Забава
Третина од овошните српски сокови имаат лош квалитет

Резултатите од анализата на 55 премероци на овошни сокови на осум произведувачи од Србија покажале дека скоро третина од нив, односно 29.09 проценти не ги исполнуваат пропишаните законски одредби за квалитет
Претседателот на националната организација на потрошувачи во Србија Горан Поповиќ објаснил дека се анализирани овошни сокови и нектари од вкупно осум маркетиншки најзастапени произведувачи во Србија. Тој истакнал дека се испитувани чисти сокови и нектари , но не и мултивитаминските сокови и мешпавини. Испитувани се соковите на следните фирми: Фреш енд ко, Фрувита, ИБ тим, Нектар, Рауч Србија, Таково, Вино Жупа и Здраво Органик.Стопроцентна застапеност на исправни сокови забележана е кај производителот „Фреш енд Ко“ и „Здраво Органик“ а стопроцентно неиправни примероци се евидентирани кај „Вино Жупа“. Кај „Таково“ тој однос бил пола-пола.Спрема видовите овошје, примероците на сокови и нектари од ананас, рибизли и морков биле 100% исправни, додека најлоши резултати биле забележани кај примероците од праска – 75% неисправни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Убавата студентка по право ќе ја претставува Македонија на „Мис на светот“

Студентката на Правниот факултет при УКИМ во Скопје, Чарна Навзати (20), ќе ја претставува Северна Македонија на најпрестижниот избор на убавина – „Мис на светот“ во Телангана, Индија.
Изборот ќе трае до 31 мај.
„Чест ми е што ќе ја претставувам мојата земја на изборот за мис на светот 2025 година во Телангана, Индија, од 7 до 31 мај 2025 година – ‘Убавина со цел’. Вистински ја ценам оваа можност што ми ја даде организацијата „Мис Северна Македонија“ да ги претставам прекрасната култура и наследството на Северна Македонија на глобалната сцена“, напиша таа.
View this post on Instagram
Во декември 2023 Навзати победи на ораторската вечер „Иво Пухан“, која се одржа на Правниот факултет „Јустинијан Први“, на тема „Кој ја плаќа цената на војната и тероризмот“.
View this post on Instagram
Забава
Утврдено кој ќе управува со наследството на починатиот Лијам Пејн

Имотот на Лијам Пејн е назначен. Шерил, мајката на осумгодишниот Бер, син на покојниот член на „Уан дајрекшн“, ќе управува со неговиот имот.
Според судските документи до кои дојде списанието „Пипл“, во тоа ќе биде заедно со адвокатот Ричард Марк Бреј бидејќи Пејн почина без тестамент. Според извештајот, вредноста на средствата на Пејн во Обединетото Кралство, по одбивањето на долговите и трошоците, е приближно 32,2 милиона американски долари.
Сепак, според судските документи во кои увид имал Би-би-си, Шерил и Бреј засега имаат само ограничени овластувања да управуваат со парите додека не се издаде општ сертификат за наследување.
Во меѓувреме, на Шерил и адвокатот не им е дозволено да распределуваат ниеден дел од имотот.
Пејн почина во октомври, на 31-годишна возраст, при падна од балкон од третиот кат во хотел во Аргентина.
Забава
„Енергија без филтри, музика без маски и емоција без компромиси“, „Ареа“ најави специјален концерт на 𝟣𝟢. мај

Македонската рок група „Ареа“ која одбележува повеќе од децении од своето формирање, ќе одржи специјален концерт на 10. мај (сабота) во „Јавна Соба“ во Скопје, каде што публиката ќе има можност да доживее едно блиско и енергично музичко искуство со автентичниот звук што ја одбележа „Ареа“ низ годините.
„Да си свој е најгласниот звук што можеш да го свириш“, вели гитаристот Ивица Брчиоски, кој од почетокот е дел од ова музичко патување. Во интервју по повод јубилејот, Брчиоски се навраќа на скромните почетоци, снимањето на првиот албум во студиото на МРТ – „место каде што пред нас снимале легенди како ‘Леб и сол’ и ‘Бјело дугме’“ – и потенцира дека клучот на успехот е доследноста и искреноста.
И по седум издадени албуми и стотици настапи, „Ареа“ останува верна на својот стил и на директната комуникација со публиката. Брчиоски посочува дека денешната сцена е поинаква – доминираат бројките и алгоритмите, но суштината на музиката е да биде доживување, а не производ.
Концертот во „Јавна Соба“ ќе понуди токму тоа – енергија без филтери, музика без маски, и емоција без компромис. Публиката може да очекува избор од најдоброто од дискографијата на „Ареа“, во атмосфера што ја нагласува блискоста и искреноста на живиот настап.