Забава
Боите на Рио Де Жанеиро
Суштината на Карневалот во Рио се уличните забави
На улиците на Рио Де Жанеиро се одржува најголемиот карневал, покажувајќи дека единственото нешто што жителите на оваа земја го сфаќаат сериозно, е забавата. Организаторите очекуваат повеќе од еден милион луѓе на една од најстарите улици во Рио, улицата Бола Прета. Облечени во црно и бело, карневалџиите ги пејат традиционалните карневалски песни. „Станав рано утрово за да дојдам тука бидејќи оваа улица е синоним за способноста на Бразилците да му ја покажат на светот целосната радост“, вели 23-годишниот Клаудио. „За овие неколку дена можам сосема да ја оставам работата и да заборавам на сите мои грижи.“Во североисточниот град Салвадор, кој секоја година се бори со Рио околу правата на најпознатиот карневал во светот, полицијата соопшти дека илјадници луѓе едноставно ги запоседнаа плоштадите во обидот да одремат неколку часа по лудилото во текот на целата ноќ . Дури и воздржаниот Сао Паоло, главниот бразилски бизнис центар, ги покажа неговите бои, одржувајќи ја првата парада на екстравагантни самба групи. Но, фестивалот во Рио, сепак привлекува најмногу внимание, и познатите фаци од шоу-бизнисот. Се очекува Мадона, Бијонсе, Линдзи Лохан и Парис Хилтон да ги гледаат самба-парадите, закажани за вечерва. Но, суштината на Карневалот во Рио се уличните забави, кои изминативе години станаа особено популарни. Во очи на Олимпијадата 2016г., Рио и неговиот амбициозен млад градоначалник сакаат да му покажат на светот дека градот со 6 милиони жители има капацитет да биде домаќин на големи настани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Мајката и ќерката ги воодушевија луѓето со своите „жешки“ фустани
Познатата германска манекенка Хајди Клум се појави на црвениот тепих во Берлин на доделувањето на наградите „Жена на годината“, заедно со нејзината ќерка Лени, која долго време ги следи нејзините стапки и веќе е препознатливо име во светот на моделингот.
Нивното појавување доаѓа по кампањата за долна облека каде што мајката и ќерката добија многу критики.

Познатата Хајди позираше во краток фустан со тигрест принт украсен со мали циркони, додека Лени избра малку попровокативно издание.
Црниот проѕирен фустан, под кој носеше боди, беше нејзин избор, а на сè додаде драматична вечерна шминка, па се чини дека Лени сакаше и овој пат да предизвика поделени мислења кај публиката.

И мајката и ќерката веќе беа мета на коментари кога станува збор за кампањите за долна облека, па многумина ја сметаа нивната заедничка фотосесија за несоодветна, но ги игнорираа коментарите.
„Во нашето семејство, секогаш се градеше самодоверба кога станува збор за телото, а голотијата никогаш не е нужно сексуализирана“, рече Хајди тогаш.

фото: принтскрин
Забава
(Фото) Најубавата кралица повторно го има модното парче на сезоната
Кралицата Летиција од Шпанија и нејзиниот сопруг, кралот Фелипе, имаа официјална посета на Кина која привлече големо внимание од модните портали, секако поради изгледот на прекрасната кралица, кој се чини дека никогаш нема да престане да воодушевува.
И додека сме навикнати да ја гледаме во совршени фустани, елегантни костуми и гламурозни комбинации, сега таа покажа и како може да изгледа во најдобрата зимска комбинација. Главна ѕвезда овој пат беше капутот.

Кралицата се одлучи за сив капут со цветен дезен, а според Harper’s Bazaar, станува збор за креација од нејзиниот омилен бренд Carolina Herrera, чија цена е 5.990 долари и е веќе распродаден.

Станува збор за модел во А-крој со нагласени рамена, но и ремен што го нагласува струкот. Летиција сè надополни со едноставни ниски потпетици во нежно розова боја. Патем, кралицата веќе некое време не се откажува од пониските потпетици, па покрај тоа што се удобни, тие се покажаа и како совршено решение за дополнителна елеганција.

Многумина се согласија дека ова е најубавиот капут на сезоната, и не е изненадувачки што го има кралицата Летиција, која долго време е позната како некој што поставува нови модни трендови.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Гол грб и накит на задникот: Хејли Бибер блесна во елегантно провокативна облека
Атрактивната Хејли Бибер е во центарот на вниманието овие денови, а со својот најнов стајлинг на доделувањето на наградите „GQ Men of the Year 2025“ во Холивуд, таа покажа дека е похрабра од кога било досега.
Таа пристигна на гала настанот во црн, проѕирен фустан со гол грб кој откриваше многу и со сигурност можеме да кажеме дека ова е едно од најсмелите вечерни изданија на познатата манекенка, која неодамна отворено зборуваше за својот брак со Џастин Бибер.

Хејли носеше фустан кој речиси целосно ги откриваше нејзините гради, бидејќи беше целосно проѕирен и покриен со светки, а под него имаше само црни гаќички кои беа јасно видливи.

Деталот на нејзиниот гол грб беше исто така многу интересен и совршено се вклопуваше со накитот што го носеше згодната манекенка.

Таа го покажа својот извајан грб и негувана кожа, заедно со својата витка фигура, а со овој неочекуван стајлинг кој го следи трендот на проѕирни, или „голи“ фустани, носеше црни сандали и црни очила за сонце.
фото: принтскрин

