Забава
Што кажува вашето лице за вашето здравје?
Што гледате кога ќе погледнете во огледало? Според кинеската медицина, вашето лице е прозорец кон вашето здравје. Вашето чело, нос, брада, десен образ, лев образ – секоја од овие пет зони е индикатор што се случува во вашето тело – ако знаете што да гледате
Повеќето луѓе не сфаќаат дека нивното лице носи информации за тоа што се случува под површината. Вашето тело зборува со свој јазик со кој кажува за изместувањата на рамнотежата во него. Кинеската медицина ги довела до мајсторство уметноста и науката на читањето на јазикот на телото Низ практиката што трае веќе пет илјади години. Секој дел од вашето лице е знак што кажува за различен елемент од кинеската мрежа на пет елементи – оган, земја, вода, метал и дрво – односно, знак кој е индикатор за одредена група органи. Вашиот одраз во огледалото емитува визуелни сигнали за тоа што се случува во вашите внатрешни системи, како срцето, стомакот, хормоните, па дури и за мислите и духот.
Во некои ситуации визуелните сигнали веднаш ќе ве информираат дека има некаков проблем, така што ќе можете веднаш да преземете нешто. Но вистинската вредност на следењето на својата состојба е откривањето прикриени дисбаланси и превентивно дејствување за нивно решавање преку диети, прихранувањето со билки и менување на дел од животните навики.Читајќи го вашето тело, можете навреме да се погрижите за ситните проблеми, пред тие да станат големи здравствени проблеми.
ЧелоСпоред кинеската медицина, челото одговара на елементот оган. Ова се однесува на срцето и на системот на тенките црева и црниот дроб, како и на состојбата на мислите и духот. Погледнете дали има црвенило или дали има бледило кај ситните крвни садови, што може да биде знак за проблеми со срцето. Бледилото на кожата исто така може да биде предизвикано од емотивен товар, како загуба или прекин на врска. Луѓето чии емоции се редовно во некаква збрка имаат бразда меѓу веѓите.
Често пати може да се предвиди срцев удар, ако челото има синкасто-зелена нијанса. Бледило на челото, комбинирано со силно чукање на срцето, вртоглавица и тешкотии во дишењето, зуење во ушите и болки во левата рака, се знак веднаш да се обратите кај кардиолог или да побарате помош во ургентен центар.
Нос
Носот одговара на елементот земја, и е индикатор за тоа што се случува во стомакот, слезината и панкреасот. Симптомите на внатрешната нерамнотежа типично се покажуваат како мозолче на врвот или на страните на носот. Размислете за храната што сте ја внеле претходниот ден. Дали сте јаделе нешто презачинето, пржено, мрсно или сте се прејале. Ако е така, проблемот е храната што сте ја одбрале. Тоа упатува дека најверојатно имате проблеми со варењето, тврда столица или дијареа.
Испукани капилари или црвенило по должината на носот можат да бидат сигнал за претерано консумирање алкохол или дека сте загрижени или под стрес, што ќе се одрази на вашите органи од елементот земја. Опуштете ги нервите и обидете се со медитација или со некоја техника за намалување на стресот.
Долна вилица
Долната вилица, или брадата, е поврзана со елементот вода, кој упатува на бубрезите и жолчката и системот на хормони и жлезди. Дамки, бледило или модрило околу брадата и устата се знак за проблеми со бубрезите или жолчката. Повремената појава на мозолчиња околу брадата се знак за хормонска нерамнотежа. Тоа е знак дека телото произведува вишок на естроген или тестостерон, што обично е проследено со нередовна менструација кај жените или симптоми на проблеми со простатата кај мажите.
Не заборавајте да го погледнете и браздата меѓу носот и средината на горната усна. Оваа мала површина се поврзува со матката и јајчниците кај жените и со простатата и гениталиите кај мажите. Хоризонтални линии, дамки или бледило може да бидат знак за неплодност предизвикана од нарушувања на репродуктивните органи.
Според кинеската медицина, луѓето што имаат мала брада се генетски склони кон слабости на системот на бубрезите и жолчката. Но, тоа не значи дека по правило луѓето со мала брада ќе имаат проблем со функционирањето на овие органи. Таквата склоност на луѓето со мала брада треба да биде само знак за претпазливост и навремено менување на животните навики што можат да доведат до проблеми.
Десен образ
Десниот образ се однесува на елементот метал, што значи дека овој дел од вашето лице е поврзан со белите дробови и дебелото црево Проблемите со белите дробови или со дебелото црево се покажуваат како бледило, дамки и проблеми со кожата на десниот образ. Појавата на мозолчиња, лишаи или бледо црвенило можат да бидат знак дека ви претстои настинка, а истите симптоми можат да бидат и знак за болести на белите дробови или горните дишни патишта или најава за непријатен период кај луѓето што се склони кон респираторни алергии или имаат астма.
