Забава
Алкохолизмот во Холандија се лечи со пиво
Во Холандија се спроведува необичен третман за лечење од алкохол, иако се смета дека златното правило на одвикнување од пиење е апстиненцијата, холандските лекари им дозволуваат на своите штитеници и до пет литри пива дневно.
Во Холандија се спроведува необичен третман за лечење од алкохол, иако се смета дека златното правило на одвикнување од пиење е апстиненцијата, холандските лекари им дозволуваат на своите штитеници и до пет литри пива дневно.Бездомниците и алкохоличарите се неизбежен дел од секое општество. Исклучок не е ниту богатата Холандија. Поради тоа лекарите таму одлучија да им помогнат на тие луѓе.Центарот Малибан, оддалечен 20 километри од Амстердам, пред година дена ја отвори својата врата на бездомниците кои се тешки алкохоличари, кои во центарот дневно можат да испијат и до пет литри пиво дневно.„За ваквата група луѓе, кои со децении се зависни од алкохол, а притоа и бездомниците без семејство, за таквата група, најтешки зависници, сметам дека апстиненцијата, барем во овој период на нивниот живот, не е реална и не треба да тежнееме кон тоа“ изјави водачот на оваа програма, психијатарот Јуџин Шоутен за германското радио „Дојче веле“.Поради ова, Јуџин на своите штитеници им дозволува да пијат алкохол, но со одредени правила. Прво, пивото може да го пијат само во рамките на установата и тоа по литар на еден час. Првото пиво мораат да го нарачаат веќе во 7:30 часот наутро, а последното во 21:30 часот.„Моите родители умреа многу млади. Јас тогаш бев само разгален тинејџер. Најпрвин почнав да пушам трева, а по дувањето, на ред дојде и пијалокот. Сега имам жена и 20 годишен син. Тој ме мрази бидејќи пијам и често завршувам во затвор“ вели Маршал ван Зајтерен, еден од тешките алкохоличари, кои се приклучија на оваа програма.„Во рамките на нашата програма, штитениците консумираат само лесни пива. Поради тоа можеме и лесно да им пријдеме и да ги разбереме. Забележуваме дека нивната психичка состојба се подобрува, но и физичкото здравје. Кај нас добиваат по три оброци на ден“ вели Ѓоутен.Програмата која е преземена од Канаѓаните, малку е прилагодена и за прв пат применета во Европа. По една година, лекарите се задоволни бидејќи не очекуваат чудо. За нив е доволно штитениците по третманот да го намалат количеството на алкохол што го консумираат и да почнат пристојно да живеат.Слично мислење има и штитеникот Маршал, кој не мисли дека засекогаш ќе престане да пие.„Пробав да го оставам алкохолот многу пати, но мислам дека се лажев. Ова е за мене најдобро решение, бидејќи успевам алкохолот да го држам под контрола. Исто така овде јадам здраво, а храната е мошне важна. Прво јадење, па пиење“ порачува тој./крај/блиц/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

