Забава
САД почнаа со легализација на марихуаната во медицински цели
Американскиот министер за правда издаде упатства на сојузните обвинители да престанат со гонењето во предмети поврзани со пациенти кои ја употребуваат како терапија
Министерот Ерик Холдер во дописот до обвинителите навел дека во 14 сојузни држави кои дозволуваат користење марихуана во медицински цели, обвинителите треба да се насочат само на големите случаи на трговија со дрога, во случаи на перење пари и лица кои ги искористуваат законите на тие држави да се заштитат од обвиненијата за трговија со дроги. Овој потег на американското Министерство за правда доаѓа откако во неделата во Сенатот демократите предложија закон со кој треба да се тргне повеќекратната несразмерност при казнувањето за поседување кокаин во цврст облик (т.н. крек) во однос на кокаин во прашкаста состојба. Ова наводно имало расна конотација, бидејќи крекот е доминантна дрога што ја употребува афроамериканската популација.Во домот на претставниците на Конгресот во процедура е предлог-закон со кој би се обезбедило сојузно финансирање за бесплатни игли за зависниците, што одамна е воспоставено како стандард во високоразвиените држави, пренесува Reuters.Овие мерки се содржеа во изборната програма на претседателот Барак Обама и потпретседателот Џозеф Бајден, истовремено најавувајќи засилена борба и зголемени казни против насилниот криминал и продажбата на дроги на деца. Ова меѓу поборниците на реформите на криминализацијата на дрогите, го толкуваат како прв чекор во легализацијата на марихуаната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Шпанскиот суд ја отфрли втората тужба против Шакира за даноците
Шпанскиот суд во четвртокот ја отфрли даночната истрага против колумбиската поп-ѕвезда Шакира, откако обвинителите одлучија да не покренуваат обвиненија.
Шакира се согласи на спогодба минатата година за да избегне судење во Барселона под обвинение дека не и платила на Шпанија 14,5 милиони евра данок на приход од 2012 до 2014 година. Таа, исто така, се соочи со втора истрага за наводна измама на приход и данок на имот во 2018 година.
Судот во градот Есплугес де Лобрегат, во близина на Барселона, објасни дека нема докази за поддршка на тврдењето на обвинителот дека Шакира „свесно и доброволно ги испуштила информациите и документацијата“ при подготовката на нејзината даночна пријава за 2018 година.
Пејачката, која има продадено милиони албуми ширум светот, живееше со поранешната шпанска фудбалска ѕвезда Жерар Пике 11 години и заедно имаат две деца. По разделбата се пресели во Мајами.
Забава
(Видео) Хејли Бибер бремена: го покажа стомакот во венчаницата, Џастин пресреќен
Џастин Бибер и неговата сопруга Хејли го очекуваат своето прво дете.
По бројните шпекулации за бременоста на манекенката, тие ја споделија радосната вест на своите социјални мрежи, а потоа и нивните претставници на медиумите ја потврдија веста и изјавија дека манекенката е во шестиот месец од бременоста, пишува „Пипл“.
Двојката сподели видео од нив како ги обновуваат заветите и ја споделија својата бременост со светот. Хејли носи долг, чипкаст бел фустан и вел, истакнувајќи го нејзиниот труднички стомак.
Парот се венча во септември 2018 година во Њујорк само два месеци по свршувачката. Подоцна, тие славеа со семејството и пријателите.
Забава
(Видео) Прашањето што ја збуни Израелката на прес-конференцијата по Евровизија: „Не мора да одговарате ако не сакате“
Откако беше објавено кои десет земји одат во финалето на Евровизија, се одржа прес-конференција на која беа поставувани прашања и за Израелката Еден Голан, која во финалето отиде со песната „Ураган“.
Новинар од Полска доби шанса да и постави прашање на претставничката на Израел – „Дали некогаш сте помислиле дека бидејќи сте тука ги загрозувате другите учесници и јавноста?
Водителот на прес-конференцијата веднаш рече дека „не мора да одговара ако не сака“.
„А зошто да не“, искоментираа неколку новинари.
Еден Голан прво застана, а потоа одлучи да одговори на прашањето.
„Мислам дека сите сме тука поради една причина, ЕБУ ги презеде сите мерки да го направи ова натпреварување безбедно за сите нас. Мислам дека е безбедно за сите, инаку немаше да бидеме тука“, изјави Еден Голан на прес-конференцијата.