Контакт

Забава

Фидел Кастро спиел со 35 илјади жени

Објавено пред

За четири децении, Фидел Кастро, неприкосновениот водач на кубанската револуција и нејзин децениски претседател, секој ден нарачувал по една жеnа за ручек и за вечера, а честопати имал љубовница и за појадок, покажува истражувањето на The Daily Beast

dobivaj vesti na viber

Овие бројки доаѓаат со едноставна пресметка на податоците што ги даваат биографите на Фидел Кастро, според кои секојдневно тој спиел најмалку со две различни жени. За нив биле задолжени доверливите луѓе од неговото најблиско опкружување, кои ги барале по плажите во околината на кубанската престолнина Хавана.Официјално, Кастро има осум деца од четири жени, а минатаta седмица беше објавена фотографија на која е со неговата сегашна сопруга Далие Сото дел Вале.Во ова истражување на американскиот портал, како втор најголем љубовник е запишан еден од најдобрите американски кошаркари на сите времиња Вилт Чебрлен. За него е наведено дека спиел со 20 илјади жени, бројка која самиот ја навел во неговата биографија, истакнувајќи дека никогаш не спиел со мажена жена, фалејќи се дека и ретко кога легнал со грда. Како што скоро беше објавено, трет на листата „Казанови“ на сите времиња е холивудскиот актер Ворен Бити, со „бројка“ од 13 илјади. Се разбира на неговата „листа“ се наоѓаат и најпознатите, како што се актерките Џејн Фонда, Џоан Колинс, Лесли Керон, Изабел Аџани, Џули Кристи, Дајана Китон, Мадона, Анет Бенинг итн.Според авторите на ова истражување, на обичните мажи им се дава и една утеха. Имено, тие со еден пример потврдуваат дека за да се легне со многу жени и не мора да се биде славен. Тие го вбројуваат како доказ поранешниот вратар на славниот хотел Венетиан во Лас Вегас, Умберто Било. Наводно, тој спел со осум илјади гостинки во хотелот, а добил отказ од работа затоа што постојано бил уморен и не можел да ги исполни секојдневните работни обврски. На петтото место е повторно актер, Чарли Шин. Тој во медиумите е познат по големиот број пропаднати бракови, но и по долгата врска со порно-ѕвездата Џинџер Лин Ален. Наводно тој успеал да легне дури пет илјади жени. На оваа листа се наоѓа и вокалистот на некогашната светска рок-атракција групата Кис, Џин Сајмонс, со 4.600, па најголемата машка порно-ѕвезда Рон Џереми со недефинирана бројка меѓу четири и пет илјади жени, основачот на Плејбој Хју Хефнер со повеќе илјади, Џек Николсон со околу две илјади жени, а пејачот Ерик Клептон и кошаркарот Меџик Џонсон ја заокружуваат листата со повеќе од илјада жени со кои спиеле. За споредба, бројката на најголемиот љубовник Казанова – изнесува 130 жени со кои легнал. Но, тоа е во 18-от век.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

„Во чест на Мирко Попов ја славиме македонската музика“: промоција на винил издание – Поп култура

Објавено пред

Утревечер, на 29 март, во 19 часот во Eдукативниот културен центар „Лабораториум“ ќе се одржи промоција на првата винил компилација посветена на современата поп продукција од млади македонски музичари – Поп култура. Ова исклучително винил издание се реализира во рамки на платформата Силата ЕУ младите.

dobivaj vesti na viber

Компилацијата претставува значаен историски документ и запис за времето и квалитетот на македонската поп музичка сцена на докажано најквалитетниот носач на звук и се уште најценетиот во светот на музиката (винил), што е куриозитет на домашната сцена.
Компилацијата опфаќа селекција песни од најрепрезентативните млади автори на македонската поп музичка сцена: Аудио Цигла (Audio Cigla), Миа Перевска (Mia Perevska), Дина Јашари (Dina Jashari), Андреја Салпе (Andreja Salpe), Зи (Zee), Јанг Дади (Young Dadi), Матеј Фолтц (Matej Foltz) и веќе признаениот музичар Слаткаристика (Slatkaristika).

Музичкиот избор оваа вечер ќе биде на диџеите на младиот колектив Македонско Улично Радио: Скам, Аудио Цигла и Демиџ Контрол. Промотивниот настан се реализира во соработка помеѓу СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ, Македонско Улично Радио и Лабораториум.

Платформата Силата ЕУ младите е еден од низата проекти иницирани и програмски уредени од Мирко Попов, кој континуирано и посветено работеше за поддршка на младите и креирање простор за нивно изразување, работа и препознавање како креативна и надоаѓачка сила во музиката и културата. Како продуцент и куратор го реализира и ова, 13-то по ред винил издание за дискографската куќа „ПМГ Рекордингс“.

