Забава
Австралија ќе произведува вакцини против свински грип
Две австралиски компании почнале со пробното вакцинирање против свински грип, кој досега бил фатален за 700 лица ширум светот
Две биофармацевтски компании почнале со инјектирање на вакцините врз возрасни волонтери во јужниот град Аделајда. Компанијата Vaxine од Аделајда започнале со пробите врз 300 субјекти во понеделникот, а CSL од Мелбурн имала вклучено 240 лица во 7-месечните проби што започнале денес. Компаниите изјавиле дека пробите се прво тестирање на вакцина против свински грип директно врз луѓе.Во Австралија која се наоѓа во зимската сезона на грипови, досега 41 лице умреле од свински грип.„Ние се наоѓаме во јужната хемисфера и во тоа е проблемот“, изјавил директорот на секторот за истражување во Vaxine, Николај Петровски. Австралија потврдила 14.703 случаи на свински грип досега. Според Светската здравствена организација (СЗО) која го прекина евидентирањето на смртноста ширум светот предизвикана од свински грип, бројот на досегашните смртни случаи изнесува 700 луѓе. Експлозија на заболени од свински грип е предвидена за во септември и октомври, кога студентите и работниците во северната хемисфера ќе се вратат од нивните летни одмори. Од CSL очекувале дека успехот на почетните резултати ќе им овозможи легална дистрибуција на нивната вакцина во која вложила и владата на Австралија, којашто веќе нарачала 21 милиони дози од нивната вакцина. Се очекува вакцината да делува.„Ние имаме специфична вакцина која, веруваме ќе биде во состојба да заштити милиони луѓе од новиот H1N1 грип“, изјавил Андреј Катбертсон, директор за истражување и усовршување во CSL.Петровски од Vaxine дека биле потребни шест до осум недели за да се верифицира ефективноста од вакцините.„Нема гаранција дека овие вакцини ќе работат“, рекол Петровски која додал дека „свинскиот грип е необичен ѕвер, но има надеж“.Медицинските експерти предупредиле да не се брза со живи проби на вакцините.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

