Контакт

Забава

Одлучна борба против алкохолизмот во Русија

Објавено пред

Алкохолизмот во Русија, чекор по чекор, ќе биде победен до 2020 година, објави руската влада

Со новата Концепција за борба против алкохолизмот на руската влада, во првата фаза се предвидува дека количината на испиен алкохол ќе биде намалена за 15, а во втората за цели 55 проценти, што ќе ја доведе Русија до нормите препорачани од Светската здравствена организација, пренесе Tanjug.Владата го објави новиот концепт, а почетокот на одлучната борба датира уште од август минатата година, кога претседателот Дмитриј Медведев изјави дека алкохолизмот во Русија има карактер на национална трагедија и и’ наложи на владата ја организира борбата против него.Новиот концепт исто така предвидува, подобрување на здравјето на нацијата, намалување на стапката на смртност и продолжување на животниот век, кој за мажите денес е пократок од 60 години.Според податоците на СЗО, во Русија годишно се пијат 18 литри чист алкохол по жител, што е околу 90 шишиња вотка или 200 шишиња вино. Тоа е два пати повеќе од прифатените норми во светот.Првиот чекор кон оздравување на нацијата ќе биде ограничувањето на минималните цени на алкохолот, со што на пример, едно шише од пола литра вотка нема да смее да биде поефтино од 89 рубљи, што е за неколку пати повеќе од досегашните цени на алкохолот во продавниците.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Дру Баримур проговори за разводот

Објавено пред

Дру Баримор и Вил Копелман, родители на ќерките Олив (8) и Френки (6), се разделија во 2016 година.

А во понеделникот актерката искрено зборуваше за влијанието на разделбата врз нејзиниот живот откривајќи дека таа не го поднела добро разводот. „Тоа го поднесов навистина тешко“, рече таа.

„Чарлиевиот ангел“ му беше виртуелна гостинка на Вили Гејтс во емисијата „Сандеј тудеј“. Таа призна дека дури сега може отворено да говори за својот брак.

„На почетокот не можев да зборувам за тоа отворено“, рече таа. „Ми беше навистина тешко“.

45-годишната актерка продолжи да зборува за тоа што значел бракот за нејзините ќерки и зошто се борела толку многу за да го одржи семејството заедно.

„Ветувањето што си го дадов е да имам вакво неверојатно семејство. И го најдов. Но, имаше нешто што не функционира и не може да се одржи во живот. Колку е трагично тоа!“, рече таа.

Ова ѝ беше трет брак на Баримор. Претходните ѝ беа со Том Грин и Џереми Томас.

Прикажи повеќе...

Забава

Кортни Кардашјан ја има најдобрата недела во својот живот

Објавено пред

Таа ѝ се придружи на својата сестра Ким Кардашјан на тропски одмор откако минатата недела го прослави својот 40-ти роденден.

Кортни Кардашјан изгледаше како да ја сака секоја секунда од своето тропско бегство. Во понеделникот сподели секски фотографија во бикини на Insta Stories.

41-годишната sвезда на „Дружење со семејството Кардашјан“ го покажа задниот дел на телото додека се релаксира покрај водата во костим за капење со зебрест принт.

Во описот на објавата таа напиша: „Најдобрата недела во мојот живот“.

Прикажи повеќе...

Забава

Норвешката принцеза Марта Луиз снима нова реална серија

Објавено пред

Принцезата Марта Луиз од Норвешка може да додаде нова титула на својата листа со признанија: ТВ-реална ѕвезда.

49-годишната Марта во понеделникот објави дека моменно снима нова реална серија со наслов „Марта“, која ќе се емитува на норвешката „ТВ 2“ во 2021 година.

Серијата ќе им даде увид на фановите во нејзиниот личен живот, вклучувајќи ја и нејзината врска со американскиот духовен водич, шаманот Дурек.

Принцезата минатата година ја шокира јавноста кога на социјалната мрежа објави дека е во врска со шаманот Дурек кому вистинското име му е Дерек Вaрет (45). Принцезата не кажа како се запознале, но наводно се во врска веќе две години.

Британските весници пишуваа дека Марта била привлечена од духовноста на шаманот.

„Јас сум јавна личност, а печатените медиуми пишуваат многу за мене. Оваа серија е можност да го покажам мојот живот на поинаков и нов начин“, рече Марта.

Норвешката ТВ-мрежа им ветува на гледачите средба како никогаш порано со Марта следејќи ја внимателно и приватно и на работа.

Таа додава дека најважната работа што ја прави е да биде присутна за ќерките – 17-годишната Мод, 15-годишната Леа и 12-годишната Ема.

