Забава
Како да се откажеме од пушењето цигари?
Новиот закон за пушење е вистински рај за непушачите, а за пушачите е добар мотив да се откажат од цигарите
Оние што поминале низ фазата – откажување од цигари, ќе ви потврдат дека тоа е можеби најголемиот предизвик со кој се соочиле во животот. Штом зборуваме за зависности тогаш не треба да ве чуди ако откажувањето е болно. Затоа не пробувајте да ја разберете пријателката што пати по цигарите, едноставно дајте и поддршка да истрае.ФАЗИ НА ОТКАЖУВАЊЕ: НЕ ПОСТОЈАТ!Луѓето со искуство ќе ви потврдат дека не постои опцијата ќе ги намалам цигарите и со текот на времето ќе се откажам. Ако навистина се решите да престанете со пушењето, тогаш фрлете ја кутијата и заборавате на земањето само еден дим.ПРВИТЕ 24 ЧАСА БЕЗ ЦИГАРА – телото плаче за никотин. Ќе почнете да се тресете, да се чешате, ќе почувствувате бранови на топлина и нервоза. За да не го замените пушењето со уште една лоша навика, грицкање нокти, џвакајте мастика или грицкајте некое овошје или зеленчук.ПРВАТА НЕДЕЛА БЕЗ ЦИГАРА – ќе ви недостасува самиот ритуал на пушење. Секогаш после јадење си палевте цигара, кафе-паузата не може да помине без едно цигарче, едвај чекате да заврши предавањето за да излезете со пријателите и да запалите по една. Ваквите моменти може навистина да влијаат повторно да посегнете по цигарите иако реално вашето тело нема потреба од никотин.ПОМОШНИ ТРИКОВИ ЗА ОТКАЖУВАЊЕ:ФРЛЕТЕ ГИ ЦИГАРИТЕ!Ослободете се од пепелниците и штеките цигари што ги криете по фиоките. Моментите на слабост се неизбежни, но многу помали се шансите да запалите цигара ако треба да одите до продавницa да купите, отколку да имате при рака.ПОТСЕТЕТЕ СЕ ЗОШТО ГО ПРАВИТЕ ТОА?Напишете ги сите причини поради кои се откажувате од цигарите, здравјето, здравјето на непушачите околу вас, финансиите… Напишете ги на една картичка што секаде ќе ја носите со себе или залепете ги на работното биро.ИЗБЕГНУВАЈТЕ ГИ МЕСТАТА КАДЕ ШТО НЕКОГАШ ПУШЕВТЕ!Ако до пред Нова година тоа беа кафулињата, меаните, баровите…сега немате гајле. Всушност сега ќе треба да бегате од собирањата по дома бидејќи само таму ќе можете да паднете под искушение.ОДВЕЛЕЧЕТЕ ГИ МИСЛИТЕ!Кризата за цигари трае од 10 до 15 минути. Се работи за навистина непријатно чувство од кое ќе мислите дека нема спас. Но, не се секирајте со текот на времето кризите ќе се намалат за на крај да исчезнат цeлосно. Јавете се некому, излезете на прошетка, читајте списание…се е дозволено освен фрижидерот со храна.НЕ РАЦИОНАЛИЗИРАЈТЕ!Откажувањето од цигарите е слично како да сте на диета. Знаете дека храната ви е забранета и ви се јаде уште толку. Но затоа не треба да мислите на тоа или да зборувате како сте се откажале. Често ќе ви прелета мисла: „Ќе запалам само една, а од утре дефинитивно ги откажувам цигарите!” Ваквите мисли напаѓаат за време на кризите и никако не смеете да ги слушате.ПРОСТЕТЕ СИ АКО ПОТКЛЕКНЕТЕ!И во случај да запалите цигара не значи дека откажувањето завршиле. Не користете ја грешката како изговор повторно да им се вратите на цигарите. Луѓето се откажале, се откажуваат и стануваат непушачи за цел живот. Ако вашата цел е да се откажете од цигарите за навек, имајте на ум дека се може да се случи на патот до успехот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Брејк објави нова песна „Една во милион“
Музичарот Дарко Гелев‑Брејк објави нова песна „Една во милион“.
Новиот сингл доби и видео спот. Ова музичко дело е плод на наши познати лица од музиката.
Музиката е на Никола Перевски Пере од „Нокаут“, аранжманот на Дарко Димитров, текстот е на Игор Џамбазов, а миксот и мастерингот на Дарко Димитров.
Забава
Бритни Спирс ги продаде правата за сите нејзини хитови
Бритни Спирс ги продаде правата за целиот свој музички каталог, профитирајќи од наследството што го изгради со хитовите како Baby One More Time и Toxic. Според правните документи, каталогот е продаден на издавачката куќа Primary Wave, и иако износот не е откриен, медиумските извори го опишуваат како историски договор споредлив со продажбата на каталогот на Џастин Бибер за околу 200 милиони евра.
Според документите, 44-годишната пејачка го потпишала договорот на 30 декември. Извори блиски до Спирс велат дека таа е задоволна од одлуката и слави поминувајќи време со своите деца, синовите Шон (18) и Џејден (17), кои ги има со поранешниот сопруг Кевин Федерлајн.
Со овој потег, Спирс се придружува на голем број музички ѕвезди кои профитираа од своите каталози во последните години. Меѓу нив се Џастин Бибер, Брус Спрингстин, Боб Дилан, Шакира, Стинг и Фил Колинс.
Каталогот на Бритни Спирс се смета за еден од највредните во модерната поп музика. Нејзината кариера започна во 1999 година со нејзиниот деби албум Baby One More Time, кој се продаде во повеќе од 10 милиони примероци и помина две недели на врвот на табелата Billboard Hot 100.
За време на нејзината кариера, таа постигна 11 синглови број еден, повеќе од 30 песни во топ 10 и издаде девет студиски албуми. Вкупната продажба на нејзините албуми надминува 100 милиони примероци низ целиот свет.
Хитови како „Toxic“, „Oops!… I Did It Again“, „Gimme More“ и „Womanizer“ ѝ донесоа бројни номинации за Греми, МТВ и Билборд награди. Нејзината музика продолжува да генерира огромни приходи од услугите за стриминг, радио емитување, како и употреба во филмови, реклами и на платформи како TikTok.
Забава
(Видео) Најубавата жена на светот е номинирана и за најдобра актерка: Сите зборуваат за нејзиниот стил
Ема Стоун, која ја носи титулата најубава жена на светот, блесна на 98-та гала вечера на номинираните за Оскари. Самиот настан се одржува пред Оскарите и ги собира сите номинирани ѕвезди за таа година во хотелот Беверли Хилтон.
Ема, која беше номинирана за најдобра актерка во филмот „Бугонија“, беше таа што ги привлече сите погледи со необична, но привлечна комбинација. Таа носеше смокинг фустан кој комбинира класичен стил и гламур, и не завршува тука. Црната креација е исто така украсена со доза на сексапил бидејќи има длабоко деколте и мини крој.
Покрај тоа, цветниот детаљ беше забележлив – централниот мотив кој го нагласуваше тоа многу длабоко деколте. За да го комплетира стајлингот, таа се одлучи за отворени потпетици.
Што се однесува до шминката, таа носеше нежни, земјени тонови и едвај забележливи додатоци – ситни обетки.

