Забава
Течат подготовките и пробите за „Ем-ти-ви“ наградите
Церемонијата „Ем-ти-ви видеомузички награди 2020“ (2020 MTV VMAs) ќе се одржи во недела навечер, кога најдобрите во музичката видео-уметност ќе бидат наградени за нивниот придонес во изминатава година.
Покрај вообичаените категории, вклучувајќи и изведувач на годината, песна на годината, најдобра соработка и други, „Ем-ти-ви“ додаде две нови категории насочени кон почитување на музиката создадена среде пандемијата: најдобро музичко видео од дома и најдобра изведба во карантин.
Сепак, главната награда сè уште е категоријата музичко видео. И додека привршува времето на гласање за фановите да го изберат своето омилено видео, фаворитите се во исчекување на финалето.

А меѓу нив, Лејди Гага (34) и Аријана Гранде (27) добија најмногу номинации – по девет секоја, објави магазинот „Пипл“. Тие ќе настапат во живо со хитот Rain On Me како дел од програмата на овогодинешната церемонија, која првично требаше да се одржи со ограничена публика во „Баркли центар“ во Бруклин, но наместо тоа, ќе се одржи на различни локации на отворено.
Еден од најважните настани за врвните уметници-изведувачи ќе се емитува на 30 август, во раните утрински часови недела спрема понеделник, од неколку локации во Њујорк.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Пет бои за ѕидови кои веднаш го трансформираат и наједноставниот простор во скап дом
Изборот на вистинската нијанса при уредувањето на вашиот дом може да го направи да изгледа поелегантно, потопло и поскапо без да потрошите многу пари. Ако сакате луксуз и софистицираност, изберете бои што зрачат со длабочина, префинетост и безвременски шарм.
1. Длабоко смарагдно зелена
Оваа богата, темна нијанса на зелена веднаш потсетува на луксузни ентериери и хотели. Смарагдно зелената е моќна, но сепак смирувачка, и изгледа особено убаво кога се комбинира со златни акценти и темно дрво.
2. Темно сина (navy blue)
Темно сината додава сериозност и софистицираност на ѕидовите, правејќи го просторот елегантен. Идеална е за дневни соби или спални соби, бидејќи создава чувство на длабочина и луксуз без да биде премногу драматична.
3. Топла сива со беж нијанси (greige)
Ова е совршен избор за оние кои сакаат неутрални тонови, но сакаат поголема софистицираност. Оваа боја изгледа многу елегантно, лесно се комбинира со различни стилови и му дава на просторот исклучително софистициран изглед.
4. Темно чоколадно кафеава
Длабоко кафеавата нијанса внесува топлина и луксуз во секој простор, особено кога се комбинира со кадифени текстури и топли светилки. Иако е темна, не делува тешка, туку многу елегантна и отмена.
5. Пригушена бордо или вино боја
Бордо тоновите зрачат со елеганција и класика, а на ѕидовите им даваат драматичен, но софистициран карактер. Оваа боја совршено функционира во простори каде што сакате да создадете чувство на интимност, луксуз и уникатност.
Со правилен избор на боја, дури и наједноставниот простор може веднаш да добие луксузен и гламурозен допир, без поголеми интервенции и со максимален ефект.
Забава
(Фото) Најголемата слава ѝ донесе и најголеми проблеми: „Плачев без престан“
Поранешната членка на „Спајс Грлс“, Мел Си, денес воодушевува со изгледот, но малкумина се сеќаваат на проблемите со кои се бореше на почетокот на нејзината кариера и додека беше во популарниот бенд.
Во едно интервју, Мел Си детално зборуваше за нарушувањето во исхраната со кое се бореше, а откри и дека нејзините колешки од бендот во тоа време, вклучувајќи ја и Викторија Бекам, ѝ понудиле помош, која таа секогаш ја одбивала.
„Вежбав сè повеќе и повеќе, а јадев сè помалку и помалку. Станував сè помала и помала. Беше физички видливо, многу забележливо. Моите колешки се обидуваа да разговараат со мене, но не сакав да слушам“, изјави таа за The Times of London.
Нејзината состојба најмногу се влоши кога остана сама, а пресвртницата дојде кога забремени пред 16 години.
„Се враќав дома и бев сама. Не можев да станам од кревет, плачев цело време. Почнав да се прејадувам, но во тоа време не разбирав за што станува збор. Бременоста сè ми промени, тоа беше прв пат да бидам горда на моето тело“, беше искрена Мел.
Мел Си сега има 52 години и сите нејзини проблеми се зад неа. Таа живее сосема поинаков начин на живот и никогаш не сакала јавно да ја разоткрие својата ќерка бидејќи се плашела од последиците што славата може да ги има врз неа.
Забава
Најубавата манекенка повторно е соло: Раскина со каубојот по две години врска
Иако се чинеше дека нивната љубовна приказна ќе трае, моделот Бела Хадид е повторно сингл. Таа ја заврши врската со професионалниот јавач Адан Бануелос, со кого беше во врска две години, а извор за Entertainment Tonight изјави дека се обидува да остане позитивна и да не размислува постојано за раскинувањето.
Шпекулациите за нивната романса се појавија на есен 2023 година, со тврдења дека се во врска долго време, а откако ја потврдија својата љубов, повеќе не се разделија.
Во октомври 2023 година, тие беа фотографирани како разменуваат нежности во Тексас, што потврди дека нивната љубов станува се посериозна. И двајцата имаат љубов кон јавањето и коњите, и се појавија заедно на бројни настани.
Во декември минатата година, тие присуствуваа на настан во Далас како вљубен пар, кога Бела го промовираше својот парфем.
Минатиот октомври, тие ја прославија својата годишнина и роденденот на Бела, кога Адан објави неколку нивни заеднички фотографии со емотивна порака: „Октомври стана посебен месец. Те сакам, душо. Ќе продолжам да те потсетувам секој ден колку…“.
Како што еднаш манекенката изјави за британскиот Вог минатата година, тие се запознале откако таа се преселила во Тексас, каде што нејзината мајка Јоланда и очувот граделе куќа. Одлуката за преселба дошла по нејзината борба со хронична болест, а кога Адан влегол во нејзиниот живот, сè почнало да се подобрува.
„Бев со мојот очув на ранчот. Отидовме на јавање и почнав да се чувствувам малку подобро, но сè уште ме мачеа сите мои работи. А следниот ден го запознав моето момче“, рекла таа, откривајќи дека тој дури и не знаел кој е таа, што ја изненадило позитивно и изгледало освежувачки.

