Забава
За пет години војниците ќе добијат супер униформа

Супер оделата како она во филмот „Iron man“ ќе се најдат во употреба на воените полиња за помалку од пет години, тврдат официјални лица од фирмата што ги развива.
Супер оделата како она во филмот „Iron man“ ќе се најдат во употреба на воените полиња за помалку од пет години, тврдат официјални лица од фирмата што ги развива.
Оделото XOS2 или поедноставно „ексос“ што го дизајнира фирмата „ Raytheon Sarcos“ му овозможува на корисникот да носи 70. килограми со малку или речиси без напор, како и да скрши четири дрвени даски одеднаш.
Егзоскелетот е дизајниран да издржи товар и да носи тешки торби, залихи, вода, муниција и гранати.
„Ексос“ е втор прототип на супер одело што поекономично го користи својот извор на напојување. Компанијата најпрво сака да ја развие верзијата на оделото што ќе мора да биде споена на постојан извор на енергија, а потоа ќе се сврти кон подобрувања со цел на корисникот на оделото да му се овозможи целосна слобода на движењето.
„Очекуваме првата верзија на супер оделото да се користи во воените зони за помалку од пет години, а втората верзија три до пет години подоцна“, изјави Фрејзер Смит, потпретседател на компанијата. /крај/сар/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Роберт де Ниро, Мајк Маерс, Крис Рок во мистериозен филм на Дејвид Расел

Тој се врати за својот прв филм по повеќе од пет години.
Режисерот Дејвид О. Расел продолжува да регрутира големи имиња за својот строго доверлив проект, кој моментно се снима во јужна Калифорнија.
Во најавата за филмот медиумите пишуваат дека новиот проект е голема мистерија бидејќи ништо не се открива за содржината.
А во четвртокот „Дедлајн“ објави три големи имиња во актерската екипа – Роберт де Ниро, Мајк Мајерс и Крис Рок.
Ова ќе биде вторпат Де Ниро да работи со овој режисер. Тој претходно глумеше во Silver Linings Playbook со Џенифер Лоренс и Бредли Купер.
Регрутирањето познати актери не запира тука. На екипата ќе ѝ се придружи и Ања Тејлор-Џој, ѕвездата на хит-серијата на „Нетфликс“, „Дамски гамбит“ (The Queen’s Gambit), во која таа покажа извонредна глума.
Забава
Џесика Честејн, поборник за силата на жените, во насловната сторија на „Шејп“

Џесика Честејн ја краси насловната страница на списанието „Шејп“, во двомесечно издание јануари/февруари.
43-годишната црвенокоса бомба разговара со женскиот магазин за здравје во врска со нејзиниот пристап кон фитнесот и храната, и поплочувањето на патот на жените во Холивуд во борбата за фер плата.
Позирајќи во живописни неонски бои, актерката на Zero Dark Thirtу се отвори за својата мисија да ја искористи својата платформа за „вистинска акција“, како што рече.
Ветеранка во филмската индустрија, која може да се пофали со две номинации за „Оскар“, Честејн открива дека таа е повеќе од убаво лице додека зборува за вложувањето напори за да се направи промена во Холивуд.
Забава
„Во нашите срца засекогаш“: Селин Дион на петтата годишнина од смртта на сопругот Рене Анжелил

Селин Дион во четвртокот му оддаде почит на покојниот сопруг Рене Анжелил на петтата годишнина од неговата смрт.
Музичката дива (52) на својот Инстаграм-профил сподели фотографија на која се гледаат двајцата како се држат за раце.
Во описот на објавата, таа напиша: „Рене, поминаа веќе 5 години … Нема ден да не мислиме на тебе.“
„Ти си во нашите срца и во нашите животи засекогаш. Те сакаме, Селин, Рене-Чарлс, Нелсон и Еди.“
Канадската дива, еден од најмоќните вокали во светот, беше во брак со нејзиниот менаџер од 1995 година до неговата смрт од рак на 73-годишна возраст.
Двојката имаше три сина заедно, Рене-Чарлс кој сега има 19 години, и близнаците Нелсон и Еди (10).
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира