Забава
Внимавајте што зборувате кога патувате во странство
Секоја земја има свои табу-теми за кои странците не би требало да зборуваат. Така, ако патувате на Блискиот Исток не почнувајте теми за политика и религија, низ Европа за историските судири меѓу соседните земји, во Азија за колонијалното минато…
Египќаните не сакаат да бидат критикувани за нивниот однос кон потчинетиот народ Копти, за положбата на Евреите во светот или, пак, за помирување со Израел. Особено не смеете да зборувате за терористичките напади и нивното влијание врз туризмот во Египет.Тероризмот не е пожелно да се споменува ниту во Израел, но е помалку штетно од палестинското прашање. Израелците се особено чувствителни на верските прашања.Во Аргентина едно од најчувствителните прашања е киднапирањето на 30 илјади луѓе и последиците од делувањето на воената Хунта, како и исчезнувањето на голем број деца во текот на седумдесеттите години. Исто така, не се пожелни дискусии околу историската улога на поранешните водачи, семејството Перон.Во Канада се најчувствителни околу постојаните споредби со САД, особено кога ги нарекуваат 51 држава на САД. На другата страна на светот, Кина, не смее да се зборува за трите прашања на буквата Т – Тибет, Тајван и Тјенанмен, како и односите и споредбите помеѓу Кина и Јапонија.Во Индија не зборувајте за прашањето околу Пакистан или етничките судири, системот на касти, договорените бракови и економската нееднаквост. За Јапонија табу-тема е секако, Втората светска војна и во никој случај не ја споменувајте националната траума – Хирошима и Нагасаки. Во Франција се смета за непристојно доколку прашате некоја жена за нејзината возраст. Французите никогаш не разговараат за пари или, пак, за тоа како се им се предадоа на Германците во Втората светска војна. Разбирливо, во Германија не раговарајте за Хитлер и холокаустот. Во Русија не треба ниту да алудирате дека оваа држава заостанува зад големите светски сили или да ги критикувате Путин и Медведев. Не се пожелни ниту темите околу Грузија и Чеченија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) На 81 година, Мајкл Даглас вози санки по Арктикот и спие во хотел од мраз
Мајкл Даглас (81) објави видео од Арктикот, каде што вози моторни санки и престојува во хотел изграден целосно од мраз. Ова патување доаѓа откако неодамна го посетил и Антарктикот. Во снимката, тој ги опишува мразот, излегувањето на сонцето околу 10 часот и мракот кој паѓа веќе во 14 часот. Посетил и леден хотел со уметнички скулптури во собите.
Покрај патувањето, Даглас најави и објавување на свои мемоари, каде што ќе зборува отворено за својот живот, семејството и искуствата надвор од славата.
View this post on Instagram
Забава
Каков прв состанок сака секој хороскопски знак
Некои сонуваат за вечера со свеќи, други би побегнале на патување, а трети најмногу се вљубуваат додека се забавуваат на исто место во исто време. Идеалниот состанок не изгледа исто за секого – бидејќи ниту романтиката не е универзална. Каков состанок одговара на секој хороскопски знак, открива „Индекс“.
♈ Овен
Најлошо му е кога е сè пребавно и „премногу тивко“. Идеалниот состанок започнува спонтано: краток пијалок, па некаква активност – билијард, картинг, пикадо, видео игри – што било каде што нешто се случува и каде што може да се натпреварува (па макар и на шега).
♉ Бик
За него романтиката е во уживањето. Вечера во проверен добар ресторан, десертот не се прескокнува, па мирна прошетка – тоа е неговиот јазик на љубов.
♊ Близнаци
Не поднесуваат состаноци кои изгледаат како долга пауза. Им треба динамика: кафе, па изложба или паб квиз, па „ајде уште тука“ – идеално кога вечерта има неколку станици, а разговорот секогаш оди во нов правец.
♋ Рак
Бара чувство на сигурност и топлина. Пријатно бистро, домашна вечера или филмска вечер, со акцент на „ние“ – без врева, без глумење, со разговор што останува во срцето.
♌ Лав
Сака сè да изгледа како настан. Коктели на убаво место, добра светлина, малку гламур и чувство дека вечерта е посебна – дури и ако трае само неколку часа.
♍ Девица
Не поднесува хаос, но го вреднува трудот. Идеалниот состанок е организиран и смислен: кафе, па прошетка или мал излет – деталите се важни, но на тивок, прецизен начин.
♎ Вага
Ја сака естетиката и атмосферата. Вино, убава околина, галерија или некој културен настан, па вечера на место каде што не мора да се викаш за да се слушнеш – сè треба да биде „по мерка“.
♏ Шкорпија
Не се пали на генерички сценарија: сака нешто интимно, малку мрачно, со доза на напнатост. Добар бар, музика, долг разговор и чувство дека „нешто се случува“, и без многу зборови.
♐ Стрелец
Најсреќен е кога состанокот е мини авантура. Роуд трип до блиско место, улична храна, нешто ново и смешно, план кој се менува во движење – за него романтиката е во слободата.
♑ Јарец
Вреднува квалитет без драма. Сериозна, добра вечера, добро вино и разговор со смисла. Без потреба од спектакл, но мора да се почувствува почит и намера.
♒ Водолија
Бега од клишеа. Идеалниот состанок е неконвенционален: стендап, паб квиз, алтернативен концерт или нешто сосема случајно – што подоцна ќе стане добра приказна.
♓ Риби
Најнежни од сите. Прошетка покрај вода, топло вино или чоколадо, мирна атмосфера и романтика што повеќе се чувствува отколку што се планира.
Естрада
По нападите врз Чолиќ и Кајмакоски, Хари Мата Хари не стравува: „Нема што да земат од мене, не станав богаташ од оваа работа“
Познатиот пејач Хари Мата Хари наскоро ќе одржи концерт во Белград, а особено се радува што по 10 години објави нова песна. На прес-конференција, тој отворено зборуваше за својата кариера, за колегите од естрадата, но и за актуелната клима на страв по неодамнешните инциденти.
По нападот врз домот на Здравко Чолиќ, кога беше фрлена бомба, и по киднапирањето на Даниел Кајмакоски, дел од музичката сцена изрази загриженост. Но, Хари тврди дека нема причина да се плаши.
„Мислам дека не сум толку важен. Немам обезбедување. Немам што да им дадам, немаат што да земат од мене“, изјави Хари, додавајќи дека е убеден дека не се замерил со никого, пренесе „Пинк“.
„Не станав богаташ од оваа работа, ниту некого премногу го иритирав. Не сум се дружел со погрешни луѓе“, додаде тој.

