Забава
Почнува третиот вино-скоп

По трет пат во Скопје ќе започне интернационалниот фестивал на виното „Вино-скоп“.
На плоштадот Македонија како и крај Кејот на Вардар во четврток 15 октомври ќе започне третиот интернационаленм фестивал на виното. Вино-скоп ќе трае се до недела 18 октомври. Програмата во четврток ќе започне во 18 часот, во петок 16 октомври ќе започне во 12 часот на пладне, во сабота и недела во 11 часот сабајле. Главен покровител на фестивалот е Градот Скопје, а во 19 часот градоначалникот на Скопје, Коце Трајанов официјално ќе го отвори Вино-скоп.Оваа година е зголемен бројот на винариите кои ќе ги изложат своите вини, а таа бројка ќе изнесува 40 винарии.„Ќе има и винарии од Македонија кои до сега не и биле познати воопшто на македонската јавност.“ изјавија од винаријата Темов на денешната прес конференција. Храната ќе се купува со купони од 30,50, 100 и 200 денари, на самите влезови ќе бидат поставени 11 каси, а ќе се продаваат и брендирани стаклени чаши по цена од 70 денари. Од храната која посетителите ќе можат да ја купат на самиот фестивал ќе има разни видови сирења, пршути, печени прасиња, а се најави и печен вол од страна на “Жито Вардар“ кој е и генерален спонзор. Храната ќе биде сместена на кејот на Вардар да не се меша мирисот од храната во тој на виното, но и за подобра организација. Оваа година понудата во забавниот дел е поголема од таа во изминатите изданија на Вино-скоп,а ќе има и гостувања од Шпанија, Италија,Полска, Романија, а ќе настапат и составите Синтезис, Баклава, пејачите Ристо Самарџиев и Јаков Дренковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
По децении молк, Малкович проговори за романсата со Мишел Фајфер на снимање

Речиси четири децении по снимањето на култниот филм Опасни врски (1988), холивудскиот актер Џон Малкович откри дека се кае за аферата со својата колешка Мишел Фајфер. Во тоа време и двајцата биле во брак, а нивната романса од сетот се пренела и во приватниот живот, но врската брзо згаснала.
Гостувајќи во подкаст, 71-годишниот Малкович призна дека со таа врска го изгубил „сјајниот колега“ во Фајфер, која ја опиша како забавна, искрена и неверојатно коректна. „Јас тоа сигурно не бев“, додаде тој.
Актерот објасни дека со текот на времето научил да ја цени професионалноста над сè. „Кога односот ќе премине во нешто повеќе од колегијален или пријателски, тогаш ја губите шансата да имате вистински колега“, рече Малкович.
Како спротивен пример го наведе долгогодишното пријателство и соработка со актерката Ингеборга Дапкунаите, со која веќе 33 години останале блиски колеги, бидејќи „границата никогаш не била премината“.
Забава
Хороскопски знаци кои најтешко поднесуваат пораз во друштвени игри

Друштвените игри се забава за многумина, но не и за некои хороскопски знаци кои поразот го сфаќаат премногу сериозно.
Овен – импулсивни и натпреварувачки настроени, тешко ја кријат фрустрацијата кога губат.
Лав – гордоста им е на прво место, па поразот го доживуваат како лична навреда.
Шкорпија – страсни и интензивни, губењето го паметат долго и бараат реванш.
Јарец – на игрите гледаат како на стратегија и работа, па поразот им го руши чувството на контрола.
За овие знаци, друштвените игри лесно можат да завршат со нервоза наместо со забава.
Забава
Брачен пар по четири години откри кој бил мистериозниот гостин на нивната свадба

Британскиот брачен пар Мишел и Џон Вајли со помош на социјалните мрежи дознаа кој бил непознатиот човек што случајно се појавил на нивната свадба во Прествик пред четири години.
На фотографиите од венчавката се гледал висок, збунет маж во свечен костум, кого никој од гостите не го познавал. Подоцна било утврдено дека станува збор за Ендру Хилхаус, кој требало да присуствува на друга свадба, само два километри подалеку. Тој сфатил дека е на погрешно место дури кога невестата тргнала кон олтарот.
Ендру успеал да си замине дури по заедничката фотографија, а вистината ја открил четири години подоцна, кога преку Фејсбук стапил во контакт со младенците.
„Не можев да престанам да се смеам. Не веруваме дека го најдовме по толку време“, изјави невестата.