Контакт

Забава

Наскоро кондоми за осмоодделенци

Објавено пред

Овие кондоми треба да бидат пуштени во продажба во Швајцарија, а се наменети за момчињата на возраст од 12 до 14 години

Кондомите веќе популарно се нарешени „жежок куршум“, а првите количества веќе се произведени. Нивното производство е поттикнато по добиените резултати од неодамнешното истражување што го спровела швајцарската влада меѓу тинејџерите, кое покажало дека меѓу момченцата на возраст меѓу 12 и 14 години многу повеќе се оние кои имаат сексуално искуство, повеќе отколку што тоа било случај пред десет години. Меѓу оваа популација, заради возраста и се’ уште неразвиената машкост, многу малку се употребуваат кондомите, што претставува можност за ширење на сексуално преносливите заразни болести. Едноставно, нели, кондомите не се произведуваат за возрасти за кои ние сметаме дека се’ уште се деца. Ова истражување, исто така, покажало дека меѓу популацијата помлада од 20 години драстично е зголемена бројката на  малолетнички бремености, што е исто така причина да се едуцираат младите да ги употребуваат кондомите. Компанијата Lamprecht AG, која се занимава и со производство на предмети за нега на бебиња, што ги поизведува „кондомите за деца“, сепак, покажува флексибилност за новите генерации , а можеби спровела и друго истражување меѓу надарените Швајцарчиња, па димензиите на „жешкиот куршум“ ќе биде во должи со стандардните (?!) 19 центиметри, но наместо пречникот од 5,2 ќе бидат со 4,5 центиметри. Портпаролката на швајцарската компанија, Нуси Норбал, потврдила дека овие кондоми прво ќе се дистрибуираат на пазарот во Швајцарија, но и дека за нив интересен пазар била Велика Британија каде исто така во голем пораст е малолетничката бременост.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Џулија Робертс покажува дека е сè уште убава жена

Објавено пред

Таа е долгонога филмска кралица од 1990 година кога со Ричард Гир дојде до мегаслава со блокбастерот „Убава жена“.

Џулија Робертс покажа дека нејзините нокаут-нозе се сè уште во топ-форма кога во вторникот отиде на прошетка на плажа на Хаваите.

53-годишната оскаровка зрачи со квалитет на ѕвезда, дури и во секојдневна облека, модерен пар шорцеви на „Дејзи Дјук“ и спортска кошула врзана околу половината.

„Убавата жена“, која го освои првин Холивуд, а потоа и светот, сега има 53 години.

Џулија се прослави со романтичната комедија „Убава жена“ (Pretty Woman) во 1990 година и набргу стана една од најплатените актерки. Големата ѕвезда, која е мајка на три деца, се закити со „Оскар“ за улогата во биографскиот филм „Ерин Брокович“.

Таа е една од омилените личности меѓу колегите и кај публиката. Веќе одамна не е активна на холивудската сцена, а и не може често да се види на гламурозни настани.

 

Прикажи повеќе...

Забава

Румер Вилис го искажува својот гнев откако несвесно била изложена на Ковид-19

Објавено пред

На денот кога гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусм, предупреди дека државата се соочува со нов наплив на заразени со Ковид-19, Румер Вилис се огласи на Инстаграм за да открие дека не знаејќи била изложена на коронавирусот.

32-годишната ќерка на Брус Вилис и Деми Мур го изрази својот гнев затоа што  контактирала со некој  кој не ѝ кажал дека има симптоми и дека не носел маска на лицето.

„Повеќе не е за дискусија!“ напиша таа на својата инстаграм-приказна. „Не ми е гајле што сакате да направите за себе, но за другите носете проклета маска !“

„Не е толку тешко да се биде пристојно човечко суштество и да се заштитите себеси и другите.“

Прикажи повеќе...

Забава

Гал Гадот потпиша осумцифрен договор да глуми во нов шпионски трилер

Објавено пред

Со еден блокбастер серијал за суперхероина во рацете – Wonder Woman и претстојното продолжение Wonder Woman 1984 – „жената чудо“ Гал Гадот сега се сели во шпионска игра.

35-годишната израелска актерка го стави својот потпис за да глуми во новиот шпионски трилер „Срце од камен’, кој се очекува да има неколку продолженија, според порталот „Дедлајн“.

Наведениот осумцифрен договор што го потпиша за филмот ја сместува на врвот на листата најплатени актерки во Холивуд.

Иако не се откриени детали за приказната, некои медиуми шпекулираат дека проектот предвидува жена да биде главна хероина во шпионскиот жанр, во време кога главните ликови во најголемите франшизи како „Џејмс Бонд“ и „Невозможна мисија“ се мажи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

Во Македонија 1.100 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија 30 лица починаа од коронавирус, а потврдени се 1.100 нови случаи, соопшти Министерството за...

Македонија1 час

Мицкоски: Од комисијата има признание дека се преговара за идентитетот, Заев лажеше

Од изјавите на историчарите од комисиите дознаваме дека бугарската страна се противи за терминот македонски, кој го означува нашиот идентитет,...

Македонија2 часа

Историската комисија заглави кај цар Самуил, спорна придавката македонски

Мешовитата македонско-бугарска историска комисија на 11. средба не постигна напредок во преговорите. Историчарите се обиделе да ги надминат разликите за...

Македонија3 часа

Вакцинирањето во земјата ќе почне до март и ќе биде бесплатно

Вакцинирањето против Ковид-19 ќе почне во првите два-три месеци в година, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Ќе се примаат...

Македонија4 часа

Холандската амбасада демантира дека Холандија го поддржува ветото

Холандската амбасада попладнево ја демантира и ја оценува како лажна вест информацијата дека Холандија го поддржала бугарското вето за Северна...

Европа5 часа

„Астразенека“ и „Оксфорд“ презентираа различни тврдења за нивната вакцина

Компанијата „Астразенека“ и Универзитетот Оксфорд дадоа спротивставени тврдења за начинот на дозирање на нивната вакцина против коронавирус, што е редок...

Македонија6 часа

Нефи Усеини не е повеќе советник во Општина Охрид

Дванаесет советници на Општина Охрид гласаа „за“ прифаќање на оставката поднесена од охридскиот светник Нефи Усеини. На наредната седница Советот...

Македонија7 часа

Пензионерите бараат приоритет за вакцинирање против Ковид-19

Сојузот на здруженија на пензионери апелира приоритет при вакцинирањето против Ковид-19 да имаат пензионерите. „Во име на над 300.000 возрасни...

Топ8 часа

Разбиена криминална група која шверцувала дрога во македонски затвори

Криминалистичката полиција во соработка со СВР Скопје, поднесе кривична пријава против 27-годишниот А.М. од Дебар, поради сомнение за сторено продолжено...

Регион8 часа

(Видео) Силна експлозија во центарот на Белград, еден загинат и двајца повредени

Утрово, нешто пред 10 часот, се случи силна експлозија пред зградата на српската државна телевизија РТС во Белград. Едно лице...

Топ9 часа

Кавадарчанец со секира се обидел да ја убие сопругата, па загинал фрлајќи се во река

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со увидна екипа од МВР изврши увид во куќа во селото Шивец...

Регион9 часа

Курц: Секој што ме познава знае колку сум приврзан за Балканот

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, реагираше на критиките кон него поради изјавата дека повратниците од годишниот одмор го донеле коронавирусот во...

Македонија10 часа

Македонските и бугарските историчари и денеска ќе расправаат за средновековниот и раноосманлискиот период

Македонско-бугарската мешовита комисија за историски и образовни прашања и денеска ќе расправа за средновековниот и раноосманлискиот период, по состанокот одржан...

Македонија10 часа

(Видео) Пендаровски: Здравствените производи треба да бидат достапни за сите

Здравствените производи со сертифициран квалитет треба да бидат достапни за сите, истакна претседателот Стево Пендаровски во обраќање на специјалнатата сесија на...

Македонија11 час

Градоначалниците на Битола и Гостивар се позитивни на коронавирус

Градоначалниците на општините Битола и Гостивар – Наташа Петровска и Арбен Таравари, преку социјалните мрежи известија дека се заразени со...

Регион11 час

ЕУ и Грција ќе формираат нов прифатен центар на Лезбос

Европската комисија потпиша меморандум во кој се опишува деталниот план договорен меѓу грчките власти и агенциите на Европската Унија за...

Свет11 час

„Модерна“: Околу 100 милиони вакцини против корона ќе бидат достапни на почетокот на годината

Американската фармацевтска компанија „Модерна“ објави дека очекува да може да испорача меѓу 100 и 125 милиони дози на експерименталната вакцина...

Европа1 ден

Шведска ги отфрла препораките на СЗО, тамошните експерти велат дека маски не се потребни

Сè уште нема потреба да се носат маски во Шведска, изјави денес водечкиот здравствен службеник во оваа скандинавска земја со...

Македонија1 ден

Заев: Да профитираме од извоз на сушен цвет од канабис, а дома да ја легализираме марихуаната

Ако успее парламентот до крајот на годината да го донесе законот за измени и дополнување на Законот за опојнит дроги...

Македонија1 ден

1.342 новозаразени од Ковид-19, починаа 22 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.399 тестирања, а регистрирани се 1.342 нови случаја на...

Досие