Контакт

Забава

Боровинката добра за меморијата, грозјето за нервниот систем

Објавено пред

Според истражување направено во САД, кунзумирањето боровинки е поврзано со подобри резултати на тестовите за памтење кај постарите лица, а јадењето грозје за заштита на стареењето на централниот нервен систем

Journal of Agricultural and Food Chemistry ги објавил резултатите од истражувањето спроведено на група испитаници постари од 70 години, кај кои бил следен ефектот од конзумирање боровинки во период од два месеца.Според научниците откако предвид ги земале и другите фактори кои влијаат на паметењето, боровниците и натаму имале влијание имале значајно влијание на забавувањето на невродегенеративните процеси кај испитаниците. Од порано, пак, се знае дека боровинките имаат големо влијание и врз дебелината и дијабетесот.Студијата, пак, на американските научници од Универзитетот Синсинати вели дека редовното конзумирање грозјето го спречува стареењето на нервниот систем и повлекувањето на менталните функции.Во истражувањето што било спроведувано 12 седмици покажало дека биоактивните компоненти на грозјето како што е полифенолот, го подобрило помнењето, вербалните способности и ориентацијата во просторот кај поединци кај кои тие функции биле нарушени.Антиоксидативните полифеноли, како катехините, епикатехини, аноцијалнини, дван антиканцерогенотот и кардиопротективното, имаат и силно невропротективно дејствување.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Шер се појави на митинг со маска за лице Бајден-Харис

Објавено пред

Легендарната Шер носеше маска за лице Бајден-Харис пред да го испее нејзиниот хит од 1995 година Walking In Memphis на предизборниот претседателски митинг во Лас Вегас.

Таа се погрижи да се заштити себеси и другите од коронавирусот носејќи маска  кога пристигна на Меренда на гордоста во ЛГБТК ресторанот „Д Гарден Лас Вегас“ во Невада во саботата попладне.

Според Универзитетот Џон Хопкинс, во Лас Вегас има речиси 79.000 потврдени случаи на Ковид-19, што довело до 1492 смртни случаи.

74-годишната поп икона на која ѝ недостига само уште една награда „Тони“ за статусот „ЕГОТ“, носеше маица „Гласај 2020“ под црн блејзер со реси, црни припиени панталони и чизми за мотор.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Новиот албум на Дрејк излегува во јануари

Објавено пред

Дрејк го прослави својот 34. роденден во саботата откривајќи и дека неговиот нов албум Certified Lover Boy излегува на почетокот на следната година.

Пејачот, роден во Канада, се појави на својот „Инстаграм“ во саботата за да сподели видео за новиот албум најавувајќи го за јануари 2021 година.

Дрејк првично го откри насловот на албумот во август кога го исфрли водечкиот сингл Laugh Now, Cry Later со Лил Дарк.

Видеото почнува со мало афроамериканче во светлосина пуфер-јакна како гледа кон Месечината.

Дрејк е во ресторан и размислува со чаша вино. Пејачот има необичен изглед на косата – избричено срце над челото.

Прикажи повеќе...

Забава

Филмот не е на продажба: МГМ ги отфрли шпекулациите за филмот за Џејмс Бонд

Објавено пред

Продукцијата чинеше 250 милиони американски долари, а во светот пред пандемијата беше речиси сигурно дека ќе заработи милијарда долари во светски рамки.

Но, по повторното одложување на премиерата на најновиот долгоочекуван филм за 007 – „Не е време за умирање“, студиото МГМ („Метро Голдвин Мејер“) се обидува да ги демантира шпекулациите дека размислува да го понуди на стриминг-платформа со едногодишен договор за лиценца вреден 600 милиони долари.

„Ние не ги коментираме шпекулациите. Филмот не е на продажба. Премиерата на филмот е одложена до април 2021 година со цел да се зачува искуството на одење во киносала за љубителите на филмот“, изјави за „Варајети“ портпаролот на МГМ.

„Блумберг“ претходно објави дека на стриминг-платформите „Нетфликс“, „Амазон“ и „Епл“ им било пристапено во врска со можноста филмот да биде понуден за Премиум ВОД.

Ваквите наводи доаѓаат откако продуцентот на МГМ и Бонд-серијалот, Барбара Броколи, реши повторно да го одложи „Не е време за умирање“ од најавениот датум за премиерно прикажување на Денот на благодарноста поради пандемијата. Сега планот е тоа да се случи во април в година.

Сепак, според порталот „Дедлајн“, никој од стриминг-гигантите не бил подготвен да одвои повеќе од половина од износот што го барал студиото.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Филипче: Коморбидитетите и доцното доаѓање во болница се причина за зголемената смртност

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека зголемениот процент на смртност од Ковид-19 се должи на коморбидитетите и доцното доаѓање...

Македонија48 минути

Караџовски: Ја разгледувавме и опцијата да се прават тестови преку Фондот во приватните лаборатории

Комисијата за заразни болести ја разгледува одлуката граѓаните да можат да се тестираат за Ковид-19 во приватните лаборатории, а на...

Европа57 минути

Австриски инфектолог: Секој од нас, порано или подоцна, ќе се зарази со коронавирус

Австрискиот инфектолог Франц Алербергер не верува дека коронавирусот ќе се искорени и верува дека секој од нас ќе се зарази...

Свет1 час

Мелбурн: Нема нови случаи на коронавирус по повеќе од четири месеци

По повеќе од четири месеци, во Мелбурн денес не се пријавени нови случаи на коронавирус. Владата на австралиската држава Викторија...

Економија1 час

Бензините поевтинуваат

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините и на Екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за половина денар,...

Свет2 часа

Мадуро тврди дека венецуелските научници создале лек против Ковид-19 без несакани ефекти

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, рече дека неговата земја дизајнирала високоефективен антивирусен лек, што го десеткува коронавирусот без никакви несакани...

Топ3 часа

(Видео) Пронајдени речиси 100 килограми хашиш во Охрид – пресечен меѓународен транспорт на дрога

Полицијата вчера пресече меѓународен транспорт на хашиш во количина од речиси 100 килограми. Уапсен е турски државјанин, кој дрогата требало...

Македонија3 часа

Домашните слави да се празнуваат исклучиво во кругот на семејството, апелира Комисијата за односи со верските заедници

Комисијата за односи со верските заедници во пресрет на периодот во кој голем број семејства во државата ги чествуваат домашните...

Регион4 часа

Словенија ги заострува мерките, од вечерва нова забрана за движење – се затвораат општините

Поради големиот пораст на инфекции со коронавирус, Словенија ги заострува мерките, така што од вечерва стапува во сила забраната за...

Економија5 часа

Пандемијата ќе фрли во стечај дури 6.000 австриски фирми

Пандемијата на коронавирусот силно ја погоди австриската економија, па в година се очекува да доведе до банкрот на шест илјади...

Европа6 часа

Италија ги затвора баровите и рестораните во 18 часот

Италијанските власти издадоа одредба со која се бара сите барови и ресторани да се затворат до 18 часот, а спортските...

Топ6 часа

Стејт департментот: Стапува во сила примирје во Нагорно-Карабах

Стејт департментот и владите на Ерменија и Азербејџан во заедничко соопштение наведоа дека стапува во сила хуманитарно примирје во судирот...

Свет6 часа

Над 8.000 новозаразени од коронавирус во Германија

Во последните 24 часа во Германија се потврдени 8.685 случаи на коронавирус. Според Институтот за заразни болести „Роберт Кох“, починале...

Економија6 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги објави новите цени на нафтените деривати, кои ќе важат од полноќ. Минатата недела...

Македонија17 часа

Во моментов активни над 7.000 случаи на заразени со коронавирус

Бројот на активни случаи во Македонија изнесува 7.408 лица, откако вечерва беа потврдени нови 561 заразени. Најмногу активни случаи има...

Свет18 часа

СЗО: Три дена по ред бројките на новозаразени во светот се рекордни

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека во саботата е соборен новиот рекорд во светот кога станува збор за бројот на...

Македонија19 часа

Починаа 22 лица, регистрирани 561 новозаразени

Денеска се регистрирани 561 нови случаи на Ковид 19. Оздравени се 197 пациенти, а починати се 22 лица. Министерството за...

Македонија21 час

(Видео) Членството ќе избира претседател на СДСМ, црвената боја стана партиска

Конгресот на СДСМ ги усвои измените и дополнувањата на статутот на партијата, информираше партискиот претседател, Зоран Заев на прес-конференција по...

Регион21 час

Борисов позитивен на коронавирус

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на коронавирусот. „Иако РЗИ официјално го укина мојот...

Регион24 часа

Жртвите се скриле во „контејерот на смртта“ во Србија, планирајќи да стигнат до Италија или Белгија

Жртвите кои беа пронајдени во контејнер кој од Србија стигнал во Парагвај се скриле таму со цел да заминат во...

Досие