Нивниот татко Ари Бен изврши самоубиство на Божик, две години по разделувањето на парот по 15 години брак.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

(Видео) Муслиманскиот свет го претстави Макрон како сатанист

Францускиот претседател Емануел Макрон беше цел на демонстрантите во исламскиот свет по изјавата по повод објавувањето на карикатурата на пророкот...

Македонија3 часа

Позитивни на Ковид-19 биле 24 отсто од тестираните во текот на изминатата недела

Министерството за здравство информира дека во согласност со извештајот на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на периодот од...

Наука5 часа

Научниците предупредуваат: нема мраз на Арктикот

Научниците предупредуваат дека поголемиот дел од Арктикот сè уште не почнал да замрзнува, иако е крајот на октомври, што е...

Македонија5 часа

ИЈЗ дневно ќе прави до 1.000 теста, од денеска ќе функционираат две одделенија

Во Институтот за јавно здравје од денеска, покрај постојното приемно одделение, ќе функционира уште едно одделение за прием со лаборант...

Македонија5 часа

„Фронт 21/42“: Експанзијата на мали хидроцентрали се заканува трајно да ги уништи нашите реки

„Фронт 21/42“ се приклучува кон манифестот потпишан од над 150 европски невладини организации, со кој се бара од Европската Унија,...

Македонија6 часа

Мицкоски: Поради пандемијата и загаденостa, хронично болните да се ослободат од работа

„Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата од #COVID апелирам до Владата, министерот за здравство, Филипче, и до политичката...

Македонија6 часа

МОН: Помалку од еден процент од учениците и наставниците се позитивни на Ковид-19

Министерството за образование и наука информира дека помалку од еден процент од учениците и кадарот во основните и средните училишта...

Регион7 часа

Коронавирус и во детското одделение во болница во Хрватска

Коронавирус има и во Хрватска на одделот за рехабилитација на деца во Специјалната болница за медицинска рехабилитација во Крапинска Топлица...

Регион7 часа

Во Бугарија 1.948 лекари се заразиле со Ковид-19

Во последните 24 часа во Бугарија се потврдени 2.243 нови случаи на коронавирус, што е највисок дневен биланс од почетокот...

Свет8 часа

Норвешка воведува нови ограничувања на јавни собири и божикни забави

Норвешка воведе ограничување на јавни собири од 50 лица далеку под претходниот максимум од 200 лица, а во исто време...

Свет8 часа

Кина воведува санкции за американските компании

Кина одлучи да воведе санкции за неколку американски компании поради нивната улога во продажба на оружје на Тајван. Портпаролот на...

Европа8 часа

Чешка воведува седумдневен полициски час

Чешката влада одлучи од утре да воведе седумдневен полициски час во земјата, од 21 до 5 часот наутро, и дополнително...

Македонија17 часа

Министерот Спасовски позитивен на коронавирус

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вечерва на социјалните мрежи објави дека добил позитивен тест на Ковид-19. „Би сакал да...

Свет19 часа

СЗО: Луѓето се уморни, но не смееме да се откажеме

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејсус, денеска изјави дека човештвото не смее да се откаже од борбата...

Европа20 часа

Во Белгија се бара заразени лекари да продолжат со работа за да го спасат системот од колапс

Од докторите заразени со коронавирус во белгискиот град Лиеж е побарано да продолжат да работат за да се избегне колапс...

Македонија22 часа

15 починати и 247 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 737 тестирања, а регистрирани се 247 нови случаи на...

Македонија1 ден

Филипче: Коморбидитетите и доцното доаѓање во болница се причина за зголемената смртност

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека зголемениот процент на смртност од Ковид-19 се должи на коморбидитетите и доцното доаѓање...

Македонија1 ден

Караџовски: Ја разгледувавме и опцијата да се прават тестови преку Фондот во приватните лаборатории

Комисијата за заразни болести ја разгледува одлуката граѓаните да може да се тестираат на Ковид-19 во приватните лаборатории, а на...

Европа1 ден

Австриски инфектолог: Секој од нас, порано или подоцна, ќе се зарази со коронавирус

Австрискиот инфектолог Франц Алербергер не верува дека коронавирусот ќе се искорени и верува дека секој од нас ќе се зарази...

Свет1 ден

Во Мелбурн нема нови случаи на коронавирус по повеќе од четири месеци

По повеќе од четири месеци во Мелбурн денес не се пријавени нови случаи на коронавирус. Владата на австралиската држава Викторија...

Досие