Забава
Деца си ја породиле мајка си
Кога мајка им почнала да добива породилни болки, а немало никој на помош, деветгодишниот син и 11-годишната сестра реагирале брзо како вистински професионалци и помогнале да се згрижи новородениот брат
Братот и сестрата Џабари и Фејт Сандерс од Калифорнија дури и ја раскажаа приказната подобро отколку некои други постари деца.”Мајка ми почна да вика и почна да крвари и бебето почна да излегува, па јас повикав Брза помош”, изјави Џабари пред нивниот стан. “Потоа сестра ми è рече на мама да легне”.Фејт раскажува како разговарала со диспечерот од Брза помош:”Операторот ми рече да земам парче ткаенина или врвка и да ја врзам околу папочната врвца, и јас така постапив”, вели таа. “Набрзо потоа болничарите беа на влезната врата”.Триесет и шестгодишната мајка Алана Сандерс од Северна Калифорнија неочекувано добила породилни болки во нејзиниот дом во Фремонт и морала да им се обрати на децата за помош откако стоејќи се породила во бањата.Снимките од диспечерот кои беа објавени подоцна сведочат за прибраноста на децата кои пренесувале упатства меѓу мајката и диспечерот.Откако се родило бебето, диспечерот и кажува на Фејт да го завитка во чиста крпа и не да ја пресече туку да ја врзе папочната врвца со врвка од чевел на растојание од 15-тина сантиметри од телото на бебето.”Завршивте одлична работа” им рекол диспечерот на децата кога веќе пристигнале болничарите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Се враќа еден моден хит: виралниот детаљ ќе го освежи секој ваш изглед
Меѓу трендовите што ќе ја одбележат 2026 година се марамините, или шаловите околу вратот, кои станаа неопходен приказ на улиците на светските модни престолнини.
На овој класичен моден додаток сега му е даден сосема нов, урбан и софистициран израз и може да се носи во речиси секоја комбинација. Без разлика дали се цврсто завиткани околу вратот или лежерно фрлени преку рамо, марамините се совршен завршен допир на секоја облека.
@hannah_allenn_ Hi happy Friday! I’ll be in this bandana until further notice @KUJTEN #kujten ♬ Can't Seem to Make You Mine – The Seeds
Само изберете едноставни парчиња како фармерки и бела маица и додадете палто или јакна, заедно со овој мал, но впечатлив шал, и ќе изгледате исклучително шик без премногу напор.
Посебно внимание привлекуваат шарените марами на парискиот бренд Kuyten, кои станаа вирални благодарение на TikTok. Нивните интересни дезени совршено се вклопуваат со минималистички комбинации, но подеднакво добро функционираат и во еклектични стилови.
@justyne.valero 🧣✨ Small Bandana · Dark Khaki ✨🧣💫 A small bandana, twice as fashionable!#ootd #shopnow #beautiful #beautifulgirl #young #shopping #Fanshion #vacation #now #timtokmademebuyit #autumn #winter #wedding #outfit #Bandana #scarf ♬ 原聲 – Justyne Valero
Сепак, банданите не се резервирани само за ентузијасти за висока мода. Постојат бројни прифатливи опции што им овозможуваат на секоја дама да го вклучи овој тренд во својот гардеробер.
Од класични еднобојни стилови до марами со принт, банданите се додаток што може да го освежи секој аутфит.
Покрај тоа што се практични и естетски пријатни, банданите се и неверојатно разновидни. Ова мало парче ткаенина може да го трансформира наједноставниот аутфит во впечатливо модно издание.
Забава
(Видео) Најубавиот фустан на Марго Роби за премиерата на „Wuthering Heights“ во Австралија
Марго Роби и Џејкоб Елорди веќе некое време го промовираат филмот „Wuthering Heights“, базиран на истоимениот роман од Емили Бронте.
По бројните премиери во Америка и Европа, актерите пристигнаа во Австралија и е потценување да се каже дека нивните изданија го привлекоа вниманието на јавноста – особено на Марго.
Се чини дека една од најубавите актерки во светот ја зачувала својата најдобра креација за својата родна земја, бидејќи, во споредба со другите нејзини комбинации, остави сосема поинаков впечаток.
Актерката за пригодата носеше фустан во боја на слонова коска од модната куќа „Аши Студио“. Самиот фустан е комбинација од готски и винтиџ стил, а е украсен со корсет што ја нагласува нејзината витка фигура. Не треба да се изостават ниту ракавите од тил, кои му даваат на целиот стил романтичен момент.
Изгледот го надополни со чокер во винтиџ стил од Лорејн Шварц, а беше нашминкана во нежни, земјени тонови што ја нагласуваа нејзината природна убавина.
Забава
(Видео) Веренички прстен од 20.000 евра предизвика лавина од коментари: „Тоа е отварач за конзерви“
Тиктокерката Аби Буко го покажа својот веренички прстен на мрежата, но скапото парче накит предизвика лавина од коментари, бидејќи неговиот дизајн многу потсетува, како што велат корисниците, на „отварач за конзерви“.
Иако станува збор за француско винтиџ парче од 1950-тите, украсено со дијаманти со вкупна тежина од 5,85 карати и цена од околу 20.200 евра, тоа не ги спречи корисниците да пишуваат хумористични коментари за необичниот дизајн.
@abbybuccoo The best combo 💍💅 #vintageengagementring #uniqueengagementrings #engagementphotos #fyp ♬ This Magic Moment (Mono) – The Drifters
Реакциите на гореспоменатата мрежа беа разновидни, а имаше и такви што застанаа во нејзина одбрана.
„Вљубена сум“, напиша еден корисник. „Овој прстен е толку кул“, додаде друг, додека некои истакнаа дека е „уникатен“ и „посебен“.
А потоа другата страна го доби зборот.
„Тоа е најгрдиот прстен досега“, гласеше еден коментар. „Душо, тоа е отварач за конзерви“, се пошегува друг. Еден корисник отиде чекор понатаму, велејќи дека „ќе го остави партнерот ако тој ѝ даде ваков прстен“.
Кратко потоа, корисничка на ТикТок се вклучи, велејќи дека не ја вознемируваат лошите коментари. Таа рече дека била свесна за необичниот дизајн на прстенот и дека тоа е токму она што го сакала.