Во издание на „ПМГ Рекордингс“, Попов реализираше 300 изданија македонска музика од македонски автори на македонски јазик. Затоа Мирко Попов е еден од најголемите чувари на македонскиот идентитет. Ако Југославија го имаше „Пакет Аранжман“ во 1981, како пресек на тогашниот нов бран, Македонија денес го имановиот бран на поп музика на компилацијата ПОП Култура, чија историска вредност ќе се покаже во годините што доаѓаат. Голема радост за Мирко беше оваа плоча, чија промоција за жал не успеа да ја дочека, а во негова чест ќе ја промовираме овој петок во Лабораториум.

„Мораме да комуницираме и да се дружиме со младите, затоа што само така вистински ќе знаеме каде оди светот и ние ќе останеме млади“, велеше Попов. Толку многу ги сакаше сите и се радуваше дека го градат оној град во кој тој веруваше. Тие го препознаа искрениот жар и отворениот простор на Мирко и му вратија назад со љубов и убава соработка.

Во чест на Попов, зааедно да ја славиме македонската музика, како што велеше и самиот: „Во Скопје, улиците пеат“.

Прикажи повеќе...

Забава

Хит панталони за пролетва: ги издолжуваат нозете

Објавено пред

Широките панталони се идеални за пролетен изглед бидејќи одлично одат со романтични блузи, топови и широки сакоа. А доколку изберете ваков тип на бели панталони, даваат ефект на долги нозе и вита линија.

dobivaj vesti na viber

Широките панталони може да се носат во разни ситуации, од лежерни излегувања до елегантни настани, а тајната на добриот изглед е во нивното комбинирање со соодветни модни парчиња и додатоци. Но, пред сè, треба да ги пронајдете вистинските, модел што ѝ одговара и на вашата фигура.

Моделот со средно висока половина ја истакнува силуетата, а самиот крој создава ефект на долги нозе. Покрај тоа, овој модел на панталони во бела боја е идеален за комбинирање со клучните пролетни трендови.

Совршено се вклопуваат со сандали на потпетици.

Прикажи повеќе...

Забава

Никол Кидман ги изненади фановите со промена на имиџот

Објавено пред

Оскаровката Никол Кидман се пофали со својата промена на имиџот на својот инстаграм-профил.

dobivaj vesti na viber

56-годишната актерка ја покажа својата нова боб-фризура заменувајќи ги препознатливите долги кадрици.

Обожавателите во коментарите го пофалија нејзиниот нов изглед, а многумина напишаа дека актерката изгледа помладо.

„Безвременски“, „Ја сакам твојата коса“, „Време беше“, „Изгледаш фантастично“, се дел од коментарите.

Сепак, имаше и такви што беа разочарани од новата фризура.

„Каде ти се локните?“, „Извини, но воопшто не личиш на себе“, „Никогаш не би помислил дека ова е Никол“, напишале тие.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Ванковска: Преспанскиот и Бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет2 часа

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет2 часа

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско каде мостот Френсис...

Македонија2 часа

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион2 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет2 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет2 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија17 часа

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија18 часа

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија20 часа

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија21 час

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...

Македонија21 час

„Вреди“: Албанците нема да му простат на Бујар Османи за случајот Монструм

Претходно кога објаснувавме кој е Бујар Османи, дојде време да се откриваат неговите корупциски скандали, но и политичките ставови што...

Македонија23 часа

Мицкоски: Имаме принципиелен договор за настап на парламентарните избори врз кој ќе функционираме како идна влада

Ние имаме принципиелни разговори и преговори и принципиелен заеднички договор за настап на следните парламентарни избори и очекуваме понатаму, врз...

Свет1 ден

Бајден: Да ja ​​заштитиме Украина од месарот Путин

Американскиот претседател Џозеф Бајден уште еднаш го навреди рускиот претседател Владимир Путин говорејќи пред гласачите во американската сојузна држава Северна...

Регион1 ден

Вучиќ: Следуваат тешки денови за Србија, не ми е лесно да кажам какви вести добивме

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека пред Србија претстојат тешки денови, пренесува „Нова.рс“. Вучиќ најави дека во наредните денови...

Македонија1 ден

СДСМ: Скопје е запустен град, граѓаните се изневерени, ДПМНЕ нема план за иднината

Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје. Откако ги изневерија граѓаните на Скопје,...

Регион1 ден

Трае потрагата по исчезнатото двегодишно девојче во Србија

Трае потрагата по двегодишното девојче, кое исчезна вчера околу 13.45 часот во приградската населба Бањско Поле, недалеку од Бор во...

Свет1 ден

Израел во текот на ноќта жестоко го бомбардира јужниот дел на Газа: „Луѓето умираат само за да добијат конзерва туна“

Израел во текот на ноќта интензивно го бомбардираше јужниот дел на Појасот Газа, и покрај меѓународниот притисок за итен прекин...

Свет1 ден

„Не веруваме дека ќе ги пронајдеме живи“: Запрена потрагата по исчезнатите лица по уривањето на мостот во Балтимор

Спасувачките екипи ја прекинаа потрагата по шест лица исчезнати по уривањето на мостот во Балтимор, бидејќи се претпоставува дека се...

Македонија1 ден

Османи со дипломатскиот кор за четвртата годишнина од членството на Македонија во НАТО

Со цел одбележување на 4-та годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска...