Забава
Кит си ја уби тренерката на Флорида

Китот по име Тиликум ја предизвикал смртта на својата тренерка во познатиот американски аквапаркот SeaWorld на Флорида, пренесе BBC
Китот припаѓал на видот Орка или китови убијци, и при изведување на вообичаената програма со своите челусти ја зафатил тренерката околу појасот и силно ја протресол од што таа починала. Од управата на аквапаркот случајот сакаат да го претстават како несреќен случај во кој тренерката најверојатно се лизнала и самата паднала во базенот, но сведоци тврдат дека китот одеднаш нагло отпливал од тренерката а потоа се вратил со голема брзина изрипал од водата и ја зграбил 40-годишната жена која во тој момент на публиката и’ ги објаснувала деловите од програмата. Тие додале дека китот многу силно ја протресол тренерката и нејзиното тело го испуштил во базенот.Персоналот на паркот веднаш дошло на помош, но безуспешни биле обидите да и’ се помогне на жената.Китот по име Тиликум, и порано предизвикал неколку вакви инциденти, а првиот таков бил во 1991 г. во Канада кога исто така смртно настрадал тренерот. Слични инциденти во кои смртно настрадале или тешко биле повредени неколку тренери, последните години предизвикале и други китови убијци во повеќе водени паркови во САД. Инаку, китовите убијци името го добиле затоа што се хранат со делфини. Досега не е забележан случај орка китовите кои живеат на слобода да нападна човек. Единствените случаи на нивна агресивност кон човекот се забележани во ваквите забавни паркови, а се припишуваат на секојдневниот стрес од напорни тренинзите и бројната и бучна публика.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Кејт Мидлтон зборуваше за борбата со ракот: Создавате еден вид храброст за време на третманот

Не сте во можност нормално да функционирате дома како што можеби сте биле навикнати, рече принцезата Кејт Мидлотон говорејќи за борбата со ракот.
Принцезата Кејт Мидлтон (43) ја посети болницата „Колчестер“ во Есекс и откри некои непознати детали за својата борба страшната болест.
Кејт објави во март минатата година дека ќе мора да се подложи на хемотерапија кога тестовите извршени по големата операција на абдоменот покажаа дека е присутна неодредена форма на рак.
A very candid moment for the Princess of Wales who is so used to weathering her storms in private:
“You put on a sort of brave face and stoicism through treatment… the treatment is finished ‘it’s like: “I can crack on, get back to normal,” but actually the phase afterwards is… pic.twitter.com/HCijiwO1lA— Canellecitadelle (@Canellelabelle) July 2, 2025
Таа ја заврши терапијата во септември минатата година и сега е во ремисија.
„Создавате еден вид храброст, стоицизам за време на третманот, третманот е завршен, потоа мислите: Можам да продолжам, да се вратам во нормала, но всушност фазата по тоа е навистина… тешка“, рече Мидлтон, како што објави „Ројтерс“.
Обраќајќи се пред персоналот, пациентите и волонтерите во болницата, британската принцеза ја нагласи важноста на поддршката по третманот истакнувајќи дека иако пациентите можеби повеќе не се под клиничка нега, тие честопати сè уште се борат да функционираат нормално.
Кејт ги опиша дијагнозата и третманот на ракот како огромна животна промена и за пациентите и за нивните најблиски.
„Ова е ролеркостер, не е млазен авион“.
Принцезата постепено им се враќаше на своите кралски должности, но минатиот месец ја пропушти коњската трка Ројал Аскот, а кралски извор ја наведе нејзината потреба за одмор по третманот за рак.
„Понекогаш не го препознавате тоа, не мора нужно, особено кога е првпат, да сфатите колку големо влијание ќе има. Мора да ја пронајдете вашата нова нормалност… Но, реалноста е дека не е така, поминувате низ тежок период“, рече принцезата Кејт за време на разговор со пациенти со рак.
За време на посетата на болницата, Кејт посети и градина во која се одгледуваат некои од растенијата што им помагаат на пациентите со рак да ја поминат хемотерапијата и опиша колку природата ѝ значи велејќи: „Тоа беше мое засолниште, мој извор на сила за време на закрепнувањето“.
Забава
(Видео) Шарлиз Терон призна: „Имав секс со 26-годишник, беше неверојатно“

Актерката Шарлиз Терон отворено проговори за својот сексуален живот и за врската од една вечер што ја имала со помлад маж.
Терон се појави во поткастот Call Her Daddy, каде што ѝ кажа на водителката дека таа ноќ ќе ја памети долго време.
View this post on Instagram
„Имав можеби три авантури за една ноќ во целиот мој живот, но неодамна имав секс со 26-годишник. Беше неверојатно. Никогаш порано не сум го направила тоа. Си реков: О, ова е одлично“, рече таа.
Шарлиз исто така рече дека стекнала новооткриена самодоверба кога станува збор за секс во последната деценија, но дека сè уште верува оти е последната личност на која може некој да ѝ се обрати за совет за сексуални врски.
Забава
Пејачката Даниела Мартиновиќ среќно вљубена во новиот партнер

Даниела Мартиновиќ објави фотографии со својот партнер Јосип Плавиќ на „Инстаграм“.
Таа стави емотикон во облик на срце во описот на објавата. Многумина напишаа во коментарите дека Даниела и Јосип се прекрасен пар и дека им посакуваат многу среќа.
Врската на Даниела и Јосип стана позната на почетокот на 2023 година. Даниела тогаш изјави дека го запознала Плавиќ кога нејзиниот адвокат поднел пријава за кражба на идентитетот преку интернет во 2022 година. Полицијата бргу го решила случајот, а Даниела и Јосип продолжиле да се дружат. Сега градат куќа заедно.
Ова е првата јавна врска на Даниела Мартиновиќ по завршувањето на 24-годишната врска со Петар Грашo во 2021 година.
Јосип, патем, ѝ се врати на музиката на почетокот на минатата година. Тој ја напушти полицијата и повторно го обедини својот стар бенд „Изван закона“.