Контакт

Забава

Брзата храна лоша за здравјето

Објавено пред

Во САД владее вистинска епидемија на дебелина, што посебно ги погодува децата. Американските деца денес се три пати подебели од пред 30 години. Мрежата на училиштата „Јунифајд“ во Лос Анџелес настојува да се спротивстави на ова зло, но без голем успех.

dobivaj vesti na viber

Американските деца денес се три пати подебели од пред 30 години, сочинувајќи дури 17 отсто од вкупната детска популација во земјата која ја измисли „познатата“ нездрава, брза храна, соопшти оваа недела Американскиот центар за контрола и превенција на болести.- Ова е вистинска епидемија на дебелина… Лекарите сериозно предупредуваат на опасноста од растот на бројот на заболените од шеќерна болест и срцевите заболувања, но во општата трка за профит по секоја цена, на тоа малку му се придава значење – оцени таа институција.Причини има многу, а главната причина е фактот дека вработените родители се почесто се хранат во евтини ресторани во кои на нивните деца обилно им се сервира нездрава храна. Истовремено училиштата го намалуваат бројот на часовите по физичко воспитување, што исто така е причина за дебелеење кај децата. Но, не е се толку црно како што изгледа, бидејќи постојат луѓе кои жестоко се борат против практиката на хранење на децата со нездрава храна, како што е мрежата на училиштата „Јунифајд“ во Лос Анџелес, кои станаа пионери во таа борба. Меѓутоа, борбата воопшто не е лесна, бидејќи треба да се спротивстават на стекнатите лоши навики и големата пропаганда на џиновските синџири на продавници за брза храна. Што значат лоши навики, за тоа конкретно говори податокот дека во училишната менза во училиштето „Магнет“ во Лос Анџелес, здравите пијалаци со намален процент на масти, испечената пченица од цело зрно, на некои деца им се допаѓа, но на некои не. Велат има вкус на затворска храна!Училишната мрежа „Јунифајд“ исфрли од менито се што порано се пржело со масло, а додале повеќе свежо овошје и зеленчук, ги исфрлиле и слатките газирани сокови, како и машините во кои можат да се купат грицки и чоколади. Меѓутоа, што вреди тоа кога рестораните и продавниците се лоцирани наспроти училиштата и ги мамат децата да дојдат да купат производи кои се избришани од менито во нивните училишта. Дури и децата на кои им се допаѓа новата, здрава храна, повремено преминуваат преку патот да купат омилена нездрава храна. Во Лос Анџелес 23 отсто ученици се дебели, а 19 отсто се на добар пат да им се придружат, вели официјалната статистика на американската држава Калифорнија. Владата на Америка троши 11,7 милијарди долари годишно да им обезбеди ручек на 30 милиони деца, а за 10 милиони појадок. Меѓутоа, Владата не интервенирала уште од 1995 година, со цел нешто да промени во стандардите за производство на храната.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Брз трик за чистење: Бањата може да блесне за 12 минути

Објавено пред

Бањата е место каде брзо се собираат каменец, влага и траги од сапун, но со правилен редослед може да се исчисти за околу 12 минути. Клучното правило е чистењето секогаш да оди од горе кон долу, за да не ја повторувате истата работа.

dobivaj vesti na viber

1 минута – Подготовка

Отворете прозорец или вклучете вентилација, тргнете ги крпите и ситниците и напрскајте ги тоалетната школка, мијалникот и тушот со средство за чистење.

2–4 минута – Полици и огледало

Избришете ги горните полици и ормарчиња, а огледалото исчистете го со средство за стакло или вода со оцет.

5–7 минута – Туш или када

Со сунѓер исчистете ги плочките и славините, а потоа исплакнете со топла вода.

8–9 минута – WC-школка

Исчистете ја внатрешноста со четка, а надворешноста пребришете ја со дезинфекциска крпа.

10 минута – Мијалник и славини

Отстранете ги трагите од паста и сапун, а славините избришете ги со сува крпа за да заблескаат.

11–12 минута – Подот

На крај избришете го подот со топла вода и средство за чистење или малку оцет.

Со ваква кратка рутина, бањата може брзо да изгледа чисто и свежо – за помалку време отколку што трае една епизода од серија.

Фото: Depositphotos

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Селена Гомез му ги бакна стапалата на Бени Бланко во неговиот подкаст, бројни реакции

Објавено пред

Пејачката и актерка Селена Гомез предизвика реакции на социјалните мрежи откако во најновата епизода од подкастот „Friends Keep Secrets“ му бакна стапало на својот сопруг, музичкиот продуцент Бени Бланко.

dobivaj vesti na viber

Во текот на разговорот, Гомез седела на подот во дневната соба, додека Бланко бил на каучот со ногата потпрена на масата. Во еден момент таа се наведнала и му го бакнала прстот на ногата.

Бланко се пошегувал со водителите и рекол дека му се допаднал гестот, додавајќи дека го разубавил неговиот ден.

Снимката предизвика бројни негативни реакции на социјалните мрежи, каде дел од корисниците ја нарекоа „одвратна“ и „непријатна“.

