Контакт

Забава

Дејството на Витаминот Е

Објавено пред

Витаминот Е е активен антиоксиданс, ја спречува оксидацијата на јаглените хидрати, мастите, витаминот А, фосфатите и креатинот

Се смета дека човекот не е во состојба да го синтетизира овој витамин. Неопходен е за правилно формирање на врзното ткиво. Неопходен е за синтеза на белковините (а особено за колагенот, скелетните мускули и срцевиот мускул). Значаен е како вазолидататор и анти-коагулант. Го засилува дејството на витаминот А. Со помош на витаминот А ги штити белите дробови од загаденост на воздухот. Витаминот Е се користи против: стрес, пушење, зрачење и заштита на централниот нервен систем од жива. Го одржува младешкиот изглед така што го забавува стареењето на клетките. Го зголемува лачењето на хормонот на надбубрежната жлезда. Го зголемува создавањето резерви на гликоген. Го зголемува тонусот на срцевиот мускул и го зајакнува ѕидот на капиларите. Спречува настанување на тромбоза (при недостиг се зголемува агрегацијата на тромбоцитите. Никотинот ја забрзува агрегацијата на тромбоцитите 10 минути по испушената цигара. При недостиг на витаминот Е кај жените може да дојде до рана ресорпција на фетусот (ресорпционен стерилитет), а кај мажите се развива атрофија на сперматогено ткиво при што е можен и перманентен стерилитет. Делува превентивно при формирањето дебели надворешни лузни (ако се примени локално, во состојба е да се апсорбира низ кожата), како и на внатрешните лузни. Го забрзува зараснувањето на изгоретини.Витамин Е и селенот (или хромот) играат важна улога во метаболизмот на мрежницата, и нивниот недостиг може да доведе до развој на катарката при што се собираат масни капки внатре во окото, а нервните завршетоци на мрежницата дегенерираат или потполно се уништуваат (тоа може да се случи и при недостиг само на витаминот Е).



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Отворен конкурс за демо рап песна

Објавено пред

Културно-социјалниот простор „Центар-Јадро“ организира конкурс за демо рап песна на кој може да се пријават сите неафирмирани македонски рап бендови или соло артисти.

Со овој повик „Центар-Јадро“ сака да го помогне развојот на домашната сцена и да им даде простор и поттик на талентираните рапери и раперки да ги раскажат своите приказни и искуства. Избраните бендови или артисти ќе добијат професионална сесија за снимање на оригинална музика, микс и мастер за песната во едно од студијата на Владимир Аговски Аго, Гоце Саф и Драги (Druggy), како и парична награда од 250 евра.

Што треба да направите?

-Изберете било каква музика (ваша или рандом музичка подлога), напишете свој текст и снимете го вашиот рецитал;
-Вашата снимка со времетраење од максимум 90 секунди може да ја пратите на два начини: како mp3/wav формат директно на е-mail, или на вашиот Facebook/Instagram профил, со користење на хаштагот #РапДемо2020 и таг на @centarjadro во вашиот пост;
– Ако праќате на e-mail, покрај демо снимката, треба да ја испратите и вашата кратка биографија, фотографија и контакт најдоцна до 8 ноември 2020г. на нашата адреса: [email protected] со назнака „РапДемо2020“.
-Може да направите пост-продукција на вашата демо снимка, но може да ја пратите и без никаква обработка, само бидете сигурни дека квалитетот на снимката е добар;
– Доставете песна што најдобро ве претставува вас и вашата музичка визија.

„Ги охрабруваме сите неафирмирани македонски бендови и соло артисти кои прават или сакаат да прават авторска музика и кои немаат официјално издание за некоја продуцентска куќа или настап на некој од поголемите фестивали (Таксират, Д Фестивал, итн) да се пријават на конкурсот. Покрај паричната награда, ќе имаат бесплатна можност за соработка со етаблирани продуценти и снимање во професионално студио. Комисијата составена од продуцентите што ќе ги продуцираат песните и еден член на КСП „Центар-Јадро“ од сите пристигнати демо-снимки ќе одбере 6 песни. Избраните артисти ќе снимаат целосно нова песна независна од нивната демо снимка“, велат од „Центар-Јадро“.

КСП „Центар-Јадро“ ја задржува можноста да ги објави сите пристигнати демо снимки. КСП „Центар-Јадро“ ќе ги објави сите 6 песни кои ќе бидат направени во професионалните студија на своите социјални медиуми. Демо снимките треба да бидат необјавени и неиздадени, во спротивно ќе бидат дискфалификувани.

Пријавите можат да бидат најдоцна испратени до 8 ноември 2020 година.  Конкурсот е реализиран со поддршка од Амбасадата на Швајцарија во РСМ.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Во Дубаи отворена најголемата фонтана во светот

Објавено пред

Најголемата фонтана во светот беше пуштена во употреба во Дубаи во четвртокот со прекрасен огномет.

Посетителите со маски за лице, во согласност со мерките против ширење на коронавирусот, се собраа за да уживаат во танцот на водата и светлината.

Фонтаната зафаќа 7.327 квадратни метри, осветлена е со 3.000 ЛЕД светла, а 7.500 млазници фрлаат вода во висина до 105 метри.

Фонтаната се наоѓа во трговскиот центар „Поинте“.

Најновата атракција на Обединетите Арапски Емирати влезе во Гинисовата книга на рекорди како најголема фонтана во светот.

