Забава
И убавината зависи од варењето на стомакот
Здравјето, убавината и расположението најмногу зависат од тоа што се случува во стомакот, а здравата, природната храна не значи ништо доколку органите за варење не можат да издвојат некоја важна и корисна состојка за организмот, советува hrana.com.mk
Самата природа одредила човекот да живее подобро, среќно и барем двојно од тоа што би требало да живее, но тоа што се случува во организмот се спротивставува со сите познати природни закони.Во денешно време тројца од четворица луѓе патат од лоша столица, стомачни проблеми и најлошото од се’ е што тоа него кажуваат ниту се консултираат со лекар.До што доведува оваа ситуација?Органот кој се грижи за столицата во организмот е дебелото црево.Се’ што желудникот и цревата нема да сварат, се што јетрата ќе исфрли, сите отпадоци и отрови кои се излачени од келиите на организмот доаѓаат и се таложат во дебелото црево.Телото, откако се’ ќе пристигне до дебелото црево, е спремно да се ослободи од остатоците и тоа претставува нормален развој на работите во организмот доколку вишокот на време.Тоа се нарекува нормална столица. Но, доколку тој цел процес не се одвива навремено, тогаш нешто не е во ред.Наталожените отрови имаат време да пројдат преку ѕидовите на дебелото црево во крвотокот.Тие ја трујат крвта и тоа онаа најчистата крв која е снабдена со корисните состојки на храната и која се спрема да тргне кон сите келии на организмот.Доколку дојде до овој процес, тука настапува јетрата да спаси колку што може.Јетрата се труди со целата своја енергија да ги одвои отровите и да ги врати во дебелото црево.Тоа може да трае денес, утре но прашање е на време кога ова кружно движење на отровите во организмот ќе престане да функционира.Лошиот тен на лицето, „тешкиот“ мирис на организмот, главоболката, лошото расположение, мозолките… тоа се симптоми кои веднаш се забележуваат.Сите „современи“ болести, па и оние најтешките имаат свое потекло од стомакот.Но кои се причинителите на овие заболувања ?
1) Индустриски преработената хранаТипичен пример на оваа храна е белиот леб. Тој содржи она што за човекот во денешно време е нај непотребно, чиста енергија и ништо повеќе. Оваа „пластична“ храна предолго се задржува во организмот, предизвикува долготрајно варење, се скиснува и лепи за ѕидовите на цревата. Тоа што е добро, а што го нема во белиот леб се триците (зрнцата) од житарките. Доколку барем малку се задржале во белиот леб, тој ќе бил полесен за варење и побрз за прочистување во организмот.2) Џвакање на хранатаДоколку не ја проџвакуваме храната доволно долго и темелно се зголемува времето потребно за варење на истата воорганизмот. Затоа е од особена важност да се џвака храната што е можно подолго.3) Начинот на животДенешниот начин на живот предизвикува многу грчевити ситуации, и како и мускулите на коските на телото, така и во стомакот се случуваат грчеви иако понекогаш не ги чувствуваме.4) ДвижењеСедењето и нераздвиженоста најмногу се одразува на начинот на функционирање на стомакот.5) Кафе, алкохол, цигариПретераното консумирање на овие три состојки прво се чувствува во стомакот, па потоа и на лицето.6) ЛековиЛековите кои се консумираат кога не мора да се консумираат претставуваат исто така голем проблем за дигестивниот систем. Мора да се тргне таа навика на пиење апчиња при какви било болки. Секогаш треба да се трудите да ги избегнувате доколку нема особена потреба од нив.Современата медицина како да капитулирала пред проблемите со варењето на храната и лесното, уредно празнење на истите преку столицата. Сега медицината ни нуди јаки и вештачки лекови кои делуваат веднаш и енергично, стварајќи навики и зависност од истите, оштетувајќи ги слузокожите на органите за варење.Сумирано, може да се каже дека повеќе имаме штета од лековите отколку корист.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) За изработката на фустанот биле потребни 323 часа: Селена Гомез блесна на Златните глобуси
Актерката и пејачка Селена Гомез привлече големо внимание на доделувањето на Златните глобуси, појавувајќи се во гламурозна креација за чија изработка биле потребни 323 часа.
Гомез беше номинирана за најдобра главна женска улога во телевизиска серија од жанрот мјузикл или комедија, за улогата на Мејбел Мор во серијата „Само убиства во зградата“ („Only Murders in the Building“).
На црвениот тепих се појави во друштво на сопругот, музичарот Бени Бланко, носејќи уникатна црна тоалета од модната куќа Шанел.
View this post on Instagram
Фустанот бил украсен со повеќе од 200 рачно изработени цветови од перје, органза и свилен шифон, а во неговата изработка ателјето на Шанел вложило вкупно 323 часа работа, пренесе „Вог“.
Изгледот го надополни со чевли и накит од истиот бренд – црни чевли со шпиц и отворена пета, како и обетки и прстени од колекцијата на Шанел.
Забава
Некогаш беа омилен холивудски пар, а потоа речиси преку ноќ станаа омразени: јавноста ја згрози и начинот на кој ги воспитуваат своите деца
Мила Кунис и Ештон Кучер се вратија на црвениот тепих по четири години, период во кој нивниот јавен имиџ драстично се промени.
