Забава
Си истетовирал очила на лицето
Едно момче по име Метју, чие тело е веќе покриено со бројни тетоважи, на својата колекција и додал и тетоважа на лицето во облик на очила, објави францускиот интернет сајт melty.fr
Многу од обожавателите на уметноста на трајното сликање на телото се определуваат за дискретни тетоважи или оние кои не се наоѓаат на видливите делови од телото, меѓутоа на ова момче воопшто не му пречи што неговата нова тетоважа е упадлива, пренесе Tanjug.Како што може да се забележи на сликите поставени на сајтот, може да се рече дека Метју (за кој не се наведува од која земја потекнува) е вистински обожавател на тетоважите. Скоро целото негово тело е прекриено со разни уметнички дела, но тоа за него не е доволно.Метју во салонот за тетовирање донел пар Реј Бан очила и побарал истиот идентичен модел да му биде истетовиран на лицето. За време на целата процедура присуствувала и неговата девојка, наведува споменатиот интернет сајт, и останува нејасно дали се работи за рекламен потег или склоноста на младиот кон ексцентричност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Најубавата манекенка повторно е соло: Раскина со каубојот по две години врска
Иако се чинеше дека нивната љубовна приказна ќе трае, моделот Бела Хадид е повторно сингл. Таа ја заврши врската со професионалниот јавач Адан Бануелос, со кого беше во врска две години, а извор за Entertainment Tonight изјави дека се обидува да остане позитивна и да не размислува постојано за раскинувањето.
Шпекулациите за нивната романса се појавија на есен 2023 година, со тврдења дека се во врска долго време, а откако ја потврдија својата љубов, повеќе не се разделија.
Во октомври 2023 година, тие беа фотографирани како разменуваат нежности во Тексас, што потврди дека нивната љубов станува се посериозна. И двајцата имаат љубов кон јавањето и коњите, и се појавија заедно на бројни настани.
Во декември минатата година, тие присуствуваа на настан во Далас како вљубен пар, кога Бела го промовираше својот парфем.
Минатиот октомври, тие ја прославија својата годишнина и роденденот на Бела, кога Адан објави неколку нивни заеднички фотографии со емотивна порака: „Октомври стана посебен месец. Те сакам, душо. Ќе продолжам да те потсетувам секој ден колку…“.
Како што еднаш манекенката изјави за британскиот Вог минатата година, тие се запознале откако таа се преселила во Тексас, каде што нејзината мајка Јоланда и очувот граделе куќа. Одлуката за преселба дошла по нејзината борба со хронична болест, а кога Адан влегол во нејзиниот живот, сè почнало да се подобрува.
„Бев со мојот очув на ранчот. Отидовме на јавање и почнав да се чувствувам малку подобро, но сè уште ме мачеа сите мои работи. А следниот ден го запознав моето момче“, рекла таа, откривајќи дека тој дури и не знаел кој е таа, што ја изненадило позитивно и изгледало освежувачки.
Забава
(Фото) Фудбалерот има 33 години, неговата ќерка 21: Светот е во шок поради неговата животна приказна
Фудбалерот Едвин Кардона (33), и покрај тоа што има богата кариера во текот на која играше за познатиот клуб Бока Јуниорс, во последните денови е во центарот на вниманието поради неговиот приватен живот.
Колумбиецот промаши два пенали на еден од неговите натпревари, а тоа ги заинтересира неговите навивачи да ја „оживеат“ неговата чудна семејна приказна.
Едвин станал татко на 12-годишна возраст, па неговата ќерка Ана сега има 21 година, а тој 33. Според локалните медиуми, фудбалерот ја добил својата најстара ќерка со неговата тогашна девојка Каролина, која имала само 14 години.
Подоцна добиле уште две деца, а не сакаат премногу да зборуваат за оваа тема на социјалните мрежи.
Неговата ќерка Ана оттогаш станала инфлуенсерка и е многу среќна што споделува објави со своето семејство на социјалните мрежи и редовно нагласува дека е благодарна за сè што има и што нејзиниот татко ѝ го овозможил.
Едвин Кардона потекнува од многу сиромашно семејство, тој често зборувал за тоа, а пред да стане познат и успешен фудбалер, работел и како таксист, ѕидар и продавач на овошје.
Забава
(Фото/Видео) Моден исчекор на познатата пејачка: Секогаш провокативна, а сега…
Пејачката Дуа Липа се појави на ревијата на Шанел во рамките на Неделата на модата во Париз и го привлече вниманието на публиката со својата необична модна комбинација.
Иако обично ја гледаме во провокативни комбинации, и на сцената и на социјалните мрежи, британската музичка ѕвезда блесна на ревијата во сосема поинаков аутфит – жолто-црн сет составен од миди здолниште, кратко закопчано сако со јака и копчиња со препознатливото лого, како и чанта со ист дизајн што ја носеше преку рамо.
Впечатливата комбинација што ја истакнуваше нејзината витка фигура и во која апсолутно не можете да останете незабележани ја зачини со црно-бели ретро чевли, со ремен околу глуждот.
Беше многу расположена и ги поздрави собраните фотографи, а нејзиниот избор на накит исто така привлече внимание.
Дуа Липа ја гледаше ревијата од првиот ред.