Лев образЛевиот образ се однесува на елементот дрво, односно – црниот дроб и жолчната кеса. Испукани капилари и црвенило, особено до носот, се знак за зголемена телесна температура, воспаление или на застој на отрови во црниот дроб. Подуени вени, црвенило или осип на кожата понекогаш се сигнал за висок крвен притисок или потисната лутина. Жолтеникави дамки под левото око би можеле да бидат сигнал за камен, триглицериди или холестерол. Надуени вени, црвенило, осип на кожата и понекогаш сигнал висок крвен притисок и затворен до бес. Жолтеникави нијанси под левото око може да бидат знак и за камен во жолчката, или високо ниво на триглицериди или холестерол. Проблемите во овој дел на лицето исто така можат да бидат знак за емоционални проблеми, како што се гнев или депресија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Им треба секунда да се налутат: Најексплозивните хороскопски знаци
Според астролозите, постојат хороскопски знаци кои тешко ги контролираат емоциите и можат да „експлодираат“ за миг. Ова се трите најтемпераментни:
Овен
Овните се исклучително импулсивни и често реагираат без многу размислување, особено кога чувствуваат притисок или провокација. Не сакаат чекање и ограничувања, па нивните испади знаат да бидат нагли и бурни. Лутината им е силна, но краткотрајна – брзо се смируваат, како ништо да не се случило.
Лав
Лавовите најсилно реагираат кога се чувствуваат потценети или игнорирани. Нивниот темперамент е тесно поврзан со гордоста и потребата за почит. Лутината ја покажуваат отворено – со глас, гестикулации или директна конфронтација – но доколку добијат признание или извинување, брзо се смируваат.
Шкорпија
Шкорпиите не „експлодираат“ гласно, но нивните реакции се длабоки и интензивни. Најмногу ги погодуваат предавство и неискреност. За разлика од Овенот и Лавот, ним им треба повеќе време да се смират, а нарушената доверба тешко се обновува.
Забава
Кучер со пофалби за поранешната сопруга: Горд сум на неа, растури
Актерот Ештон Кучер ретко зборува јавно за својата поранешна сопруга Деми Мур, но овојпат направи исклучок и јавно ја пофали нејзината работа.
Промовирајќи ја својата нова серија The Beauty, Кучер во интервју за Entertainment Tonight се осврна на филмот The Substance („Супстанца“) од 2024 година, во кој глуми Мур.
„Нејзината улога во Супстанца доби исклучителни пофалби и навистина сум многу горд на неа – растури“, изјави Кучер.
Мур и Кучер започнаа врска во 2003 година, се венчаа во 2005, а за разделбата информираа во 2011 година. Разводот беше финализиран околу две години подоцна. Иако Мур во мемоарите Inside Out наведе дека Кучер ѝ бил неверен, актерот во 2020 година изјави дека меѓу нив „нема зла крв“.
Кучер додаде дека не се дружат, но дека останал во контакт со ќерките на Мур од бракот со Брус Вилис, нагласувајќи дека има голема љубов и почит кон нив.
Забава
Истражување открива кога машкото либидо го достигнува врвот
Ново научно истражување покажува дека машкoто либидо не го достигнува врвот во дваесеттите години, како што често се верува, туку околу 40. година од животот.
Студијата, спроведена од Универзитетот во Тарту во Естонија, опфатила повеќе од 67.000 возрасни лица на возраст од 20 до 84 години. Резултатите покажале дека сексуалната желба кај мажите постепено расте од раната зрелост, го достигнува врвот во раните четириесетти, а потоа повторно опаѓа. Интересно е што мажите во шеесеттите пријавиле слично ниво на либидо како и оние во дваесеттите.
Кај жените, резултатите биле поинакви: нивната сексуална желба е најизразена во дваесеттите и раните триесетти години, а со возраста постепено опаѓа, со поизразен пад по 50. година.
Авторите, во научното списание Scientific Reports, наведуваат дека врвот на машкото либидо во средната возраст укажува на значењето на фактори како стабилни врски и емоционална блискост, а не само на биолошкото стареење. Истражувањето покажало и дека, во просек, мажите имаат повисока сексуална желба од жените во поголем дел од возрасниот живот.
Дополнително, утврдени се разлики поврзани со сексуалната ориентација, образованието и професијата, при што лицата кои се идентификуваат како бисексуални пријавиле највисоко ниво на сексуална желба.

