Контакт

Забава

Гај Ричи основаше музичка компанија

Објавено пред

Познатиот режисер, Гај Ричи по стапките на својата бивша сопруга Мадона, почнува да се воведува во музичката индустрија, основајќи сопствена музичка компанија, пренесоа британските медиуми

Името на компанијата е „Punchbowl Recordings“ е добиено по неговиот лондонски паб „The Punch Bowl“. Првиот бенд со кој склучи професионален договор е локалниот бенд „The Punchbowl“ кој настапува во пабот.„The Punchbowl Band“ веќе се стекна со голема популарност кај неговите славни пријатели како Роберт Дуони Јуниор и Стела Мекартни, кои ги букираа за своите приватни забави. Деби албумот на овие ирски рокери треба да излезе на 1 март. Меѓу нивните фанови се вбројуваат Џастин Тимберлејк, Шерил Кол, Стинг и Џуд Ло.„Возбудливо е да се влезе во музичката индустрија. Тоа е тешко место, но се уверив дека овој бенд умее да се поврзе со публиката. Тие сега имаат шанса да бидат прифатени од поширока публика,“ изјави Ричи кој во моментов е актуелен со својот најнов филм „Sherlock Holmes“. Инаку, благодарение на него тие се појавија на саундтракот на филмот заедно со оскаровскиот композитор Ханц Зимер.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Адел се пошегува на сметка на нејзиното слабеење

Објавено пред

Адел се пошегува на сметка на губењето килограми и им порача на фановите „мојот албум не е завршен“, откако по 12 години се врати во популарното американско ТВ-шоу „Сатрдеј најт лајв“, овој пат како водителка.

„Знам дека изгледам навистина, многу поразлично од последниот пат кога ме видовте“, рече 32-годишната британска пејачка кога се качи на сцената.

„Но, всушност, поради сите Ковид ограничувања морав да патувам лајт и можев да донесам само пола од мене“, рече таа. „И ова е половината што ја одбрав.“

Ѕвездата додаде дека е премногу возбудена и преплашена што треба да пее и да биде домаќин на СНЛ (Saturday Night Live) истовремено.

„Повеќе би сакала да носам перики, да испијам чаша вино или шест, и да видам што ќе се случи. Сепак, таа почна да пее за време на еден од ноќните скечеви.

Во импровизација на популарната реалити серија The Bachelor, Адел се појави како кандидатка која бара момче. „Тука сум затоа што имав многу кршења на срцето во мојот живот – прво на 19 години, потоа на 21, а потоа уште попознато на 25“, рече таа, алудирајќи на насловите на нејзината први три албуми.

Прикажи повеќе...

Забава

Џенифер Анистон: Не гласајте за Канје Вест

Објавено пред

Џенифер Анистон ги предупреди Американците да не гласаат за Канје Вест за американски претседател.

51-годишната актерка се огласи на Инстаграм за да ги охрабри луѓето да гласаат на изборите во САД, откривајќи дека го поддржува кандидатот на демократите Џо Бајден. Таа исто така ги повика своите следачи на социјалните мрежи да не гласаат за раперот Канје.

Заедно со снеп додека го испраќа своето гласачко ливче, таа напиша: „Јас гласав за Џо Бајден и за Каламарис, и тоа го сторив рано. Гласав за нив бидејќи во моментов оваа земја е поделена повеќе од кога и да било порано.

“Ве повикувам навистина да размислите кои луѓе ќе биде најпогодени од овие избори ако останеме на патеката на која се наоѓаме сега … вашите ќерки, ЛГБТК+ заедницата, нашите црни браќа и сестри, постарите лица со здравствени проблеми, и вашите идни деца и внуци кои ќе имаат задача да ја спасуваат планетата за која нашето раководство одбива да верува дека боледува.“

Џенифер ги повика своите фанови да не ги поддржуваат претседателските амбиции на Канје, повикувајќи ги луѓето да гласаат одговорно.

„Целата оваа работа не е за еден кандидат или за едно единствено прашање, туку за иднината на оваа земја и на светот. Гласајте за еднакви човекови права, за љубов и за пристојност.

“ПС – Не е смешно да се гласа за Канје. Не знам како поинаку да го кажам тоа. Ве молам, бидете одговорни.“

Прикажи повеќе...

Забава

Шварценегер се чувствува одлично по операцијата на срце

Објавено пред

Арнолд Шварценегер беше подложен на операција на срцето изминатиов викенд.

Sвездата на „Терминатор“ се чувствува одлично откако му вградија нов аортен залисток.

Акциониот херој  објави своја фотографија од болничкиот кревет во клиниката во Кливлент и му се заблагодари на болничкиот персонал.

