Забава
Пронајдена украдената виолина вредна 300 илјади долари
Полицијата во Хонгконг успеала да ја пронајде 170 години старата виолина вредна околу 300 илјади американски долари, што била украдена од еден музичар додека се возел со траект.
Полицијата во Хонгконг успеала да ја пронајде 170 години старата виолина вредна околу 300 илјади американски долари, што била украдена од еден музичар додека се возел со траект.
Виолината изработена во Италија во 1838 година, е сопственост на Музејот за стари музички инструменти Чи Меи во Таинан, на Тајван.
Неименуван музичар го добил инструментот на заем за да настапи во културниот центар во Хонгконг.
Додека со траект поминувал од едниот до другиот крај на пристаништето по концертот, тој задремал, а крадец го однел инструментот.
Крадецот, за среќа, не бил свесен за вредноста на предметот и му го дал на својот роднина, кај кого, на крајот, бил и пронајден.
Полицијата го пронашла крадецот со помош на камерите за надзор поставени на траектот. /крај/ хи/мв
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кучер со пофалби за поранешната сопруга: Горд сум на неа, растури
Актерот Ештон Кучер ретко зборува јавно за својата поранешна сопруга Деми Мур, но овојпат направи исклучок и јавно ја пофали нејзината работа.
Промовирајќи ја својата нова серија The Beauty, Кучер во интервју за Entertainment Tonight се осврна на филмот The Substance („Супстанца“) од 2024 година, во кој глуми Мур.
„Нејзината улога во Супстанца доби исклучителни пофалби и навистина сум многу горд на неа – растури“, изјави Кучер.
Мур и Кучер започнаа врска во 2003 година, се венчаа во 2005, а за разделбата информираа во 2011 година. Разводот беше финализиран околу две години подоцна. Иако Мур во мемоарите Inside Out наведе дека Кучер ѝ бил неверен, актерот во 2020 година изјави дека меѓу нив „нема зла крв“.
Кучер додаде дека не се дружат, но дека останал во контакт со ќерките на Мур од бракот со Брус Вилис, нагласувајќи дека има голема љубов и почит кон нив.
Забава
Истражување открива кога машкото либидо го достигнува врвот
Ново научно истражување покажува дека машкoто либидо не го достигнува врвот во дваесеттите години, како што често се верува, туку околу 40. година од животот.
Студијата, спроведена од Универзитетот во Тарту во Естонија, опфатила повеќе од 67.000 возрасни лица на возраст од 20 до 84 години. Резултатите покажале дека сексуалната желба кај мажите постепено расте од раната зрелост, го достигнува врвот во раните четириесетти, а потоа повторно опаѓа. Интересно е што мажите во шеесеттите пријавиле слично ниво на либидо како и оние во дваесеттите.
Кај жените, резултатите биле поинакви: нивната сексуална желба е најизразена во дваесеттите и раните триесетти години, а со возраста постепено опаѓа, со поизразен пад по 50. година.
Авторите, во научното списание Scientific Reports, наведуваат дека врвот на машкото либидо во средната возраст укажува на значењето на фактори како стабилни врски и емоционална блискост, а не само на биолошкото стареење. Истражувањето покажало и дека, во просек, мажите имаат повисока сексуална желба од жените во поголем дел од возрасниот живот.
Дополнително, утврдени се разлики поврзани со сексуалната ориентација, образованието и професијата, при што лицата кои се идентификуваат како бисексуални пријавиле највисоко ниво на сексуална желба.
Забава
(Видео) Милиони измамени: Како ВИ моделот Ниа Ноар го излажа интернетот
Моделoт создаден со вештачка интелигенција, Ниа Ноар, успеа да измами милиони корисници на социјалните мрежи, собирајќи огромен број прегледи и следбеници. Нејзиниот профил на „Тик-ток“ има околу 2,7 милиони следбеници, а едно од видеата достигнало речиси 199 милиони прегледи.
Иако многумина верувале дека станува збор за вистинска личност, Ниа Ноар е целосно генерирана со ВИ. Корисници забележале дека нејзините танци и облека често се идентични со оние на реални креатори, додека позадините во видеата изгледаат статично и неприродно, особено во сцени што наводно се снимени на отворено.
@nianoir.xo♬ Big Guy – from “The SpongeBob Movie: Search for SquarePants” – Ice Spice
Константин Левинзон, коосновач на „Планет ВПН“, објасни дека ВИ-содржините често се препознаваат по проблеми со екстремитетите, неприродно мазна кожа, „стаклен“ сјај на очите и неускладеност меѓу субјектот и позадината. Според него, кај ВИ-сликите лицата често изгледаат „исклесано“, а не фотографирано.
Сè уште не е познато кој стои зад профилот, ниту дали ликот е базиран на реална личност. Сепак, и покрај очигледните знаци, содржината била доволно убедлива за да измами милиони луѓе.

