Забава
Алцхајмеровата болест го чини светот 604 милијарди долари

Трошоците за лечење болести предизвикани од деменција и нејзините последици оваа година во светот ќе бидат повеќе од 604 милијарди долари, поточно еден отсто од бруто домашното производство на сите земји во светот, пишува во извештајот на Меѓународната организација за Алцхајмерова болест.
Трошоците за лечење болести предизвикани од деменција и нејзините последици оваа година во светот ќе бидат повеќе од 604 милијарди долари, поточно еден отсто од бруто домашното производство на сите земји во светот, пишува во извештајот на Меѓународната организација за Алцхајмерова болест.
Научниците ширењето на деменцијата го нарекуваат „епидемија која расте со брзината на стареењето на жителите на светот“, како луѓето живеат подолго, особено во развиените земји стануваат подложни на развојот на деменција.
Европските истражувачи во својата студија процениле дека 35 милиони луѓе ширум светот имаат деменција и најверојатно таа бројка ќе се зголемува двојно на секои 20 години, поточно на 66 милиони во 2030 година и на 115 милиони луѓе во 2050 година. Шансите човекот постар од 65 години за заболување од Алцхајмерова болест, најчестиот облик на деменција, се зголемува двократно секои пет години. Кога ќе навршат 85 години, луѓето имаат шанси околу 50 отсто да се разболат од Алцхајмерова болест.
Извештајот се заснова врз податоците собрани ширум светот, вклучувајќи ги и земјите во развој во Африка, Латинска Америка и Азија.
„Алцхајмеровата болест и другите деменции се најзначајната криза на здравството во 21-от век “, изјави Дејзи Акоста, претседателката на Меѓународната организација.
Мартин Принс, професор на Институтот за психијатрија на Кралскиот колеџ во Лондон, ги повика земјите да развијат подобри планови за лечење.
„Грижата за луѓето со деменција не е само здравствен проблем, тоа е огромен социјален проблем“, рече Принс.
Експертите исто така велат дека се потребни повеќе пари за истражување, за да може полесно да се открие што ја предизвикува деменцијата. Тие проценуваат дека финансирањето на истражувањето за деменција треба да се зголеми за 15 пати, што би било пропорционално со истражувањата за болестите на срцето. Постои третман за пациенти со ран облик на деменција или когнитивни проблеми, но не постои лек за Алцхајмерова болест./крај/ртрс/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Дилан Мекдермот потврди дека ќе глуми во серијата „Организиран криминал“

Дилан Мекдермот во средата потврди дека ќе глуми во серијата „Организиран криминал“ на Кристофер Мелони, продолжение на „Закон и ред“, чија премиера ќе биде оваа пролет на Ен-би-си.
59-годишниот добитник на „Златен глобус“, кој може да се пофали со 1.4 милиони следачи на социјалните мрежи, напиша: „Доаѓам“.
Нејасно е кого Дилан (роден Марк Ентони) ќе го портретира во 13-епизодната полициска серија, која се фокусира на ликот на детективот Елиот Стаблер.
Забава
„Вондер воман 1984“ ги зголеми активирањата на „ХБО макс“ за 17.7 милиони

Тоа беше киноиздание со најголема заработка во време на пандемија по неговото деби на Божиќ.
Се покажа дека одлуката на „Ворнер Брос“ премиерно да го прикаже „Вондер воман 1984“ на својата стриминг-услуга со претплата „Ејч-би-о макс“ во исто време со премиерата во киносалите се исплатеше одлично.
Во средата, матичната компанија AT&T откри дека како резултат, 17.7 милиони активирани корисници биле додадени на „Ејч-би-о макс“ до крајот на декември.
Овој број на активирани корисници е двојно поголем од оној на крајот на септември.
Извршниот директор на AT&T, Џон Стенки, ја сподели веста за успехот во период кога се објавува заработка во четвртиот квартал.
„Објавувањето на Wonder Woman 1984 помогна нашите домашни претплатници на HBO Max и HBO да достигнат цифра од 41 милион, што е за две години побрзо од нашата првична прогноза“, изјави Станки, како што пренесуваат медиумите.
Забава
Џими Кимел ги повика холивудските ѕвезди да му го честитаат 50. роденден на Гилермо

Џими Кимел ги повлече сите конци за да му посака среќен 50. роденден на својот близок пријател и колега а порано член на обезбедувањето, Гилермо Родригез.
Во видео што се емитуваше во средата вечерта во текот на неговото ток-шоу „Џими Кимел лајф“, 53-годишниот водител побара помош од 50 славни пријатели да испратат снимки во која му наздравуваат на Родригез со текила по повод роденденот.
Во составот на ѕвездите беа Џорџ Клуни, Шарлиз Терон, Кортни Кокс, Џенифер Анистон, Мет Дејмон, па дури и Џон Фавро со Бејби Јода, и многу други. Тие сите пратија снимки со текила во чест на роденденот на Гилермо.
Првата селебрити личност што му посака среќен роденден на Гилермо беше Шарлиз Терон, која рече „ќе дојдам во твојата куќа со две чаши, затоа што една птичка ми кажа дека ти е 50-ти“.
И Мајкл Б. Џордан му посака среќен роденден на Гилермо, додека Дуа Липа додаде: „Дното горе, среќен роденден Гилермо“. Реџина Кинг рече: „За тебе голем Г.“
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Свет3 месеци
Нова студија – кај болните од Ковид-19 пред температура се јавуваат други два симптома