Забава
Мемоарите на Казанова пред јавноста
Франција ги откупи ракописните мемоари на легендарниот италијански бонвиван и женскар Џакомо Казанова и по 180 години првпат ќе ги направи достапни за јавноста
Иако цената не е јавно објавена, повеќето стручњаци за атниквитети сметаат дека таа е најголема која некогаш платена за оригинални ракописи. Досега најголемата ена изнесува 3,6 милиони евра кој во 2008 г. се платени за оригиналниот текст и примерот на „Манифестот на надреализмот“ на Анре Бретон.
Францускиот министер за култура, Фредерик Митеран, кој лично го потпишал договорот за купување на мемоарите рекол дека конечно ќе може да биде објавебо клучното издание и дека секој ќе има пристап до овој текст, кој според Митеран темелен за француската литература. Тој додал дека се тоа ќе биде дигитализиран текстот и дека изложбата која ќе се темели на автобиографијата на италијанскиот авантурист Џакомо Казанова ќе биде одржана во 2011 г.
Ракописот содржи 3.700 страници, пренесуваат француските медиуми, кои 180 години биле во сопственост на германската издавачка куќа Брокхаус. Нејзиниот сопственик Хубертус Брокхаус изјавил дека сакал ракописот да го направи достапен за јавноста..
„Восхитен сум што ова светски прочуеното книжевно дело може да се префрли во француската Национална библиотека“, изјавил Брокхаус.
Казанова сер родил во Венеција, но повеќе години од својот живот ги минал во Париз, а својата автобиографија ја напишал на француски јазик затоа што во тоа време тој бил во најширока употреба. Казанова починал во 1798 г. во Дучкова во Чешка, а ракописот му го оставил на својот внук Семејството Брокхаус го купила ракописот 1821 г. и го чувала во подрум во Лајпциг каде ги минал сите војни, вклучувајќи го и големото сојузничко бомбардирање врз градот во Втората светска војна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Вратата ја удри Ријана, нејзината реакција стана хит
Поп-ѕвездата Ријана доживеа мала незгода при излегување од хотел во Њујорк, кога вратата ја удри бидејќи телохранителот не ја придржал. Ситуацијата е снимена и видеото брзо се прошири на социјалните мрежи.
Ријана реагираше во свој стил – се насмеа и му дофрли на телохранителот: „Баш сте џентлмен“. На интернет се отвори дебата – некои сметаат дека тој требало да ѝ помогне, други дека тоа не е негова работа. Сепак, повеќето се согласија дека пејачката само се пошегувала.
Rihanna reacts to being hit by a door after her bodyguard fails to hold it:
“Such a gentleman you are.”
— Buzzing Pop (@BuzzingPop) January 17, 2026
Забава
(Видео) Хурем и Сулејман повторно заедно – по 12 години од серијата, блеснаа на црвениот тепих
По 12 години од крајот на снимањето на популарната серија Сулејман Величествениот, актерите Мерјем Узерли (Хурем) и Халит Ергенч (Сулејман) се појавија на ист настан — доделувањето на наградите Joy Awards во Ријад, Саудиска Арабија.
Мерјем блескаше во долга, богато украсена креација на Khaled & Marwan, наликувајќи на вистинска султана. Со изборот на облека таа ги испочитува културните норми на земјата-домаќин.
View this post on Instagram
На настанот присуствуваа и светски ѕвезди како Мили Боби Браун (која доби признание за личност на годината) и пејачката Кејти Пери, која ја отвори церемонијата.
Мерјем и Халит се најдоа во исти кадри и на видеото кое актерката го објави на стори на „Инстаграм“, што дополнително ги разгоре шпекулациите за нивната блискост.

Халит Ергенч се појави на настанот со својата сопруга, актерката Бергузар Корел, со која денес имаат три деца и заедно ја надминале брачната криза од минатото.
Фото насловна: „Сулејман величествениот“ – промотивен материјал
Забава
Директорот на „Рајанер“ и Илон Маск си разменија навреди: „Тој е идиот – многу богат, но сепак идиот“
Јавна расправија со навреди изби меѓу Илон Маск и извршниот директор на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, откако О’Лири во интервју за ирското радио „Њусток“ го нарече Маск идиот и ја нарече неговата социјална мрежа „Икс“ – септичка јама. Причина за конфликтот е одлуката на „Рајанер“ да не ја користи ви-фи услугата „Старлинк“ во своите авиони.
„Тој е идиот – многу богат, но сепак идиот“, рече О’Лири.
Маск реагираше на „Икс“, нарекувајќи го О’Лири целосен идиот и побара да биде отпуштен. Во друга објава додаде: „Отпуштете го овој имбецил“, обвинувајќи го дека погрешно ги проценил ефектите на „Старлинк“ врз потрошувачката на гориво.
Во расправијата се вклучи и официјалниот профил на „Рајанер“ на „Икс“, кој го исмеа Маск поради прекин на платформата: „Можеби вам ви треба ви-фи, @elonmusk?“
perhaps you need Wi-Fi @elonmusk? https://t.co/eq82qcLqKv
— Ryanair (@Ryanair) January 16, 2026
О’Лири изјави дека „Старлинк“ не е практичен за нискобуџетните летови на кратки релации, бидејќи надворешните антени ја зголемуваат аеродинамичната отпорност и трошат повеќе гориво – до 2 проценти повеќе, што би чинело стотици милиони долари годишно.
Маск ги оспорува овие податоци, тврдејќи дека веќе постојат авиокомпании кои летаат со авиони опремени со „Старлинк“ и дека високобрзинскиот интернет ќе стане пресуден за изборот на патниците.

