Забава
Паровите поради „шестото сетило“ можат да си ги читаат мислите
Дали ви се случува некогаш да помислите дека вашиот партнер може да ви ги прочита мислите и дали тој често ги завршува вашите реченици?
Дали ви се случува некогаш да помислите дека вашиот партнер може да ви ги прочита мислите и дали тој често ги завршува вашите реченици?
Најновото истражување покажува дека тоа може да се случи, пренесува дејли меил. Тим на научници кои го проучувале „шестото сетило“ закучиле дека постојат парови кои се психолошки усогласени и кај нив постојат идентични обрасци во работата на мозокот.
Волонтерите дошле до состојба во која нивниот нервен систем им овозможувал полесно да ги сфатат и мислите и емоциите на другиот. Научниците веруваат дека ова ново откритие фрла ново светло врз односите со партнерите, блиските пријатели и членовите од семејството.
Триша Страфод, од Технолошкиот факултет во Синднеј, која учествувала во истражувањето, ги проучувала активностите на мозокот и чукањето на срцето. Изменетата состојба на мозокот кој контролира делови на нервниот систем почнуваат да се спојуваат и да работат заедно, така што им овозможува на луѓето длабоко да се поврзат преку „шестото сетило“, вели Страфод./крај/дејлимеил/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Ди Kаприо се присети кога Бред Пит ги помешал неговите родители со статисти: „Никогаш нема да го заборавам тоа“
Холивудскиот актер Леонардо Ди Каприо неодамна се присети на ситуација кога Бред Пит ги запознал неговите родители.
Имено, 51-годишниот актер во интервју за списанието „Тајм“ се присети на симпатичен момент од снимањето на филмот „Си беше еднаш во Холивуд“, кога Бред Пит ги запознал неговиот татко Џорџ Ди Каприо и маќеата Пеги Ен Фарар.
„Мојата маќеа е следбеничка на сикизмот. Мојот татко потекнува од хипи контракултурата, израснал во Сан Франциско и Лос Анџелес и се дружел со многу луѓе од андерграунд уметничкото движење во Лос Анџелес во 1970-тите“, раскажа Ди Каприо, објаснувајќи зошто Бред Пит бил збунет кога ги сретнал неговите родители.
„Се сеќавам на моментот кога излегувавме од ресторанот Musso & Frank’s на Холивуд Булевар и му реков на Бред Пит: ‘Тоа е мојот татко, а ова е мојата маќеа’. А тој ми одговори: ‘Да, сигурно’. Јас му велам: ‘Не, навистина, тоа се тие’. А тој повторно вели: ‘Да, сигурно’“, раскажа Ди Каприо низ смеа.
Актерот потоа додаде дека е свесен оти неговите родители навистина изгледаат како статисти во филмот.
„Си помислив: ‘Знам дека изгледаат како статисти во овој филм, но тоа навистина се тие. Така се облекуваат секој ден’. Тоа беше неверојатен момент. Никогаш нема да го заборавам“, додаде Ди Каприо.
Инаку, филмот „Си беше еднаш во Холивуд“ (2019) е деветтиот филм што го напиша и режираше Квентин Тарантино. Станува збор за хумористична драма сместена во Лос Анџелес во 1969 година, која претставува „љубовно писмо“ до последните моменти на златната ера на Холивуд.
Фото: Depositphotos
Забава
(Видео) Генијален трик: Со даска за пеглање спакувајте подарок како професионалец
На сите кои сакаат да пакуваат подароци, овој трик со даска за пеглање и метла може многу да им користи.
Празниците се период кога се купуваат и подаруваат најмногу подароци, а ако сте меѓу оние што обрнуваат посебно внимание на деталите, тогаш пакувањето сигурно ви е важен дел од процесот.
View this post on Instagram
Сепак, ако имате повеќе подароци за пакување, тоа може да стане непрактично, иако е забавно. Токму затоа во помош доаѓа — даската за пеглање.
Како изгледа овој трик во пракса, можете да видите во видеото.
Забава
Колку често треба да водите љубов за да бидете здрави
Сексот не е само пријатен, туку може да има и значајни здравствени придобивки, а ефектите зависат од тоа колку често се практикува. Професорката по сексуално и репродуктивно здравје, Кајл Велингс истакнува дека редовната сексуална активност може да го подобри имунитетот, менталното здравје и здравјето на срцето.
Истражувањата покажуваат дека секс еднаш до двапати неделно ја зголемува заштитата од инфекции.
Според студиите, исто така, секс еднаш во неделата позитивно влијае на линијата; 2 пати неделно – зајакнување на имунитетот; 3 пати неделно – двојно помал ризик од срцев удар; 4 пати неделно – подобар тен; 5 пати неделно – повеќе енергија, оптимизам и креативност.

