Забава
Убиецот на Џон Ленон пред комисија за помилување
Убиецот на Џон Ленон размислувал првин да го убие пејачот Џони Карсон или актерската дива Елизабет Тејлор наместо Ленон, но не може да се сети дали можна мета му била и Жаклина Кенеди, пренесува Асошиејтед прес
Убиецот на Џон Ленон размислувал првин да го убие пејачот Џони Карсон или актерската дива Елизабет Тејлор наместо Ленон, но не може да се сети дали можна мета му била и Жаклина Кенеди, пренесува Асошиејтед пресОва е дел од разговорот воден со 55-годишниот Дејвид Чепман на 7 септември во затворот „Атика“ со комисијата за помилување, чии делови денеска беа објавени. Во едно од неговите ретки интервјуа за медиумите, Чепмен ја спомена и Оназис како можна жртва, но пред комисијата изјавил дека може да се сети само на Карсон и Тејлор. Чепман е осуден на затворска казна од 20 години до доживотно, откако истрела пет куршуми во Ленон пред неговата зграда во Њујорк. Тој се изјасни за виновен за убиство од втор степен. Како што и претходно изјавуваше, тој го одбрал Ленон затоа што најлесно можел да дојде до него. „Имав список на луѓе и тој беше на врвот и ми се чинеше како најдостапен“, одговара Чепмен на прашањето зошто го одбрал Ленон и додава дека целите во тој момент не биле битни, туку битен бил само тој самиот и дека ако не го убиел Ленон, ќе убиел некој друг. Според едно интервју објавено уште во 1987 година, други потенцијални мети биле поранешниот соработник на ленон од групата „Битлс“, Пол Макартни, актерот Џорџ Скот, тогашниот гувернер на хаваи Џорџ Аријоша и тогашниот претседател, Роналд Реган. Чепман вели и дека мотивација му било моментално незадоволство со себе си, но дека се га разбира оти направил катастрофална грешка. „Чувствував дека со тоа што ќе го убијам Ленон ќе станам некој, но наместо тоа станав убиец, а убијците се ништо“, вели сега Чепман. /крај/ап/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

