Забава
Бројот на филмови номинирани за Оскар двојно ќе се зголеми
Американската Академија за филмски уметности ја објави одлуката да го зголеми бројот на филмови во потесниот круг за најатрактивниот Оскар, оној за најдобар филм на годината.На следното 82 по ред доделување на Оскари, во трка ќе бидат десет филмови
Сид Ганис, председателот на Академијата, го објасни тој потег со следниве зборови:
-По повеќе од шеесет години, Академијата донесе одлука да се врати на своите стари корени, со фактот дека ќе го пошират бројот на кандидати за најважната награда на годината.Конечниот резултат секако ќе биде ист-еден добитник за Оскарот за најдобар филм за годината- но трката ќе вклучува десет, а не само пет филмови како што беше досега.Десет филмови се натпреваруваа за Оскат во текот на првите 16. години на доделувањето на Оскарите, а последниот филм кој победи девет а не четири филмови е легендарниот Казабланка од 1943.-Тоа што има десет номинирани филмови е олеснителна околности бидејќи конелно во конкуренцијата ќе бидат вклучени и неколку фантастични филмови кои често се појавуваат во другите категории за Оскар а беа истиснати од главната трка за наградата.Реакциите на оваа вест се подевели, додека некој филмски стручњаци тврдат дека со тоа конкуренцијата ќе биде раздвоена и гласовите ќе бидат поделени на повеќе страни па така би имало поголема веројатност некој лоши филмови да добијат награда, додека пак другата страна тврди дека е добро повеќе филмови да бидат во трката, и се надеваат дека тоа ќе допринесе за зголемување на гледаност на манифестацијата која веќе со години се намалува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Деловниот стил добива нова димензија, Меланија Трамп носи совршено одело
Првата дама на Америка, Меланија Трамп, присуствуваше на претседателскиот говор на Доналд Трамп, а поддршка му дадоа и сите негови деца. Како што обично е случај кога Меланија е во близина, сите очи се вперени во неа и нејзиното модно издание.
Меланија избра костум од модната куќа „Долче и Габана“ за овој важен настан во претседателскиот мандат на Доналд Трамп.
Првата дама избра вистински деловен стил за оваа единствена пригода, но со допир на вечна елеганција. Совршено скроен костум во потемна нијанса беше нејзин избор, а го комбинираше со бела кошула, едноставен црн појас и високи чевли.
Нејзината препознатлива фризура и шминка повторно беа тука, а Меланија цело време стоеше покрај својот син Барон и не ја симна насмевката од лицето.
За време на самиот говор, таму беа и останатите деца на Трамп, Иванка, Ерик, Тифани и Доналд Трамп помладиот. Сите стоеја заедно и покажаа дека семејството и добрите односи се пред сè кога станува збор за нив.
Ова беше уште една модна задача што Меланија ја заврши без многу проблеми и ја зацврсти својата позиција на листата на најдобро облечени жени во светот.
Забава
(Фото) „Викиншката девојка“ прави хаос во бикини: „Сакам да бидам на снег со тебе“
Норвешката инфлуенсерка Џоана Норденг обожава да објавува провокативни фотографии на социјалните мрежи, па затоа и стана позната. Нејзините последни објави се направени среде шума и ги израдуваа многу луѓе.
Фокусот, секако, не беше на природата и прекрасните пејзажи, туку на нејзиниот изглед и фактот дека среде зима и снег таа позира во минијатурно бикини, а носи и крзнена шапка, ракавици и чизми.
Белото бикини совршено одговараше на нејзиниот исончан тен, но и на снежната позадина, па за момент сите заборавија колку е студено.
Веднаш стана јасно зошто има речиси 90 илјади следбеници, а луѓето во коментарите не го криеја својот ентузијазам за нејзиниот изглед и храброст.
На Инстаграм профилот на Џоана доминираат фотографии од плажа, а дури и кога не е на плажа – очигледно нема проблем да се соблече на снег, додека себеси се опишува како „норвешка викиншка девојка која патува низ светот во слатки бикини“.
„Забавувај се“, „Совршена си“, „Повеќе вакви содржини, дозволи твојата убавица да зборува“, „Сакам да бев со тебе на тој снег“, „Толку си жешка што не е нормално“, беа само дел од коментарите.
Забава
(Фото) Пролетта нè повикува: 5 безвременски комбинации со бели панталони
Во текот на зимата, многумина од нас имаат тенденција да избираат облека во темни бои. Сепак, белите панталони можат да бидат зачудувачки и елегантен дел во зимскиот стил, нудејќи свежина и стил во време кога модата обично се поврзува со темни бои.
Особено овие сончеви денови во текот на зимата се можност да ја вклучите белата боја во вашиот зимски стил, создавајќи пролетни комбинации, дури и ако температурите се ниски наутро и навечер.
Со вистинските парчиња облека, можете да создадете импресивни комбинации со бели панталони.
Еден начин е да ги комбинирате со меки, зимски ткаенини како волна или кашмир. Пар бели панталони можат да додадат сјај на вашиот стил, а воедно да обезбедат топлина и удобност.
За лежерен зимски изглед, размислете за комбинирање на бели панталони со топол џемпер или стилска јакна. Можете исто така да додадете пар чизми за зимски изглед.
Ако сакате да создадете ексцентричен и модерен outfit, комбинирајте ги белите панталони со смело обоен капут.
За поформални настани во зима, не плашете се да изберете бели панталони во комбинација со стилски долг капут. Белата боја ќе даде елеганција и софистицираност, а во исто време совршено ќе го надополни вашиот outfit.
Одлична опција е да комбинирате бели панталони со капут. Облека која ќе ви обезбеди неспоредлива топлина и стил.

