Забава
Запознајте ја првата машка проститутка – Маркус!
Поранешниот маринец стана член на првиот бордел каде што мажите го продаваат своето тело – Shady Lady
Момчето од Алабама познато под уметничкото име „Маркус“ (25), стана првата легална машка проститутка во Америка. Иако многу добро се знае како се нарекува работата со која се занимава, сепак тој повеќе го преферира називот жиголо отколку проститутка.„За мажите кои сакаат да бидат успешни во оваа работа е подобар називот жиголо отколку проститутка. Вие сте ‘сурогат љубовник’, бидејќи правите се што од вас се бара – не само емоционално и физички туку и психички. Жените се навистина чувствителни. Јас навистина уживам во она што го работам. Не можете едноставно да кажете – ах, тоа е само работа. Треба да кажете – тоа е страст!“, изјави Маркус за магазинот Details.Понатаму во интервјуто, тој открива дека за оваа негова одлука „е виновна Џина Џејмисон“. „Ја прочитав нејзината книга и си реков сам на себе – па јас сакам да го правам ова. Талентиран сум во таа смисла и можам ова да го остварам. И сега сум овде! Интересено е како работите се редат во животот“, вели првиот легален американски жиголо, кој сепак не открива колку чини еден ноќ/час пројдени со него, и дали тој спие само со жени или и со мажи.„Оваа работа не е продавање на моето тело, туку поместување на границите во општеството“, изјави Маркус за Details.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Поранешниот на Меган Фокс го спореди сексуалниот живот со Ф1-возачите: „Брз сум, но ми треба долго за да стигнам до целта“
Американскиот музичар Машин Ган Кели повторно привлече внимание по изјавата дадена на Ф1 Гран При во Лас Вегас, каде што се спореди со Ф1-возачите, велејќи дека „е многу брз и дека долго му треба да стигне до целта“ во сексуален контекст.
Изјавата дојде во момент кога продолжуваат шпекулациите за неговиот однос со Меган Фокс. Двајцата беа верени од 2022 до 2024 година, а прекинот уследи по наводи за негово неверство.
Во март оваа година Меган го роди нивното заедничко дете, што, според извори, повторно ги зближило — иако формално не се во врска, поголемиот дел од времето го минуваат заедно и фокусот им е на бебето.
Забава
(Видео) Птиците умираат пеејќи, се пошегува Северина по падот на концерт
Северина ги покажа модриците што ги доби по падот на концертот во загрепската Арена и откри како се подготвувала за вториот настап. Пејачката се пошегува на свој сметка, велејќи: „Птиците умираат пеејќи“.
Во видеото објавено на Инстаграм таа раскажа дека болката во ногата се појавила утрото по концертот. Покажа и дел од загревањето со својот тим, како и моменти од шминкањето.
View this post on Instagram
Северина откри дека една соработничка ѝ рекла дека „веќе не е за трчање“ бидејќи е „стара“, на што пејачката одговорила дека може да трча и во штикли и се нашалила дека фудбалерите постојано паѓаат.
Забава
Пејачката објави серија жешки фотографии, не се за оние со слабо срце
Пејачката Дуа Липа веќе долго време го привлекува вниманието на јавноста – и поради нејзината музичка турнеја „Радикален оптимизам“ и поради нејзините провокативни фотографии на интернет.
Таа моментално е во Рио де Жанеиро на закажан концерт, но тоа не ја спречува да ужива во шармот на овој тропски град. Папараците неодамна ја фотографираа во тесно црно-жолто бикини, но сега таа ги поштеди од маката и доброволно објави серија жешки фотографии на Инстаграм.
Дуа покажа неколку модни изданија, а едно особено го привлече нејзиното внимание. Станува збор за атрактивно виолетово бикини украсено со светки. За фотосесијата, таа додаде златна огрлица и нараквица, а нејзиното лице без шминка беше исто така забележливо.
Минијатурниот костим за капење ја истакна нејзината витка фигура, а коментарите од нејзините следбеници на Инстаграм само се зголемија.
„Неверојатна си“, „Навистина си убава“, „Го обожавам тоа бикини“, се само неколку…
фото: принтскрин

