Забава
Никол Кидман ги открива своите „чудни сексуални фетиши“
По разводот со актерот Том Круз, Кидман ветила дека ќе ги однесе во гроб сите тајни поврзани со нивниот сексуален живот
Меѓутоа, во едно од нејзините најискрени интервјуа досега, на актерката и се „испуштија“ многу од деталите поврзани со нивниот сексуален живот и „чудните сексуални фетиши“.
42-годишната актерка, моментно сопруга на кантри-пејачот Кит Урбан, изјавила дека целиот нејзин живот таа барала различни типови љубов.
„Јас ја искусив опсесијата. Искусив како е да љубиш и да бидеш оставена. Искусив и како е да си ги оствариш чудните сексуални фетиши, ги открив и искусив сите аспекти на бракот и моногамијата“, изјавила Никол Кидман.
Но, за време на интервјуто, откако признала дека со Том Круз ги искусила сите аспекти на бракот, за својот сегашен брак изјавила дека го доживува како „суров“ и „опасен“.
„Работиш на него. Тоа е прекрасно, ти носи многу авантури. Истовремено многу сурово, опасно, но ти се допаѓа. Кога ќе се обврзеш со некој на тој начин, ти живееш и умираш со таа одлука.“
Оскаровката признала дека нејзиниот брак со Том Круз бил одговорен за нејзиното издигнување до ѕвездите, и таа му била благодарна за тоа.
„Јас станав позната многу млада. Станав позната затоа што бев сопруга на некој познат.“
„Моите агенти во тоа време не ми дозволуваа да се омажам. Ми велеа дека сум премногу млада. Јас им реков дека сум заљубена и ќе го сторам тоа. Единствено што знаев во тоа време е дека не сакав да се омажам за да бидам позната, се омажив затоа што го сакав Том.“
Актерката сега е во брак со познатата кантри-ѕвезда Кит Урбан со кого ја има ќерката Sunday Rose и неодамна заврши со снимањето на новиот хит мјузикл „Nine.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

