Забава
Дојче Веле: Хормоните во реките како „темпирана бомба“
Загаденоста на водата придонесува за уште една опасност – хормоните кои човекот ги исфрла во водата преку лековите, тн. ксенобиотици, кои некои научници ги нарекуваат темпирана бомба, влијае врз процесот на размножување.
Загаденоста на водата придонесува за уште една опасност – хормоните кои човекот ги исфрла во водата преку лековите, тн. ксенобиотици, кои некои научници ги нарекуваат темпирана бомба, влијае врз процесот на размножување. Економскиот развој и урбанизацијата имаат драматични последици по водотеците на целата планета Земја, пренесува Дојче веле. Се претпоставува дека до 2050. година во градовите ќе живеат околу пет милијарди луѓе. На нив ќе мора да им се обезбеди снабдување со вода, а ќе мора и да се преработи канализациската отпадна вода. Научниците предупредуваат дека постои и опасност која е скоро невидлива, таканаречените ксенибиотици, кои се наоѓаат во реките и морињата. Истражувачите го докажаа нивното постоење во телата на рибите, птиците, па дури и кај белите мечки. Малин Фалкенмарк, хидролог од Шведска, говори дури и за темпирана бомба. „Овие супстанци се проблем за нас и идните генерации бидејќи влијаат на процесот за размножување. Доколку се најдат еднаш во водата, тие ќе се рашират низ светот, бидејќи водата е насекаде околу нас,“ вели таа. Хемикалиите кои се користат во индустријата исто така може да содржат материи кои имаат хормонско дејство. Тие остануваат многу долго активни бидејќи тешко се разградуваат во водата, тврди Патриција Холм од универзитетот од Базел. „Поради тоа што материите делуваат на ист начин како хормоните, тие предизвикуваат иста реакција во телото на другите живи суштества. Така хормоните кои ги излачуваме во водата делуваат на рибите, амфибиите и другите ‘рбетници кои живеат во водата, на ист начин на кој овие супстанци делуваат во нашето тело“. Научниците се сè уште на почетокот на истражувањето на последиците на оваа појава. Така се знае дека мешањето на различните супстанци, до кое доаѓа во реките и морињата, може да го засили нивниот ефект, пишува Дојче Веле. „Утврдивме дека во изминатите педесет години радикално, понекогаш дури и за 50 отсто е намалена количината на сперматозоидите кои ги произведува машкото тело. Постои зголемување на стапката на заболени жени од рак на дојката. Од друга страна истражувањата докажаа дека кај стаорец со зголемена доза на естроген расте стапката на заболување од тумор кој е сличен на оној на дојката“, вели Патриција Холм. Холм бара отварање на широка јавна дебата во која нема да учествуваат само биолози и хемичари, туку и политичари и правници. Потрошувачите исто така мораат да се запрашаат кои супстанци се неопходни а кои се купуваат едноставно затоа што го прават животот полесен. Во ЕУ е дозволена употребата на околу 30.000 разни медицински препарати. Освен тоа, истражувањата покажуваат дека околу третина од тие препарати не се искористуваат, туку се фрлаат во ѓубре или во WC шолјата. Експертите се единствени во едно: доколку некои штетни материи успеат да дојдат до водотеците, порано или подоцна ќе го пронајдат патот до нашите тела, низ водата или преку продуктите што се трошат./крај/дв/бл/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

