авторите, во научното списание Scientific Reports, наведуваат дека врвот на машкото либидо во средната возраст укажува на значењето на фактори како стабилни врски и емоционална блискост, а не само на биолошкото стареење. Истражувањето покажало и дека, во просек, мажите имаат повисока сексуална желба од жените во поголем дел од возрасниот живот.

Дополнително, утврдени се разлики поврзани со сексуалната ориентација, образованието и професијата, при што лицата кои се идентификуваат како бисексуални пријавиле највисоко ниво на сексуална желба.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

Предлог-законот за заштита од пушењето, подготвен од Министерството за здравство, предвидува забрана за пушење во затворени јавни и работни простории,...

Свет3 часа

„Не го чепкајте Гренланд“: Масовни протести во Данска и Нуук против плановите на Трамп

Големи протести против најавите на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на Гренланд се очекуваат денеска во повеќе градови во...

Свет4 часа

Украинска делегација заминува во САД за појаснување на условите за можен мировен договор со Русија

Украинските преговарачи патуваат во Соединетите Американски Држави за да ги разјаснат условите за евентуален мировен договор со Русија, изјави претседателот...

Спорт14 часа

Македонија со пораз од Данска го започна Европското првенство

Ракометната репрезентација на Македонија, со пораз го започна настапот на 17-то Европско првенство во Данска, Шведска и Норвешка. Во првото...

Свет17 часа

Италијански министер ги исмева европските сили во Гренланд: „15 Французи, 15 Германци – звучи како почеток на виц“

Италија одби да се придружи на европската мисија во Гренланд, а министерот за одбрана на земјата, Гвидо Кросето, отворено ја...

Свет18 часа

Трамп им се закани на сите земји кои нема да го поддржат за Гренланд

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе воведе царини на земјите кои не го поддржуваат неговиот план САД...

Македонија20 часа

МВР ќе ги тестира поставените камери: од 20 до 31 јануари на местата каде ќе се вршат активностите, нема да биде дозволен сообраќај

Министерството за внатрешни работи известува дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота) ќе се...

Македонија20 часа

Ја удирал по главата и телото, ја давел за вратот и скршил ребро: скопјанец осомничен за физички напад и загрозување на сигурноста на жена

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 51-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично...

Македонија23 часа

Mицкоски очекува добри вести во наредните денови од САД

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува наскоро добри вести за македонските граѓани од САД. Тој појасни дека суспендирањето на визите...

Македонија24 часа

Преку фирми и даночни измами биле извлечени 4,8 милиони евра од државата – Обвинителството гони 20 лица, вмешани службеници од УЈП

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражителите од Истражниот центар при обвинителството, со асистенција на МВР, вчера до...

Свет1 ден

Планoт за брз влез на Украина во ЕУ предизвика загриженост во Брисел

Брисел разгледува можност за напуштање на досегашниот модел на проширување на Европската Унија и воведување т.н. двослоен модел на членство,...

Топ1 ден

Почината жена пронајдена во стан во Струга

Вчера во 17:50 часот во ОВР Струга е пријавено дека во стан во Струга е пронајдена почината А.М.(57) од кичевското...

Европа1 ден

(Фото) Макрон се појави пред војниците со црвено и отечено око

Емануел Макрон се појави со црвено око за време на неговото годишно обраќање пред француските војници. Тој се пошегува, користејќи...

Свет1 ден

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман испратија предупредување до Трамп

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман го повикаа американскиот претседател Доналд Трамп да не започнува воздушни напади врз Иран, стравувајќи...

Свет1 ден

(Видео) Кенеди за исхраната на Трамп: Не знам како е сè уште жив, јаде навистина лоша храна

Американскиот секретар за здравство и човечки услуги, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, се осврна на навиките за јадење на Доналд Трамп,...

Свет1 ден

Венецуела најавува „нова политика“ и отворање на нафтените полиња за странски инвеститори

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, во четвртокот претстави законодавна иницијатива насочена кон зајакнување на нафтената индустрија. Реформите ќе овозможат...

Свет1 ден

Нови израелски напади врз Газа: убиени членови на Хамас и Исламски џихад

Воен офицер на Хамас, полицаец од палестинското движење и милитант на Исламски џихад се меѓу најмалку десет лица убиени во...

Свет2 дена

Путин: Светот станува поопасен, ситуацијата на меѓународната сцена се влошува

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека меѓународната ситуација се влошила и дека светот станува поопасен, но не ја спомена...

Македонија2 дена

Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери

Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК),...

Македонија2 дена

Поддршка за новиот закон, пасивното пушење е докажана причина за сериозни болести, велат од Институтот за медицина на трудот

Институтот за медицина на трудот на РСМ, СЗО Колаборативен центар, како водечка јавно-здравствена установа во оваа област, изразува целосна и...