Контроверзијата се појави и поради претходна епизода од подкастот, во која Бланко ги покажал своите стапала, кои дел од гледачите ги оценија како нечисти. Тој подоцна во емисијата „Jimmy Kimmel Live!“ се бранеше дека има „одлични стапала“.

Селена Гомез и Бени Бланко се во врска од 2023 година, а се венчаа во 2025 година.

Прикажи повеќе...

Забава

Хејли Бибер: Докторката ме советуваше да не останам бремена, но јас останав

Објавено пред

Манекенката Хејли Бибер откри дека нејзината прва бременост со синот Џек Блуз, кого го има со сопругот Џастин Бибер, била целосно неочекувана.

dobivaj vesti na viber

Во подкастот „SHE MD“ таа раскажа дека лекарите претходно ја предупредиле дека поради септум на матката може да има проблеми со забременување и дека можеби ќе биде потребна мала операција пред да планира деца.

„Реков дека не размислувам за бременост во тој момент, а потоа – како по чудо – останав бремена“, изјавила 29-годишната манекенка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hailey Rhode Bieber (@haileybieber)

Лекарката објаснила дека септумот е вродена аномалија при која ткиво ја дели матката, што може да го зголеми ризикот од спонтан абортус или предвремено породување.

И покрај ризиците, бременоста поминала добро.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hailey Rhode Bieber (@haileybieber)

На крајот, Хејли и Џастин, кои се во брак од 2018 година, добиле здраво дете, а манекенката вели дека најмногу ужива во времето поминато со својот син.

Фото: depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Свет23 минути

Израелски шпиони ги хакирале речиси сите сообраќајни камери во Техеран за да го испланираат убиството на ајатолахот Али Хамнеи

Израелските шпиони со години ги хакирале речиси сите сообраќајни камери во Техеран за да ги следат движењата на ајатолахот Али...

Свет49 минути

(Видео) Патници заробени на крузери во Дубаи: додека се слушаат експлозии некои танцуваа покрај базен

Илјадници патници останале заробени на крузери на Блискиот Исток поради воената ескалација во регионот, откако САД и Израел извршија напад...

Свет1 час

(Видео) Рубио: Нема повредени во иранскиот напад со дрон врз конзулатот во Дубаи

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека сите вработени се безбедни по иранскиот напад со дрон врз комплексот на американскиот...

Македонија13 часа

Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош

Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда. „Основното...

Македонија13 часа

МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија...

Македонија19 часа

(Видео) Тошковски: Обезбедена е видеоснимка на која се гледа како сопругот ја удира жртвата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека во рамки на истрагата за трагедијата во Карпош е обезбеден видеозапис на...

Македонија19 часа

Се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, се работи на безбедна евакуација од погодените подрачја, соопшти МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на...

Македонија20 часа

По пад од балкон загина 10-годишно момче во Тетово: родителите дознале од соседите

Денеска (03.03.2026) во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче...

Македонија20 часа

Тошковски објави нови детали за трагедијата во Карпош: Жртвата негирала насилство пред полицијата, сопругот имал криминално досие и бил апсен за дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти нови детали за вчерашната трагедија во Карпош, во која загинаа мајка и дете....

Македонија20 часа

Бракоразводна постапка и пријава за насилство – вонреден надзор во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Министерството за социјална политика, демографија и млади изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на мајката и детето кои го...

Македонија20 часа

Државните нафтени резерви се стабилни и обезбедуваат сигурност, уверуваат надлежните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со посебно внимание ја следи состојбата со актуелната енергетска ситуација, особено во контекст...

Македонија21 час

МНР со владиниот авион ќе ги евакуира нашите државјани од Израел, првите се очекува да пристигнат утре

За евакуација на Македонците кои сакаат да се вратат дома од Израел, Министерството за надворешни работи (МНР) ќе го испрати...

Македонија23 часа

Сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, велат од МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473...

Македонија23 часа

Едно лице задржано по трагедијата во Карпош: распити на повеќе лица, детален претрес на станот, екстракција на податоци од телефони, се обезбедуваат снимки

Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во Карпош, кога...

Македонија23 часа

Почувствуван земјотрес во Гостивар

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 5 часот и 21 минути...

Свет1 ден

(Видео) Објавено сведочењето на Клинтон за Епстин, Хилари е бесна

Нови видеа покажуваат како Хилари Клинтон речиси излегува од сведочењето зад затворени врати пред американските пратеници за Џефри Епстин откако...

Свет1 ден

Пезешкијан: Иран нема да стои настрана пред нападите врз училиштата и болниците

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека неговата земја нема да стои настрана поради американско-израелските напади што погодија женско училиште...

Свет1 ден

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата платформа Truth Social извести дека САД имаат рекордни залихи на муниција од среден и...

Свет1 ден

Рубио: Израел планираше да го нападне Иран, мораше да извршиме превентивни напади

Одлуката на Израел да го нападне Иран и сигурноста дека американските сили ќе бидат цел на одмазда ја принудија администрацијата...

Свет1 ден

(Видео) Познатата Палата Голестан во Техеран е оштетена, објавени се фотографии

Делови од Палатата Голестан, единственото место на светското наследство на УНЕСКО во иранската престолнина, беа оштетени во воздушен напад извршен...