Контакт

Забава

Израелската војска во офанзива против топ-моделот Рафаели

Објавено пред

Израелската армија почнува жестока офанзива против најславниот еврејски топ-модел Бар Рафаели, повикувајќи на бојкот на производите кои таа ги рекламира бидејќи не ја отслужила својата воена обврска

„Јас не можам да се борам против Бар Рафаели, но вие можете“, изјавил портпаролот на израелската армија во предавање пред студентите од Тел Авив, пренесува дневниот весник Yediot Ahronot. Според весникот, војската преку својот гласноговорник отворено повикува да биде бојкотирана 24-годишната топ-моделка.На почетокот од седмицата Рафаели веќе предизвика полемика во израелската јавност барајќи да биде третирана како странска државјанка за да плати помал данок во Израел. Рафаели е во врска со славниот холивудскиот актер Леонардо ди Каприо, а во 2007 г. набрзина се венча со семеен пријател и набрзо се разведе од него, за да го избегне служењето на воениот рок кој во Израел за жените трае две години.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Бред Пит оптимист дека ќе може да си ги врати децата

Објавено пред

По четири долги години борба со Анџелина Џоли за еднакво старателство над нивните деца, Бред Пит почна да вкусува победа, пишува австралискиот магазин „Њу ајдија“.

Судскиот процес за старателство на поранешната холивудска двојка ја завршува втората недела, а аноминен извор изјави за весникот: „Мислењето на правниот тим на Бред е дека ќе треба многу за судот во Калифорнија да раздели татко, кој очигледно работеше толку многу на себе за љубов на неговите деца, особено близнаците“.

Имајќи го тоа предвид, австралискиот магазин открива дека 56-годишниот актер и неговиот правен советник се прилично убедени дека ќе му биде доделено заедничко старателство над 12-годишните Вивиен и Нокс, а можеби и 14-годишната Шајла.

 

Истиот извор вели дека Пакс (16) и Захара (15) сега се на возраст кога судијата може да им даде избор со кој родител сакаат да живеат – и веројатно би ја избрале својата мајка.

На 19 години, Медокс, кој секогаш бил на страната на Анџелина (45) во текот на разводот, легално се смета за возрасен и затоа не е дел од случајот.

„Бред едноставно мора да се надева дека направи доволно за да ги освои во изминатите четири години. Медокс е изгубена кауза во овој момент и Бред мора да се помири со тоа. Но, како што трае судскиот спор, Бред останува оптимист“.

Во меѓувреме, Џоли наводно сè уште бара целосно старателство за да може таа и децата, конечно, да се преселат од Лос Анџелес во Европа. Таа именува седум сведоци за судењето вклучувајќи ја и експертката за семејно насилство Алис Лавајолет.

Бред има вкупно 21 сведок. Меѓу нив е и Џилијан Арменанте, која вo 1999 година глумеше заедно со Џоли во филмот Girl, Interrupted.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видеовест) Лебед ѝ одржа лекција на жена за правилна употреба на заштитната маска

Објавено пред

Французинка се доближува до лебед додека шета во парк не очекувајќи дека набргу ќе добие важна лекција за коронавирусот.

Прикажи повеќе...

Hitech

НАСА ја избра „Нокиа“ за изградба на првата мобилна мрежа на Месечината

Објавено пред

НАСА ја избра финската „Нокиа“ за изградба на првата мобилна мрежа на Месечината, соопшти компанијата.

Мрежата ќе биде дел од напорите на американската вселенска агенција да ги врати луѓето на Месечината до 2024 година и да изгради долгорочно човечко присуство и населби како дел од програмата „Артемис“, пренесе „Ројтерс“.

„Нокиа“ објави дека првиот безжичен широкопојасен систем за комуникација во вселената ќе биде изграден на Месечината на крајот на 2022 година.

Мрежата би требало да обезбеди клучни способности за комуникација за многу разни типови на пренос на податоци, вклучително управување и контрола, далечински управувач на лунарните „ровери“, навигација во реално време и пренос на видео со висока резолуција.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Во Скопје 2.674 активни случаи на коронавирус, најмногу во Аеродром, Карпош и во Центар

Во Скопје во моментот има 2.674 активни случаи на коронавирус од вкупно 5.550 во целата држава. Најмногу активни случаи во...

