Забава
Отворен 176-от Октобарфест
Во Минхен во саботата почна 176-от Октобарфест, традиционална манифестација на која се пие пиво. Баварската престолнина во идните 16 дена очекува околу шест милиони гости од Германија и целиот свет
Фестивалот започна во саботата попладне со отворање на првото буре со пиво, што го стори минхенскиот градоначалник Кристијан Уде а со првата кригла го почести премиерот на сојузната германска држава Баварија, Хорст Зихофер. Фестивалот трае до 4-ти октомври и секоја година привлекува милиони посетители од целиот свет, а најмногу од Германија и Италија. Минатата година биле продадени 6,6 милиони кригли пиво од еден литар.Лани на фестивалот биле испиени 6,6 милиони литри пиво, а посетителите (меѓу другото) изеле и 104 вола. Годинава кригла пиво од литар чини меѓу 8,10 и 8,60 евра, што е за околу 30 евроценти повеќе од лани. На 650 тезги на посетителите од целиот свет, покрај пиво, на располагање им стојат и бројни јадења и друга забава. Идната година, Окробарфест ќе прослави 200 години откако е основан во 1810 г. како улична веселба на трки со коњи во чест на венчавката на баварскито принц Лудвиг и саската принцеза Тереза, по која се нарекува и ливадата на која се одржува фестивалот. За 2010 г. е планирана специјална програма. Во својата двовековна историја бил одложен само 24 пати, и тоа главно поради војна или епидемии од заразни болести. Заради петочните закани за Германија од терористички напади на радикалните исламисти од Ал Каеда, мерките на безбедност биле многу зголемени. Министерот за внатрешни работи на Баварија, Јоаким Херман, пак, изјавил дека нема посебни закани кои се насочени на фестивалот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