Познатиот пар, кој со години не се појавувал заедно на вакви настани, изненади со доаѓањето на 83. доделување на Златните глобуси. Иако долго време не уживаат наклонетост од јавноста, актерите и сопружници се погрижија нивното појавување да не помине незабележано.
Мила носеше фустан без прерамки со цветен дезен, корсет и раскошен долен дел, додека Ештон беше облечен целосно во црно. Насмеани и прегрнати, покажаа дека нивната љубов е силна и покрај сите предизвици низ кои поминале заедно. Последен пат заедно на црвен тепих се појавија на доделувањето на Оскарите во 2022 година.
Некогаш омилениот холивудски пар, Мила и Ештон речиси преку ноќ станаа мета на критики откако во 2023 година нивниот поранешен колега од серијата „Лудите седумдесетти“, Дени Мастерсон, беше осуден на затвор поради силување на две жени. Потоа во јавноста протекоа нивните писма за поддршка до судот, во кои апелирале за поблага казна, што предизвика многумина да заклучат дека Кунис и Кучер ги оправдуваат неговите постапки.
„Во писмото зборувавме за Дени, таков каков што го познававме 25 години, за судот да добие целосна слика. Свесни сме за болката што ја предизвикавме“, се правдаше подоцна актерскиот пар, нагласувајќи дека отсекогаш биле и ќе бидат на страната на жртвите на силување.
Токму кога оваа приказна почна да паѓа во заборав, Ештон повторно се најде во центарот на нов скандал – поради пријателството со Шон Диди Комбс, кој во септември 2024 година беше уапсен и обвинет пред федерален суд во Њујорк за повеќе тешки кривични дела поврзани со проституција, за кои подоцна беше осуден на нешто повеќе од четири години затвор. Името на Кучер тогаш се најде во медиумски и јавни дебати поради неговото долгогодишно познанство со Диди и присуството на некои од неговите забави.
Според извори, Ештон изразил непријатност и жалење поради тоа пријателство во светло на обвиненијата и стравувал дека неговото име може да биде вовлечено во случајот ако раперот се обиде да се опкружи со познати личности за своја одбрана. Неговите претставници повеќепати порачаа дека тој немал никакви сознанија за криминалните активности на Диди.
Дополнителни критики кон Мила и Ештон постојат и поради нивната одлука на своите деца – ќерката Вајат (11) и синот Димитри (9) – да не им остават ништо во наследство, иако во текот на успешните кариери стекнале големо богатство.
„Ние не создаваме богатство за нив. Парите по нашата смрт ќе ги донираме во хуманитарни цели или за други корисни работи. Ако нашите деца сакаат да започнат бизнис и ни покажат добар деловен план, ќе инвестираме, но нема да добијат пари само така“, изјавил еднаш Кучер. Тие сакаат нивните деца сами да заработуваат за живот, иако додека не пораснат уживаат во бројни привилегии, како што е користење приватен авион.
Парот е познат и по воспитните методи кои многу родители ги сметаат за необични.
„Не бев тип на родител што постојано ги капе новороденчињата“, изјави Мила Кунис во подкастот Armchair Expert во 2021 година, а Кучер додаде: „Ако видите нечистотија на нив – избањајте ги. Во спротивно, нема смисла“.
Мила призна дека додека растела немала топла вода и ретко се туширала, па истата навика ја задржала и кога добила деца, кои не ги капела секој ден. Ештон изјавил дека секојдневно ги мие само пазувите и интимните делови, а остатокот од телото – не.
Мила и Ештон глумеа пар во серијата „Лудите седумдесетти“, но во реалноста станаа двојка многу години подоцна. Љубовта се роди по долгогодишно пријателство, врската ја започнаа во 2012 година, а се венчаа во 2015 година.
Забава
Шон Пен си запали во сала на Златните глобуси (ФОТО)
Актерот Шон Пен бил снимен како пуши цигара во салата за време на Златните глобуси, иако пушењето таму е забрането. 65-годишниот актер запалил цигара на масата во хотелот „Беверли Хилтон“, каде што седел покрај Леонардо ДиКаприо.
На фотографиите се гледа дека ги гасел опушоците во празна чаша. Според Венити фер, другите гости барале надворешен простор за пушење, додека Пен пушел директно во салата, на својата маса.
This can’t be legal. pic.twitter.com/hBp0D7O6jt
— Ben Fritz (@benfritz) January 12, 2026
Новинарот Бен Фриц објави фотографија од Пен со ДиКаприо и Кејт Хадсон, со коментар дека тоа „не може да биде легално“. На социјалните мрежи следеа шеги и забелешки дека Пен е познат пушач и дека „ако си Шон Пен, можеш сѐ“.
Пен бил и мета на воведните шеги на водителката Ники Глејзер, кои тој ги прифатил со смеа. Ова не е првпат актерот да ги игнорира правилата за пушење – претходно пушел и во интервју со Стивен Колбер во 2018 година, како и на Филмскиот фестивал во Маракеш во 2024 година.

