Забава
Уловена риба со човечки заби

Една рибата која е уловена од езерото Вили од страна на извесен на Френк Јарборг од гратчето Кловер, е енигма за локалните научници, пренесува WBTV.
Една рибата која е уловена од езерото Вили од страна на извесен на Френк Јарборг од гратчето Кловер, е енигма за локалните научници, пренесува WBTV.
Јарборг помислил дека уловил сом, но кога со раката посегнал да ја извади рибата од водата, таа силно го изгризала за палецот. Френк открил дека рибата има необични заби слични на човечките. Мостри од рибата се испратени на анализа во Флорида за да се открие за кој вид на риба се работи, рече Роберт Строуд, биолог од Канцеларијата за природни ресурси на Јужна Каролина.
„Рибата веројатно и припаѓа на видот Colossama macropomum, која уште се нарекува и Пац и потекнува од амазонскиот залив“, објасни Строуд.
Рибата која Јарборг ја уловил била тешка повеќе од два килограми и долга пола метар. Езерото Вили не е нејзиното природно живеалиште, а Строуд претпоставува дека некој во него ја пуштил од аквариум./крај/wbtv/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
По стапките на тако му: Патрик Шварценегер покажува стомачни на одмор во Мауи

Неговиот татко Арнолд Шварценегер е еден од најпознатите бодибилдери на сите времиња дури и пред да ја започне својата филмска кариера.
Патрик Шварценегер се чини дека посветува доста внимание на добра фигура кога ги покажа затегнатите стомачни мускули на плажа во Мауи, Хаваи во саботата.
27-годишниот актер беше забележан како излегува од Пацификот по сесија нуркање со група пријатели.
Забава
Расел Кроу во одбрана на култниот-класик „Господар и заповедник“

Расел Кроу не прифаќа неприкладни коментари за еден од неговите омилени филмови во кои глумел некогаш.
56-годишниот оскаровец се огласи на Твитер во саботата за да застане во одбрана на својот поморски еп од 2003 година „Господар и заповедник : Далечната страна на светот“ по зајадливиот твит на шкотскиот пејач текстописец Иан Мекнеб .
Во реакција на твитот на музичарот, Кроу напиша дека тоа е “симптом на денешните деца“, додека многу твитерџии побрзаа да го бранат култниот-класичен филм.
Мекнеб ја поттикна полемиката со коментар за моменталната локдаун-ситуација, и го спомна филмот.
„Многу луѓе се жалат на недостаток на сон среде пандемија“, напиша тој. „Може ли да ви го препорачам „Госпдар и заповедник“ со Расел Кроу во главната улога, актер кој обично ви го привлекува вниманието. Никогаш не сум ја поминал границата од десет минути. Ти благодарам Расел,“ додаде музичарот и го тагна актерот за да може да го види твитот.
Расел Кроу набргу се огласи со реакција.
„Тоа е проблемот со децата овие денови. Нема фокус “, одговори Кроу, иако Мекнеб е четири години постар од него.
Актерот сподели некои специфики што го прават филмот не само привлечен, туку и убав за гледање. „Филмот на Питер Вирс е брилијантен. Прецизна, детално ориентирана, епска приказна за верност кон империјата, без оглед на цената. Неверојатна кинематографија од Расел Бојд и величествен саундтрек.“
„Дефинитивно филм за возрасни“, додаде тој.
Забава
(Видео) Новиот филм со Лијам Нисон го симна од тронот „Вондер воман 1984“

Блокбастерот за суперхеројката беше соборен од првото место на киноблагајните изминатиов викенд.
„Марксмен“, новиот експлозивен трилер на Лијам Нисон, ја детронира жената чудо и по четиринеделна доминација на киноблагајните, „Вондер воман 1984“ падна на местото број три.
Акциониот трилер го победи суперхеројскиот хит во првите четири дена прикажување во киносалите, според „Холивуд репортер“.
Ова е вторпат еден од филмовите на Нисон да се најде на врвот на киноблагајните за време на пандемијата, откако неговиот трилер „Искрен крадец“ исто така се искачи првото место во октомври.
Режисер на „Марксман“ е Роберт Лоренц, кој има продуцирано повеќе филмови за Клинт Иствуд, па дури и го режира Trouble With The Curve (2012 година).
Во новиот филм Нисон глуми сточар во Аризона, кој треба да ја искористи некогашната обука за маринец за да спаси младо момче киднапирано од мексикански наркокартел.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира