Забава
8 начини да им избегате на вишокот килограми
Тешко е да се најде време за вежбање и за применување сложени диети осоебно ако секој ден одите на работа. Следниве седум совети можат да ги применуваат сите, па и оние што немаат многу слободно време.
1. Заборавете на лифтот – качувајте се по скали. 2. Носете си подготвен здрав ручек на работа и секогаш имајте здрави грицки дома, во чанта или во фиоките во канцеларија – овошје, лешници, бадеми, безмасни овошни јогурти и ужинка од житарки без шеќер. 3. Шетајте – искористете ја паузата во работното време за да прошетате околу зградата, носете го кучето на попладневна прошетка во населба и што почесто излегувајте без автомобил. 4. Не јадете брза храна. Ако сте гладни, а немате подготвен оброк, седнете во некој ресторан и нарачајте салата или супа. Така нема да се прегладнете и ќе имате доволно време да си направите јадење дури и кога немате пари да нарачате цел оброк во ресторан. 5. Јадете обилен појадок и нема да бидете гладни барем до 14 часот. Ако добиете желба за благо, посегнете по овошјето (го следите советот под број 2, нели?)
6. Пијте вода и зелен чај. Сварете и изладете зелен чај и шишето секогаш нека ви биде при рака.
7. Одредете два дена неделно кога ќе си дозволите голем чоколаден сладолед или парче торта. Тоа ќе биде вашата награда што може да ја уживате без да се чувствувате виновно.
8. Кога сте на гости, особено ако станува збор за прослава каде се служи многу храна, не мора да седите со скрстени раце. Послужете се, но само од она што најмногу ви се допаѓа. Ако има колачиња земете само едно, а парчето торта изедете го до пола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Галеб се судри со новинарска додека снимаше репортажа и ја повреди
Репортерката Џесика Тајсон снимала репортажа во деловниот кварт на Окленд, Нов Зеланд, кога ѝ се случила сосема бизарна ситуација: галеб ѝ се забил во лицето и предизвикал крварење кај окото.
32-годишната новинарка сепак ги насмеа сите со својата реакција, а видеото го објави самата на својот Инстаграм профил.
View this post on Instagram
„Само се обидувам да си ја работам работата додека природата има други планови“, напиша таа со објавата и предизвика бројни реакции во коментарите.
Виралното видео брзо собра повеќе од 200 илјади прегледи и шест илјади лајкови во рок од неколку часа.
„Можеме ли да се смееме или е прерано?“ пишува во коментарот под објавата.
„Да, се смеев околу 10 минути откако се случи, хахаха“, додаде таа.
Забава
Џорџ Клуни: Децата ги добив многу доцна и поради тоа ми е многу полесно
Прославениот холивудски глумец Џорџ Клуни (64) веќе повеќе од една деценија ужива во бракот со адвокатката за човекови права Амал Клуни (47), со која пред осум години ги доби близнаците.
Тој е среќен што во улогата на татко се остварил подоцна од своите врсници.
Глумецот дал пократко интервју за „Тајмс“ во кое зборувал за тоа како луѓето најчесто мора да жртвуваат време поминато со семејството за да се посветат на работата и да градат кариера, што нему не му се допаѓа.
„Но погледнете ме мене, мене ми е полесно. Децата ги добив многу доцна и така потоа можев да поминувам многу повеќе време со нив. Кога сте млади, тоа е многу тешко“, рекол Клуни.
И Џорџ и Амал се трудат да им обезбедат мирно детство, далеку од медиумите и сите холивудски случувања, па животот во Лос Анџелес го замениле со фарма во Франција.
„Бев загрижен околу одгледувањето на нашите деца во Лос Анџелес. Чувствував дека никогаш нема да добијат фер шанса во животот. Културата во Франција многу се разликува од американската, таму на луѓето не им е грижа за славата. А јас не сакам нашите деца да ги споредуваат со децата на други славни личности“, заклучил тој.
Забава
Три хороскопски знаци ќе имаат најголеми финансиски проблеми оваа зима
Зимските месеци носат поголеми трошоци и финансиски притисоци, а според астрологијата, три хороскопски знаци особено ќе се соочат со проблеми и ќе мора да внимаваат на секој денар.
Близнаци – поради импулсивно трошење и променливо расположение тешко се држат до буџет и лесно влегуваат во финансиски потешкотии.
Лав – сакаат удобност и раскош, па често трошат повеќе отколку што можат. Тешко признаваат финансиски проблеми, што доведува до ненадејни ограничувања и стрес.
Риби – великодушни и емоционални, често трошат за себе и за другите без јасен план. Зимата им носи дополнителен стрес поради неорганизирано финансирање.