Ќе работи цела година од утро до полноќ, а млазниците ќе се активираат на секои три минути во различни бои.

Прикажи повеќе...

Забава

Не гледај, Бен! Девојката на Афлек во прегратки на машки модел додека снима реклама за парфем

Објавено пред

Во реалниот живот таа е во среќна врска со Бен Афлек.

Но, најновиот човек на Ана де Армас пред камерите беше дрзок машки модел, кој страсно ја прегрнува и бакнува на реклама за парфем што се снимаше на Малибу неделава.

 

32-годишната актерка и модел лежи на песокот, а нејзиниот колега ја крева во рацете и потоа страсно ја бакнува.

Новата Бонд-девојка, која ја игра и Мерилин Монро во претстојниот биографски филм, зрачи со гламур на снимањето.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија47 минути

Амди Бајрам нема да биде погребан во Алејата на великаните

Лидерот на Сојузот на Ромите и долгогодишен пратеник, Амди Бајрам, сепак, нема да биде погребан во Алејата на великаните на...

Македонија1 час

Заев го отвори дигиталниот партиски конгрес: „Даваме пример што значи одговорност за јавното здравје“

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев го отвори 25. Конгрес на СДСМ, кој за првпат се одржува дигитално, на далечина со...

Европа2 часа

Шпанија прогласи вонредна состојба

Шпанската влада прогласи вонредна состојба во земјата поради коронавирусот и воведе полициски час од 23 до 6 часот наутро. Со...

Топ5 часа

Автомобил прегази 15-годишно дете во Скопје

Петнаесетгодишно дете вчера напладне било прегазено од автомобил на булеварот Александар Македонски во Скопје. Со возилото управувал Т.В. од Крива...

Македонија6 часа

Шилегов: Би ги укинал централните инспекции, да не постои државен инспекторат

На дебатата „Како до ефикасни и независни инспекциски служби во Скопје“ што ја организираше НВО Инфоцентарот, градоначалникот Петре Шилегов се...

Македонија7 часа

Во болниците се лекуваат 595 пациенти од коронавирус, капацитетите се прошируваат

Со вчерашните нови 404 случаи со Ковид-19 регистриани во земјава, во болниците низ Македонија се лекуваат 595 пациенти. Од нив...

Македонија7 часа

Маричиќ: Судството покажа дека може да функционира онлајн

Судството покажа дека може да функционира онлајн, вели министерот за правда Бојан Маричиќ по повод Европскиот ден на правдата. „Ова ново...

Македонија19 часа

Амди Бајрам бил позитивен на коронавирус, епидемиолозите ќе прават анкети со семејството

Министерството за здравство информира дека кај починатиот Амди Бајрам постмортем е утврдено дека бил позитивен на Ковид-19. Од страна на...

Македонија22 часа

Починаа 14 лица, регистрирани 404 новозаразени

Денеска се регистрирани 404 нови случаи на Ковид 19, оздравени се 182 пациенти, а починаа 14 лица. Министерството за здравство...

Регион22 часа

На Балакнот рекордни бројки на заразени со коронавирус

Дел од државите на Балканот денеска регистрираа рекордни бројки на заразени со коронавирус од почетокот на пандемијата. Во Србија рекордни...

Свет22 часа

(Видео) Трамп гласаше на претседателските избори во САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп гласаше на претседателските избори во САД. „Само што гласав! Голема чест“, напиша Трамп на социјалните...

Свет1 ден

Американските компании продолжуваат со тестирање на вакцината против Ковид-19

Фармацевтската компанија „Астра Зенека“ ќе продолжи со клиничките испитувања на својата експериментална вакцина против Ковид-19 во САД, откако доби одобрение...

Македонија1 ден

Филипче најави проширување на болничките капацитети и надополнување на кадарот

Прширување на болничките капацитети и надополнување на кадарот најави министерот за здравство Венко Филипче, кој денеска ги посети болниците во...

Македонија1 ден

Почина Амди Бајрам

Поради кардиоваскуларни проблеми, почина Амди Бајрам, експратеникот и претседател на Сојуз на Ромите. Тој починал на приватна клиника во Скопје....

Економија1 ден

(Видео) Компаниите кои се потешко погодени од кризата ќе добијат поголема финансиска поддршка

Со измените на Законот за поддршка на исплата на плати, компаниите кои се потешко погодени од кризата, ќе добијат поголема финансиска...

Регион1 ден

Грција воведе дополнителни мерки, вклучително и полициски час во Атина и Солун

Поради зголемувањето на ширењето на Ковид-19, Грција воведе дополнителни мерки, вклучително и полициски час во Атина и Солун. Мерките стапуваат...

Македонија1 ден

Георгиевски во Софија: Историската комисија има направено големо поместување

Претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски при својата посета во соседна Бугарија оствари средби со министерката за надворешни работи, Екатерина...

Свет1 ден

СЗО работи на насоки за употреба на Ремдесивир

Светската здравствена организација објави дека работи на развој на упатства за употребата на лекот Ремдесивир за третман на пациенти со...

Македонија1 ден

Активни 6.861 случаи на заразени со коронавирус во земјата

Во моментов бројот на активни случаи со коронавирус во земјата изнесува 6.861 лице, откако вчера потврдени 518 новозаразени, 200 оздравени...

Македонија1 ден

Ноќва почнува зимското сметање на времето

Со поместување на часовникот за еден час наназад, од ноќва почнува зимското сметање на времето, со што времето во 3...

Досие