„Благодарејќи на тимот на клиниката во Кливленд, имам нов аортен залисток заедно со мојот нов белодробен залисток од мојата последна операција. Се чувствувам фантастично и веќе одев по улиците на Кливленд уживајќи во вашите неверојатни статуи. Благодарам на секој доктор и медицинска сестра во мојот тим,” тој напиша на Твитер.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа40 минути

Пандемијата ќе фрли во стечај дури 6.000 австриски фирми

Пандемијата на коронавирус силно ја погоди австриската економија, па следната година се очекува да доведе до банкрот на шест илјади...

Европа1 час

Италија ги затвора баровите и рестораните во 18 часот

Италијанските власти издадоа одредба со која се бара сите барови и ресторани да се затворат до 18 часот, а спортските...

Топ1 час

Стејт департмент: Стапува во сила примирје во Нагорно-Карабах

Стејт департментот и владите на Ерменија и Азербејџан во заедничко соопштение наведоа дека стапува во сила хуманитарно примирје во судирот...

Свет2 часа

Над 8.000 новозаразени со коронавирус во Германија

Во последните 24 часа во Германија се потврдени 8.685 случаи со коронавирус. Според Институтот за заразни болести „Роберт Кох“, починале...

Економија2 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги објави новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.Минатата недела имаше...

Македонија13 часа

Во моментов активни над 7.000 случаи на заразени со коронавирус

Бројот на активни случаи во Македонија изнесува 7.408 лица, откако вечерва беа потврдени нови 561 заразени. Најмногу активни случаи има...

Свет13 часа

СЗО: Три дена по ред бројките на новозаразени во светот се рекордни

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека во саботата е соборен новиот рекорд во светот кога станува збор за бројот на...

Македонија15 часа

Починаа 22 лица, регистрирани 561 новозаразени

Денеска се регистрирани 561 нови случаи на Ковид 19. Оздравени се 197 пациенти, а починати се 22 лица. Министерството за...

Македонија16 часа

(Видео) Членството ќе избира претседател на СДСМ, црвената боја стана партиска

Конгресот на СДСМ ги усвои измените и дополнувањата на статутот на партијата, информираше партискиот претседател, Зоран Заев на прес-конференција по...

Регион17 часа

Борисов позитивен на коронавирус

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на коронавирусот. „Иако РЗИ официјално го укина мојот...

Регион20 часа

Жртвите се скриле во „контејерот на смртта“ во Србија, планирајќи да стигнат до Италија или Белгија

Жртвите кои беа пронајдени во контејнер кој од Србија стигнал во Парагвај се скриле таму со цел да заминат во...

Европа20 часа

Шпанија прогласи вонредна состојба

Шпанската влада прогласи вонредна состојба во земјата поради коронавирусот и воведе полициски час од 23 до 6 часот наутро. Со...

Регион22 часа

Од денеска во болниците во Словенија само пациенти со корона и итни случаи

Од денеска приемот на сите пациенти во словенечките болници ќе биде прекинат, освен за итните случаи и оние кои страдаат...

Топ23 часа

Автомобил прегази 15-годишно дете во Скопје

Петнаесетгодишно дете вчера напладне било прегазено од автомобил на булеварот Александар Македонски во Скопје. Со возилото управувал Т.В. од Крива...

Македонија24 часа

Шилегов: Би ги укинал централните инспекции, да не постои државен инспекторат

На дебатата „Како до ефикасни и независни инспекциски служби во Скопје“ што ја организираше НВО Инфоцентарот, градоначалникот Петре Шилегов се...

Македонија1 ден

Во болниците се лекуваат 595 пациенти од коронавирус, капацитетите се прошируваат

Со вчерашните нови 404 случаи со Ковид-19 регистриани во земјава, во болниците низ Македонија се лекуваат 595 пациенти. Од нив...

Македонија1 ден

Маричиќ: Судството покажа дека може да функционира онлајн

Судството покажа дека може да функционира онлајн, вели министерот за правда Бојан Маричиќ по повод Европскиот ден на правдата. „Ова ново...

Македонија2 дена

Амди Бајрам бил позитивен на коронавирус, епидемиолозите ќе прават анкети со семејството

Министерството за здравство информира дека кај починатиот Амди Бајрам постмортем е утврдено дека бил позитивен на Ковид-19. Од страна на...

Македонија2 дена

Починаа 14 лица, регистрирани 404 новозаразени

Денеска се регистрирани 404 нови случаи на Ковид 19, оздравени се 182 пациенти, а починаа 14 лица. Министерството за здравство...

Регион2 дена

На Балакнот рекордни бројки на заразени со коронавирус

Дел од државите на Балканот денеска регистрираа рекордни бројки на заразени со коронавирус од почетокот на пандемијата. Во Србија рекордни...

Досие