Забава
Квалитетниот одмор на организмот му е добар како и сонот

Американскиот специјалист за спиење доктор Матер Едлунд на оние кои имаат проблем со несоницата им предлага квалитетен одмор.
Американскиот специјалист за спиење доктор Матер Едлунд на оние кои имаат проблем со несоницата им предлага квалитетен одмор.Недостатокот од сон може да доведе до депресија, дебелина па дури и прерана смрт.
Клучот, објаснува Едлунд е како се одмораме. Преку долгогодишната работа со пациентите открил дека правилниот одмор е важен за обновување на телото подеднакво како и квалитетниот сон. Важно е да се спомене дека квалитетн одмор не подразбира излежување пред телевизор и тој го нарекува пасивен одмор. Иако и тоа помага во обновата на клетките мозокот е презафатен па советува активен одмор како идеално решение.
Активниот одмор тврди научникот го редуцира стресот, го подобрува здравјето и го продолжува животот, а го дели на општествен (дружење со пријателите и луѓето кои ги сакаме), ментален (контролирана концентрација), физички и духовен кој ги користи медитацијата и молитвата за релаксација.крај/сж
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Расел Кроу во одбрана на култниот-класик „Господар и заповедник“

Расел Кроу не прифаќа неприкладни коментари за еден од неговите омилени филмови во кои глумел некогаш.
56-годишниот оскаровец се огласи на Твитер во саботата за да застане во одбрана на својот поморски еп од 2003 година „Господар и заповедник : Далечната страна на светот“ по зајадливиот твит на шкотскиот пејач текстописец Иан Мекнеб .
Во реакција на твитот на музичарот, Кроу напиша дека тоа е “симптом на денешните деца“, додека многу твитерџии побрзаа да го бранат култниот-класичен филм.
Мекнеб ја поттикна полемиката со коментар за моменталната локдаун-ситуација, и го спомна филмот.
„Многу луѓе се жалат на недостаток на сон среде пандемија“, напиша тој. „Може ли да ви го препорачам „Госпдар и заповедник“ со Расел Кроу во главната улога, актер кој обично ви го привлекува вниманието. Никогаш не сум ја поминал границата од десет минути. Ти благодарам Расел,“ додаде музичарот и го тагна актерот за да може да го види твитот.
Расел Кроу набргу се огласи со реакција.
„Тоа е проблемот со децата овие денови. Нема фокус “, одговори Кроу, иако Мекнеб е четири години постар од него.
Актерот сподели некои специфики што го прават филмот не само привлечен, туку и убав за гледање. „Филмот на Питер Вирс е брилијантен. Прецизна, детално ориентирана, епска приказна за верност кон империјата, без оглед на цената. Неверојатна кинематографија од Расел Бојд и величествен саундтрек.“
„Дефинитивно филм за возрасни“, додаде тој.
Забава
(Видео) Новиот филм со Лијам Нисон го симна од тронот „Вондер воман 1984“

Блокбастерот за суперхеројката беше соборен од првото место на киноблагајните изминатиов викенд.
„Марксмен“, новиот експлозивен трилер на Лијам Нисон, ја детронира жената чудо и по четиринеделна доминација на киноблагајните, „Вондер воман 1984“ падна на местото број три.
Акциониот трилер го победи суперхеројскиот хит во првите четири дена прикажување во киносалите, според „Холивуд репортер“.
Ова е вторпат еден од филмовите на Нисон да се најде на врвот на киноблагајните за време на пандемијата, откако неговиот трилер „Искрен крадец“ исто така се искачи првото место во октомври.
Режисер на „Марксман“ е Роберт Лоренц, кој има продуцирано повеќе филмови за Клинт Иствуд, па дури и го режира Trouble With The Curve (2012 година).
Во новиот филм Нисон глуми сточар во Аризона, кој треба да ја искористи некогашната обука за маринец за да спаси младо момче киднапирано од мексикански наркокартел.
Забава
Кајли Џенер предизвика иронични коментари на „Инстаграм“

Кајли Џенер многу често се фали на „Инстаграм“ со своето богатство.
Но, псевдомилијардерката очигледно се справува со проблемите на нормалните луѓе, а нејзините фанови сакаат да го видат тоа. Но, овој пат изгледа дека претера.
Таа неодамна пишуваше на „Твитер“ за слабиот притисок на водата во бањата и во слушалката на тушот кога сподели фотографија од нејзиниот масивен туш на „Инстаграм стори“.
Подоцна, 23-годишната Кајли доби критики од следачите на социјалната мрежа, од кои еден иронично напиша: „Зошто никој не дебатира за е**** туширање на Кајли Џенер… за притисокот на водата и големината на главата за туширање? Некој веднаш да ѝ најде водоводџија на девојкава“.
Таа не би требало да има проблем со евентуална надградба на системот имајќи предвид дека се најде на листата на „Форбс“ на најбогати жени за 2020 година со нето-богатство од 700 милиони долари.
На тие пари смешно е да пишувате за технички проблеми во бањата, коментираат таблоидите.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира