Контакт

Забава

Деца ја породиле мајка си

Објавено пред

Фејт и Џабари Сандерс се деца на возраст од 11 и 9 години. Но, кога ја виделе мајката во породилни болки, не се двоумеле да ја породат и на свет донесле здраво братче

Децата се јавиле кај таткото и на 911, Службата за итни интервенции во САД, зеле крпи, ја подрвзале папочната врвца и ја породиле мајката. Двете деца се уште се возбудени од настанот на 9 март, пишува Сан Франциско кроникл. „Не мислев дека ќе се случи нешто толку невообичаено“, вели петоодделенката Фејт, „Обично, секој ден ништо не се случува. Исто, па исто. Н, ова е нешто ново и возбудливо.“На Џабари (9), настанот му е интересн од друга перспектива. „Мислам дека ова е интересно и чудно затоа што бебето се рофди во купатило“, вели третоодделенецот. Алана Сандерс (36), има родено три деца, вклучувајќи ја двегодишната ќерка Џанел. Таа е позната по брзите породувања, вели спругот Џефри (35). Но, последното породување ги изненади сите. Сопругот заминал на работа, а кусо време потоа, Алана добила болки, додека стоела во тоалетот. Мислела дека се само грчеви, но забележалда дека ќе се породи.На синот Џабари му рекла да се јави на татко му и да го викне да си дојде од работа, а на ќерката Фејт и рекла да се јави на 911. По само едно напнување, бебето излегло додека мајката се уште стоела. Диспечекрата од службата 911 му давала инструкции на девојчето, кое донесло крпи, го избањало бебето, ја подврзало папочната врвца и и помогнало на мајката да легне.   „Заврши добра работа“, вели диспечерката за девојчето. Бебето Џејкоб е тешко 4,5 кг, а целото семејство е гордо на малите херои кои ја породија мајката. „Како сопруг, сакате да бидете супермен во семејството. Но, овојпат не можев да бидам. Затоа, моите деца беа суперхерои и горд сум поради тоа„, вели таткото Џефри.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Елтон Џон со апел за масовно тестирање за ХИВ во Англија

Објавено пред

Елтон Џон им се придружи на водечките британски добротворниорганизации во повикот за масовно тестирање за ХИВ со цел да се запрат нови трансмисии во Англија следната деценија, во услови на загриженост дека Ковид-19 влијае на пристапот до тестови и лекови.

По повод одбележувањето на Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА, првата британска комисија за ХИВ, која ја основаа три фонда – Теренс Хиџинс , Национален фонд за сида, и АИДС фондацијата на Елтон Џон – објави 20 препораки за искоренување на нови случаи на ХИВ-позитивни до 2030 година.

Некои од препораките укажуваат дека тестирањето за ХИВ треба да биде стандардна постапка за пациенти кои се регистрираат кај нов лекар, пациенти на кои им се вршат рутински тестови со брисеви, или пациенти примени во одделенијата за итни случаи во болници.

„Едно нешто што научивме оваа година е важноста на тестирањето, тестот за ХИВ е од круцијална важност за ставање крај на нови случаи на ХИВ во Англија“, рече Џон, чија добротворна организација има собрано приближно половина милијарда долари во борбата против ХИВ вирусот.

Прикажи повеќе...

Забава

Критичарот за храна Чуа Лам отвори канал на „Јутјуб“

Објавено пред

Многу ретко можете да видите 79-годишен јутјубер.

Станува збор за критичарот за храна од Хонгконг, Чуа Лам, кој минатата година се најде на насловните страници со неговите критики за некои кинески традиционални јадења.

Познатиот колумнист и ТВ-лице отвори свој канал на „Јутјуб“ минатиот месец и веќе има стекнато над 30.000 претплатници.

Неговото прво видео имаше повеќе од 200.000 прегледи, што е солиден доказ за неговата популарност кај дигитално паметната публика.

Во неговите видеозаписи тој патува во различни специјализирани продавници во Хонгконг, подучувајќи ја својата публика како да купи најавтентични состојки за различни видови кујни. Тој исто така покажа некои лични хирови, како што е неговиот омилен начин на јадење леб – со тоа што ќе истрие чешне лук на него.

Публиката е почестена со примамливи визуелни прикази на храна, како и сцени кога Чуа лично готви во кујната.

Прикажи повеќе...

Забава

Италијанец пешачел 400 километри по расправија со сопругата

Објавено пред

Италијанската полиција пресретна маж кој пешачел 400 километри за да си ја расчисти главата по расправија со неговата сопруга.

Мажот бил запрен од полициска патрола рано во понеделникот во близина на Фано, во централна Италија.

Тој бил уморен и преладен, изјави полицискиот службеник Антонио Скванси.

Пред полицијата рекол дека се скарал со својата сопруга и на 22 ноември го напуштил заедничкиот дом во северната покраина Комо. Прво со воз се упатил кон Милано, а потоа почнал да пешачи. Неговата цел била да стигне до Апулија, на југот на земјата.

Фано, каде што бил запрен, се наоѓа на 379 километри од централната станица во Милано. Според „Гугл мапс“, ова е патување за кое би биле потребни 79 часа пешачење без запирање.

Полицијата го одвела мажот во хотел и ја повикала неговата сопруга, која дошла да го „собере“.

Скванси ги негираше извештаите во медиумите дека полицијата му напишала казна за кршење на националниот полициски час од 22 часот до 5 часот наутро.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Во САД повеќе од 2.500 починати од коронавирус за 24 часа

Соединетите Американски Држави во вторникот потврдија повеќе од 2.500 смртни случаи за 24 часа, што е најголем број смртни случаи...

Свет2 часа

Велика Британија ја одобри вакцината против коронавирус на „Фајзер“

Велика Британија е првата западна земја што одобри вакцина против коронавирус од производителот „Фајзер“. Британскиот регулатор, МХРА, вели дека вакцината,...

Свет3 часа

Американскиот секретар за правда: Нема докази за изборна измама

Американскиот секретар за правда, Вилијам Бар, рече дека Секретаријатот за правда не нашол докази за широко распространета изборна измама што...

Свет3 часа

Макрон: Вакцинацијата во Франција ќе почне во јануари

Францускиот претседател, Емануел Макрон, синоќа изјави дека програмата за вакцинација на коронавирус најверојатно ќе се активира на почетокот на јануари...

Македонија16 часа

Регистрирани 1.069 новозаразени, 1.242 оздравени и 29 починати лица од коронавирус

Во последните 24 часа се направени 3.012 тестирања, а регистрирани се 1.069 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје-489,...

Македонија16 часа

Со посебни протоколи ќе се отворат скијачките центри

Владата го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести дека скијачките центри може да работат во согласност со соодветен протокол,...

Македонија16 часа

Владата предлага продолжување на кризната состојба до јуни

Владата ќе достави до Собранието предлог за продолжување на кризната состојба до јуни в година. Владата на денешната седница го...

Топ18 часа

Украден паричник од покојник во ковид-центар во Скопје

Украден е паричник од маж што починал во ковид-центарот на комплексот клиники „Мајка Тереза“. Случајот вчера во полицијата го пријавил...

Македонија19 часа

Бучковски назначен за специјален претставник на Владата за Бугарија

Владо Бучковски е именуван за специјален претставник на македонската Влада за Бугарија. Поранешниот премиер е именуван на оваа позиција на...

Македонија20 часа

ЗНМ, ССНМ и СЕММ на средба со Филипче: Нема забрана за снимање, новинарите да продолжат непречено со својата работа

На барање на министерот за здравство, Венко Филипче, денеска се одржа состанок со претставници на Здружението на новинари на Македонија...

Македонија20 часа

(Видео) Мицкоски: Ова се моменти кога се одлучува за иднината на нашите деца и внуци

„Ова се моменти кога се одлучува за иднината на нашите деца и внуци и затоа навистина овој пат треба да...

Регион20 часа

Србија воведе нови мерки – угостителските објекти и продавниците ќе работат до 17 часот, за викенд ќе бидат затворени

Србија воведе нови мерки кои треба да бидат усвоени од Владата в четврток и да стапат на сила в петок....

Македонија21 час

УКИМ: Обезвреднувањето на идеалите и на жртвите за посебна македонска држава би значело и поткопување на темелите на државата

Обезвреднувањето на идеалите и на жртвите за посебна македонска држава би значело и поткопување на темелите на државата, сметаат од Универзитетот...

Македонија22 часа

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 846 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 846 пациенти позитивни и...

Македонија1 ден

Волонтерите од Воено-медицинскиот центар и студентите од шеста година се вклучија во работата на ковид-центрите

Лекарите и медицинските сестри од Воено-медицинскиот центар (ВМЦ) и студентите кои се на шеста година студии на Медицинскиот факултет во...

Регион1 ден

Катимерини: Спорот меѓу Скопје и Софија ќе се пренесе во НАТО

Инсистирањето на Бугарија да ги блокира разговорите за пристапување во Европската Унија со Северна Македонија ризикува да создаде уште една...

Македонија1 ден

Почина заменик-градоначалникот на Скопје, Енвер Малиќи

Енвер Малиќи, заменик-градоначалникот на Град Скопје, починал денеска во болницата „Систина“, откако беше хоспитализиран поради низа здравствени проблеми, а беше...

Свет1 ден

„Модерна“ бара од САД и ЕУ да ја одобрат нејзината вакцина

Фармацевтската компанија „Модерна“ побара од регулаторите на САД и Европа да ја дозволат употребата на нејзината вакцина против коронавирус. Компанијата...

Свет1 ден

Азар: Првите вакцини против коронавирус во САД ќе стигнат пред Божиќ

Првите две вакцини против новиот коронавирус би можеле да им бидат достапни на Американците пред Божиќ, изјави американскиот министер за...

Свет1 ден

Си-ен-ен: Кина од почетокот криела податоци за коронавирусот, покажувала помали бројки

Си-ен-ен објави ексклузивни документи за кои наведува дека покажуваат значајни пропусти од страна на Кина на почетокот на епидемијата на...

Досие