Забава
Ѓердан на Лејди Ди се продава за 2.5 милиони евра
Њујоршката аукциска куќа ќе продаде на аукција предмети на познати личности, вклучувајќи и еден од највпечатливите ѓердани на британската принцеза Дајана.
Њујоршката аукциска куќа ќе продаде на аукција предмети на познати личности, вклучувајќи и еден од највпечатливите ѓердани на британската принцеза Дајана.
Впечатливиот накит кој и припаѓал на принцезата од Велс бил носен од принцезата за време на претставата “Лебедово езеро” во “Ројал Алберт Хол” во јуни во 1997 година.
Според организаторите на настанот, ѓерданот на Лејди Ди ќе биде продаден за приближно 2.5 милиони американски долари.
Накитот на британската принцеза е направен од 164 дијаманти./крај/бг/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Гордон Ремзи ја омажи ќерка си, се појави Викторија Бекам и ги воодушеви сите
Холи Ремзи, ќерка на познатиот готвач Гордон Ремзи, и Адам Пити, олимписки пливач, се венчаа во саботата во црквата Бат Аби. На свадбата присуствуваа многу познати личности, вклучувајќи го и семејството Бекам – секако, без Бруклин Бекам, кој е во лоши односи со нив.
Сепак, ова не ги спречи Викторија и Дејвид Бекам да блеснат на овој голем настан, а секако мајката на семејството привлече посебно внимание. Викторија Бекам одлучи да облече фустан од својата модна колекција за оваа пригода и со тоа да направи одлична промоција на брендот.
Victoria Beckham wows in stunning £1,290 satin teal dress from her own collection while her daughter Harper, 14, follows in her mother's glamorous footsteps with £3k Bottega handbag as the family attend Adam Peaty and Holly Ramsay's wedding https://t.co/TFZBnwe6Fk
— Daily Mail (@DailyMail) December 28, 2025
Таа носеше сатенски фустан во смарагдна боја кој ја следеше линијата на телото и ја нагласуваше нејзината витка фигура. Не треба да се изостави пристојно деколте, кое само го „зачини“ ова минималистичко издание.
Стајлингот го надополни со едноставни додатоци – дијамантска нараквица, но и едвај забележлива шминка.
Додаде и темни очила кои служеа за една цел – да ја заштитат од странските медиумски фотографи кои брзаа да ја фотографираат.
Што се однесува до господинот Бекам, тој носеше црно одело со вратоврска, а додаде и беж капут со класичен крој.
Забава
(Видео) Најголемиот тренд за оваа зима доби потврда: И тоа од Кејт Мидлтон
Британското кралско семејство присуствуваше на традиционалната божиќна миса, а како и обично, Кејт Мидлтон се истакна со своето модно издание.
Kate Middleton stepped out for Christmas Day services wearing her brown tartan Blazé Milano coat, the same piece she wore during her first public engagement of the year when she surprised the public and announced she was in remission. ❤️ 📸: WireImage; Getty pic.twitter.com/p1g7F2SgNJ
— Page Six (@PageSix) December 26, 2025
Принцезата од Велс веќе е прогласена за најдобро облечена жена за 2025 година, па сега таа само потврди сè по илјадити пат и зацврсти еден тренд.
Најпопуларната боја оваа сезона е кафеава, а Кејт Мидлтон го знае ова многу добро, бидејќи се појави на мисата облечена во кафеава комбинација од глава до пети. Карираниот капут беше ѕвездата на овој аутфит, но принцезата направи и мал моден експеримент.
Она што ретко се гледа е комбинација од различни карирани дезени, а Кејт го направи токму тоа. Под нејзиниот долг и совршено модерен капут, се гледаше миди здолниште, исто така карирано, но во малку поинакви нијанси.
Чевли, чанта, ракавици – сè беше во кафеава боја и некако го „смири“ целиот аутфит, а Кејт Мидлтон потврди директно од кралскиот двор што ќе биде најмодерно оваа зима.
И тоа не е сè. Кејт уште еднаш покажа дека рециклирањето на модата е пожелно секогаш и насекаде, па затоа таа веќе го носеше гореспоменатиот капут кога првпат се појави пред сите и објави дека е во ремисија.
Забава
(Фото) Поранешната прва дама маѓепса во чипка и стави крај на гласините: Се сакаат повеќе од кога било
Мишел и Барак Обама позираа еден до друг за Божиќ, посакувајќи си еден на друг среќен празник, но и покажувајќи дека сè е во ред меѓу нив. Во оваа прилика, Мишел особено блескаше во малку посмела модна облека.
„Среќен Божиќ! Барак и јас ви ги испраќаме нашите искрени желби за празниците и радосен почеток на новата година“, напиша Мишел.
Во објава на социјалните мрежи, двојката стоеше пред дрвја украсени со светилки, прегрнати.
Барак (64) носеше целосно црна комбинација со беж јакна, додека Мишел (61) позираше во црн фустан од чипка.
Познатите следбеници на двојката, вклучувајќи ја и Софија Буш од серијата „One Tree Hill“, со ентузијазам коментираа како Мишел изгледаше „прекрасно“ во нејзината смела облека.
Барак ја сподели истата празнична фотографија во својата приказна на Инстаграм со опис: „Среќен Божиќ! Мишел и јас се надевам дека ќе имате прекрасен празник исполнет со светлина и радост“.
Мишел и Барак се во брак од 1992 година и остануваат во многу добри односи, и покрај бројните гласини за развод претходно оваа година.
Двојката директно се осврна на гласините во јуни во подкастот на Мишел „IMO“.
Политичарот се пошегува за насловите, смеејќи се: „Таа ме врати! Беше малку неизвесно“.
Мишел негираше какви било брачни проблеми за време на епизодата.
„Никогаш немаше момент во нашиот брак кога помислив да се откажам од мојот сопруг. Имавме навистина тешки времиња, но имавме многу прекрасни моменти, многу авантури и станав подобра личност поради човекот со кој сум во брак“, додаде поранешната прва дама во тоа време.

