Забава
Нови правила за заштита од свински грип
Ако летото зборувавме како да се заштитиме од свинскиот грип за време на летното патување, сега и не мора да одите некаде за да се разболите. Вирусот H1N1, тропна и на наша врата. Се пренесува од човек на човек и може сериозно да ги нападне дишните патишта и белите дробови
Добро е уште еднаш да ги повториме симптомите, иако не мора да качите температура за да се обратите кај матичниот лекар.Најчести симптоми се: 1. Покачена телесна температура (над 38 Целзиусови степени), 2. Респираторни симптоми како што се кашлање и течење на носот, 3. Треска, општа слабост и замор, 4. Губење на апетитот 5. Болки во телото (особено во мускулите) 6. Главоболка, 7. Повраќање или пролив (не се типични симптоми на грипот, но пријавени се во некои случаи на инфекција со новиот тип на вирусот на грипот).Миење на рацете, избегнување на контакт со заболено лице, воздржување од допирање на лицето, особено околу носот, устата и очите…тоа ни е веќе познато. Но постојат уште неколку мерки за кои многу малку се зборува, а навистина се пожелни да се практикуваат во ова опасно секојдневје.Нови правила за заштита од свинскиот грип:1. правило: одржувајте хигиена на предметите кои се најголем извор на бактерии. Тука спаѓаат: тастатурата, мобилниот телефон, моливите, пенкалата, бележниците… Барем еднаш во неделата практикувајте да ги бришете со алкохол. Пенкалата никако не ставајте ги в уста, а моливите острете ги почесто за да паднат бактериите. По чистката не употребувајте ги со нечисти раце.2. правило: во истражувањата се вели дека особено треба да се внимава на работното опкружување. Сигурно дека во домот водите сметка за чистотата, но колку истото го практикувате и на работа? Мора да ја кренете хигиената на повисоко ниво. Почнувајќи од тоалетот, па сè до шолјите во кои пиете кафе. Можеби е добро време да ги поделите, да се знае кој од која чаша пие вода, кафе, чај…3. правило: правете гаргара на грлото со топла солена вода, двапати дневно. Плакнењето на грлото е одлична превентивна мерка која може да ја премисли инфекцијата да се развие во H1N1-вирус. Можеби ви звучи банално, но ова е стар и проверен лек кој дејствува. Плакнењето е пожелно да го практикувате и на ноздрите. Во тенџере стоплете вода, ставете малку морска сол и неколку капки ментол. Покријте ја главата и вдишувајте од пареата. Ваквата постапка лекарите ја препорачуваат еднаш во денот.4. правило: консумирајте топли напивки како чај, какао, млеко. Топлите напивки освен што ќе го омекнат црвеното грло, ќе го затоплат желудникот. Температурата која се постигнува е неповолна за преживување на вирусите кои може да предизвикаат грип. Јапонските научници објавија дека чајот од лист од маслинка се покажал како најефикасен во борбата против свинскиот вирус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

