Забава
Лепрата можеби е наследна болест
Гените можеби ќе објаснат зошто некои луѓе се повеќе склони кон лепрата од други луѓе, покажа опширната студија направена во Кина која подоцна беше објавена и во Америка
Студијата пронајде мутации на седум гени кои ја зголемуваат можноста кај личноста за да добие лепра, што е во контраст со она кое експертите го тврдеа многу долго време – дека болеста не е наследна.„Цело ова време, луѓето мислеа дека болеста се јавува само од инфекциски агенс но нашата студија докажа дека и генетиката игра огромна улога. Доколку родителот ја има болеста, постои висока шанса и детето да ја развие болеста“, изјави Зенг Фурен, еден од истражувачите во Институтот за дерматологија и венерологија „Шендог Провинцијал“ во североисточна Кина.„Она што е интересно е дека помеѓу двојките, доколку еден ја има болеста, другиот може да остане неинфициран со децении…значи како може да биде ова (исклучиво) инфексиска болест? Можеби оваа болест е повеќе поврзана со наследност“.„Она што ние го пронајдовме е дека освен инфекцискиот агенс, постои и внатрешна причина, пронајдовме седум мутирани гени…можно е болеста да е многу поврзана со генетиката“, изјави Зенг за Ројтерс.Овие резултати може да имаат слични импликации и за други бактерии кои припаѓаат на истата фамилија, како бактеријата која предизвикува туберколоза – која уби 1.8 милиони луѓе минатата година. Експертите анализираа гени од 706 лепрозни пациенти и 1.225 други кои ја немаат болеста, и мутантските верзии на седумте гени константно се појавуваа кај оние кои имаат лепра. Учесниците биле сите етнички Кинези од источна Кина.„Во иднина, доколку можеме да претпоставиме дали личноста е подложна на добивање на болеста, ќе можеме да превземеме акција пред да се појават симптомите.Болеста лепра е предизвикана од бактеријата „Mycobacterium leprae“. Таа ја напаѓа кожата, мукозните мембрани, периферните нерви и очите. Штетата на нервите е трајна, и дури и оние кои ќе се излечат неможат да чувствуваат болка. Според СЗО, во 2007 имало нови 254,525 случаи на лепра, повеќето во суб-тропските земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

