Забава
На плажа без или со дискретна шминка!
На плажа би требало да се оди без шминка, но ако така се чувствувате попријатно и ако сметате дека ви е потребна, потрудете се да користите дискретни бои
За усните користете црвено-розов сјај без седеф. Тешките кармини или моливи за уста не доаѓаат предвид.Руменилото ќе се избрише веднаш штом ќе влезете во вода, но ако сепак сакате да го имате, ставете руменило со боја на кајсија, или бронза откако ќе потемнеете. Сенките за очи се непотребни, а што се однесува до маскарата, користете само водоотпорна. Или уште подобро, обојте ги вашите трепки во некој козметички салон. Така ќе бидете мирни две недели, а маскара воопшто нема да ви биде потребна. Телото мачкајте го со креми со заштитен фактор, а подоцна кога ќе потемнеете прејдете на лосиони со бронзен сјај. Но, со сјајни креми не ги мачкајте колковите и задникот, доколку сметате дека се малку поголеми. Затоа, намачкајте го деколтето, на пример, за да постигнете впечаток на поголеми гради.Заборавете на парфемите и дезодорансите. На сонце бргу ќе испарат, а можете да добиете и дамки по телото. Мирисот од кремата за сончање е сосема доволен.Ноктите на нозете и рацете намачкајте ги со иста боја, а за лакот да ви стои подолго време, премачкајте го со провиден сјај. Се препорачува лакот да ви биде соодветен со костимот за капење или во некој природна бја која не е многу впечатлива.Водете сметка ако се бањате во базен, хлорот може да го оштети лакот, поради што е подобро да не користите јаки бои. Во спротивно ќе морате секоја вечер да ги поправате и домачкувате ноктите.Со оглед на тоа дека сте на одмор, опуштете се и заборавете на шминката барем тие неколку дена. Уживајте во сонцето, морето, свежиот воздух… и секако, во својата природна убавина, а бронзениот тен кој од ден-на ден ќе ви биде поизразен, ќе ве направи уште поубави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Најзгодната Британка никогаш не била толку секси
Ѕвездата од ријалити шоуата, Маура Хигинс, се појави на престижниот настан „Women of the Year“, кој традиционално секоја година собира голем број познати убавици.
Како и обично, Маура се погрижи сите очи да бидат вперени во неа, а најзаслужна за тоа беше нејзината провокативна облека. Исто како и на нејзиното претходно јавно појавување, ријалити убавицата ги оправда очекувањата.

Црниот вечерен фустан со проѕирни делови, така што само градите ѝ беа покриени со свила, остави магичен впечаток кај сите. Таа маестрално и самоуверено ја истакна својата завидна фигура за собраните фотографи.

„Најзгодната Британка“, како што популарно ја нарекуваат, не сакаше да претерува со деталите и да „уништи“ сè што постигна со фустанот, па затоа не носеше впечатлив накит или впечатлива шминка. Ја собра косата во пунџа и остави прамен од едната страна.

Целата убавина и раскош на заводливата Маура дојдоа до израз, и иако беше многу провокативна, ја задржа својата смиреност и ги освои сите со својата елеганција.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Северина се сплетка и падна: скокаше на концерт во високи потпетици, а потоа го бакна подот
На социјалните мрежи почна да кружи видео од концерт на Северина, која во еден момент падна на сцената.
За време на изведбата на песната, Северина скокаше и трчаше по сцената во штикли, а во еден момент се сопна и падна на глава.
„Опа“, извика момчето што го сними падот на пејачката.
Таа продолжи да лежи на грб со раширени раце некое време, а потоа стана и продолжи да пее.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Кралици на издржливоста: растенија кои успеваат дури и ако заборавите на нив
Ако сте еден од оние кои искрено ја сакаат идејата за зеленило во својот дом, но секое растение на крајот пропаѓа, проблемот можеби не е во вас, туку во погрешниот избор.
Кактусите и сукулентите често се сметаат за најбезбеден избор, но тие всушност бараат повеќе светлина и соодветна грижа отколку што мислите. За среќа, постојат голем број растенија кои се поотпорни, лесни за одржување и изгледаат уредно и декоративно.
Што всушност значи „издржливо растение“?
Издржливо растение не е она што можете да го заборавите со месеци, туку она што добро толерира помалку од идеални услови: послаба светлина, повремено прескокнување на наводнување и промени на температурата. Ваквите растенија се идеални за зафатени, често отсутни или едноставно заборавени сопственици кои сепак сакаат нивниот дом да изгледа живо.

Сансевиерија
Сансевиеријата не бара многу. Толерира сув воздух, ретко наводнување и потемни простори. Идеална е за станови каде што нема многу природна светлина. Освен што изгледа елегантно, го прочистува воздухот и е речиси невозможно да се уништи.

Растение пајак
Растението пајак е едно од најблагодарните собни растенија. Толерира различни услови, брзо се шири и лесно се обновува, дури и по долготрајно занемарување. Треба да се полева само еднаш неделно, а листовите повремено да се бришат. Исто така, добро се снаоѓа и во висечки саксии, што го прави естетски интересна опција.

Потос
Потосот е растение кое успева речиси насекаде. Не му пречи вештачката светлина, па затоа е чест избор за канцеларии. Лесно се размножува и брзо расте, а треба да се полева само еднаш на секои две недели.
Единствената претпазливост: држете ја подалеку од домашни миленици.

Замија
Замијата е исклучително отпорна и може да издржи и суви простори и заборавеност. Не бара речиси никакво внимание: доволно е да се полева еднаш месечно. Листовите се темнозелени и сјајни, што го прави просторот веднаш да изгледа поуреден и посвеж. Често ја избираат луѓе кои сакаат зеленило без обврска.

Аспидистра
Аспидистра, честопати наречена „железно растение“, со години има репутација како едно од најотпорните собни растенија.
Може да расте во агли каде што другите растенија не напредуваат, а толерира и слаба светлина, сув воздух и нередовно наводнување. Идеално е за постари станови или канцеларии со вештачка светлина.
Како да изберете растение кое одговара на вашиот ритам?
Пред да купите, земете ја предвид светлината, температурата и вашите сопствени навики. Ако патувате многу, изберете растенија кои толерираат суша (замија, сансевиерија).
Ако сакате нешто што лесно се размножува и брзо создава ефект на „зелен агол“, изберете го растението пајак или потос. А ако барате растение за темен агол од собата, аспидистра е безбеден избор.
фото: принтскрин