Свет9 часа

Студија: повеќе од половина од луѓето што прележале Ковид-19 чувствуваат симптоми и по неколку месеци

Повеќе од половина од луѓето што биле отпуштени од болница по заболувањето од Ковид-19, чувствуваат симптоми, како што се отежнато...

Македонија11 час

Дванaесет починати и 161 нов случај на коронавирус во Македонија

Дванaесет лица починаа, а потврден е 161 нов случај на коронавирус во земјата во последните 24 часа, соопшти Министерството за...

Македонија12 часа

Кумот на Груевски во притвор поради плацовите на Водно

Кривичниот суд во Скопје му изрече 30 дена притвор на Ристо Новачевски, кој се товари за сторено кривично дело перење...

Македонија12 часа

Филипче: Ситуацијата е навистина сериозна, следен чекор би бил полициски час

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека утре до Владата ќе биде предложен дополнителниот сет мерки за превенција од коронавирусот....

Свет12 часа

Европската агенција за лекови ќе ги разгледа резултатите од студијата на СЗО за лекот ремдесивир

Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе ги разгледа резултатите од студијата на Светската здравствена организација (СЗО) за антивирусниот ремдесивир, што...

Македонија12 часа

(Видео) Пендаровски: Научните аргументи и вистината за јазикот се на наша страна и од нив никој разумен не може да се откаже

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на манифестацијата Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Овогодишниот...

Топ13 часа

Инспекторите растурија свадба во Глумово со 250 гости, следи кривична пријава

Инспекторите откриле уште еден случај на масовно непочитување на мерките против коронавирус во околината на Скопје. Синоќа во периодот од...

Македонија13 часа

Од отворањето на градинките, од корoнавирус заболеле 18 деца и 55 вработени

Од отворањето на градинките на 9 септември досега од коронавирус заболеле 18 деца и 55 вработени, информира министерката за труд...

Македонија15 часа

Приведен кумот на поранешниот премиер Никола Груевски, за плацевите на Водно

По наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција, полицијата утрово го приведе Ристо Новачевски, кум на Никола Груевски, а...

Свет16 часа

(Видео) Запалени две цркви на протестите во Чиле

Најмалку две цркви се запалени во главниот град на Чиле, а илјадници луѓе се собраа на улиците на првата годишнина...

Европа16 часа

(Видео) „Фајзер“ произведе стотици илјади дози вакцина против Ковид-19

Фармацевтската компанија „Фајзер“ објави видео кое покажува дека веќе има произведено стотици илјади дози вакцина против коронавирус во својата белгиска...

Свет17 часа

Научниците предупредуваат: Заразата со коронавирус на отворено не е невозможна, но е ретка

И покрај тоа што речиси целиот документиран пренос на коронавирус се случил во затворен простор, експертите велат дека е оправдано...

Свет17 часа

Европа ги надмина сите рекорди – многу земји воведуваат построги мерки

Европа, соочена со вториот бран на пандемијата, го премина прагот на 250.000 смртни случаи од коронавирус. За една недела се...

Свет18 часа

(Видео) Се качил на кулата на Трамп во Чикаго и барал да разговара со претседателот

Неидентификуван маж се качил на кулата на Трамп во Чикаго, барајќи да разговара со претседателот на САД и медиумите. Мажот,...

Македонија18 часа

Ковид-19 го прележале над 17 илјади лица во земјава

Од Ковид-19 досега оздравеле 17.239 лица во земјава, покажуваат податоците на Министерството за здравство. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во земјава...

Регион19 часа

Полициски час во неколку црногорски градови

Здравствените власти во Црна Гора одлучија да воведат ограничувачки мерки во пет града во црвената зона според бројот на лица...

Европа1 ден

(Видео) Илјадници Французи излегоа на улиците поради убиството на наставникот

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Франција во знак на поддршка на наставниците и со цел да ја одбранат слободата...

Европа1 ден

Стотици демонстранти ја нападнаа полицијата во Прага

Чешката полиција употреби солзавец и водени топови за да растера стотици демонстранти во Прага кои ги нападнаа полицајците по протестот....

Регион1 ден

Црногорските медиуми за Амфилохие: Привилегиран e, го лечат со „ремдесивир“

Митрополитот Амфилохие, кој се зарази со коронавирусот, доби лек „ремдесивир“, кој, според порталот ЦдМ, е недостапен за другите пациенти во...

Досие